Хотелите и приватните капацитети се полнат со туристи
ДОЈРАН - Туристички бум очекува Дојран ова лето. Првите сигнали дека тоа може да се оствари е полнењето на хотелите и приватните капацитети со туристи. Домаќините се задоволни од интересот на гостите за летување и се надеваат дека Дојран ќе го врати некогашниот сјај. Оваа година туристичката сезона почна и порано од вообичаените термини, а тоа се должи на високите температури.
Во прилог на оптимистичките очекувања на дојранци дека ќе има богата туристичка жетва е водостојот на езерото, кое по дваесет години од еколошката катастрофа годинава го достигна највисокото ниво. Токму тоа ја охрабри локалната власт посериозно да го уреди крајбрежјето. Подготвителните работи стартуваа уште во зимскиот период, со сечење на трската во езерото. Ова растение претставуваше сериозен проблем за капачите, особено откако се зголеми нивото на водата. Потоа, Градската плажа беше попесочена, а завршена е и изградбата на рекреативната патека меѓу Стар Дојрани Нов Дојран. За прв пат во историјата на дојранскиот туризам, во централниот дел, десет концесионери добија плажи на управување.
Туристите кои престојуваат во Дојран изразуваат задоволство од уредноста на плажите. „Убаво е што се врати водата во езерото. Порано не можевме да одиме боси по плажа. Сега е добро“, велат туристи кои одмораат покрај брегот на Дојранско Езеро. Дел од туристите сметаат дека на плажите им недостасуваат тушеви и тоалети. „Треба уште повеќе да се среди. Подобрено е, но недостасуваат тушеви и тоалети“.
Локалната самоуправа, која и досега беше активна во уредувањето на крајбрежјето, ветува продолжување на помошта, но и богата забава и културни настани, меѓу кои најзначајно место зазема манифестацијата „Дојрански ракувања“.
„Ќе им помагаме на сите. Целта е да се врати изгледот на Дојран како што бил никогаш. Убеден сум дека во целост ќе ги реализираме сите планирани активности. Посебно внимание ќе посветиме на забавниот живот на младите, кој оваа сезона ќе биде на ниво“, ветува градоначалникот на Дојран, Глигор Чибулев.
Концесионерите завршија со подготовка на плажите. Тие ветуваат многу забава за гостите, познати естрадни ѕвезди и диџеи. Велат дека само така и со прифатливи цени на нивните услуги ќе можат д�� привлечат туристи.
Инаку, цените за сместување во приватните капацитети се движат од 250 до 400 денари за кревет, а полниот пансион во хотелите чини околу 1.500 денари. (Е.П.)
Dojran- zadovolna sum od plazata, no ne i od uslugata i odnosot.Nasiot narod e naucen samo da zima pari, a nisto da ne vlozuva i nema osnovna kultura. Visat pajazini vo pansionot, vleguvaat bubacki, skakulci i sto to ne.Na 10 metri od kukata se cuvaat kravi....I uste koga sakav da si odam den porano,nezadovolna od uslugata me ucenuvaa da go platam i preostanatiot den sto nema da go koristam. Ako deteto mi se razbole i sakam da si odam porano,gazdaricata vika" Toa si e tvoj problem, ti vazno da mi platis onolku kolku sto si rekol deka ke ostanes, a ne kolku si ostanal".E toa mi se sluco vo eden pansion narecen ALEKS BEACH> Dogodina ke razmislam kade ke odam-za moi pari.
Од: Déjà Vu
Датум: 16.07.2010 09:30:31
Ги извадија ли тенџерињата,конзервите,стаклото,срчите,шерпите,шпоретите,корите од лубеници... од водата и од плажите?Ги очистија ли WC-ата од фекалиите во кои пливаа?Го очистија ли изметот од пред Тоалетите,или нив воопшто ги нема?Го очистија ли ѓубрето?Како се надеваат да привлеат туристи?!Само со„многу забава за гостите, познати естрадни ѕвезди и диџеи.“?!