Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

МАНУ финансиски го допре дното

Се е сведено на минимум - па дури и кога треба да се оди на некој научен собир

Билјана Јовановска

Во Македонската академија на науките и уметностите не само поради летните одмори и горештините, туку, пред се', поради недостигот од пари за истражувачка и научна дејност, се' е замрено. Во највисоката научна институција во која колку до вчера се слеваа огромни пари за подготовка на енциклопедијата и се чувствуваше раздвиженост, сега владее некој непријатен мир. Се' е сведено на минимум – па дури и кога треба да се оди на некој научен собир, какво што беше симболичното одбележување на 1.100-годишнината од успокојувањето на св. Наум во Охрид, академиците не можат да одат ни на кус пат. И ваквите куси дестинации за најмудрите глави станаа луксуз, а за последниот престој најдиректно им било речено дека не може да им бидат покриени дневниците, а наместо во хотел, ќе мора да преспијат во своите домови!

Со исклучок на две одделенија - за енергетика, предводено од акад. Јордан Поп Јорданов, и она за генетика, со кое раководи акад. Ѓорѓи Ефремов, во сите други не се работи н��ту еден проект. Причината е едноставна - тие функционираат со средства добиени од Европската унија или од странски влади и само во нив нешто се случува. Сите други, без оглед што имаат завршени проекти и научни трудови кои може да влезат во печат, чекаат подобри времиња. Со ребалансот на буџетот, скастрени им се 17 милиони денари, што ќе ја донесе македонската наука до питачки стап. За волја на вистината, државата и до сега ама воопшто не се грижеше за развојот на научната мисла и Република Македонија по издвојувањата за наука од БДП е на последно место во Европа. За оваа намена се одделуваат 0,2 отсто од буџетските средства. А, колку за споредба, само до крајот на годината, на сметката на Општина Центар државата ќе префрли дополнителни 6 милиони евра за изградба на нови 47 споменици!

Бидејќи академиците се на одмор, за оваа тема практично е невозможно да се најде соговорник. А и оние со кои разговаравме велат дека тие ќе ги достават своите размислувања на писмено, за наесен, кога ќе расправаат за актуелните теми, а пред се' за финансискиот дел од енциклопедијата, да понудат некаква визија што понатаму.

Иако академиците неволно ја прифаќаат забелешката дека во еден период дел од нив биле злоупотребени за дневнополитички цели, кога одредени емисари ја посетија МАНУ и им сугерираа да се потпишат под претседателската кандидатура на Ѓорѓе Иванов, и дека Владата ја доби наклонетоста на повеќето академици со двојното зголемување на академискиот додаток, сепак, од тие факти тешко ќе се ослободат. Своевидна несмасна играрија беше и објавувањето на енциклопедијата, која се подготвуваше 11 години, која премиерот Никола Груевски на промоцијата ја нарече „капитално дело“, а само 10 дена подоцна највисокото тело на МАНУ одлучи да ја повлече поради дузината груби грешки, многу дилетантизам и недозволиви пропусти за едно вакво издание. Особено што тоа не беше ничиј приватен проект, туку дело за кое сите изминати влади издвоија од буџетот близу половина милион евра. И парадоксот да биде поголем, врвот на Академијата соопшти дека е формирана нова редакција која ќе подготвува друга, квалитетна енциклопедија. Идејата е супер, срамот за промашениот проект мора да се надмине и академиците да понудат енциклопедиско издание со кое сите ќе се гордееме, ама во сегашни финансиски услови, тоа е неостварлив сон.

Во однос на финансиите, МАНУ навистина го допира дното. Велат, академиските додатоци се редовни, бидејќи тие ги примаат само своите пензии, но прашање е до кога. Академијата минува низ голема финансиска криза, одделни ентузијасти работат без пари, но став е да се одбиваат сите покани за соработка и учества на научни собири низ светот. Значи, меѓуакадемиската соработка е сведена на нула. Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, на една средба со академиците, изрази подготвеност државата да го потпомогне излегувањето на нова енциклопедија, за да се надмине скандалот со постојната, меѓутоа, шефот на државната каса е во Владата. А оттаму, ако се цени според последното намалување на парите предвидени за МАНУ, нема ни абер работите да тргнат на подобро.

Дотогаш, Академијата ќе живурка, поточно ќе хибернира и ќе ги собира донациите од своите колеги, како што беше на последниот коктел по Годишното собрание, кој финансиски се покри со парите од странски проект. Гест за почит, но истовремено и тажен, бидејќи државата дозволи научната мисла во Македонија да запре. Или, поточно, нормално да функционираат само две одделенија кои работат проекти помогнати однадвор. Сите други, без оглед на звучните имиња и огромниот научен придонес за државата и пошироко, се на листата на чекање.






#
Статијата е прочитана 1631 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 16.07.2010 01:36:54
Manu da se zatvori pod hitno.
Од: b
Датум: 16.07.2010 09:08:00
Зар? Допрва им е зимата! Пак нека трчаат и аплаудираат по лидерот:
Од: samoil
Датум: 16.07.2010 09:37:31
Site nerentabilni instituciji kako Manu,Promotori i red drugi bez nikakvi rezultati pod hitno da se zatvorat,a tie ako sakaat da bidat Akademici ili promotori ili neshto drugo moze da rabotat honorarno za mali pari a ne obratno nishto ne rabotat a zemaat ogromni pari I toa se na grbot na siromashniot narod
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586t
Датум: 16.07.2010 09:44:36
A sto mislea pustite koga im se uoikuvaa na Albancite!!? Sega ke go jadat stapot! Ama docna e za niv da im dojde umot!
Од: reseteriranje na MANU
Датум: 16.07.2010 09:55:50
Naveduvate deka vo MANU sedat" najmudrite glavi" Dali ste sigurni vo toa? Prema nacinot na koj istata raboti i funkcionira cisto se somnevam vo seto toa. Zarem moze ' najmudri glavi" i ludje so dostoinstvo , integritet i kredibilitet da gi napravat site onie glupost ( potpisi za pretsedatelski kandidat, izdavanje na onaa enciklopedija, pa nejzino povlekuvanje, servilen skoro lakejski odnos kon vlasta, izbor na akademici so lobiranja i po familijarni osnovi i sl)? MANU e zrela za " reseteriranje" i i reforma vo nacinot na funkcioniranje , za da si go povrati ugledot , koj drasticno go izgubi. A se prasuvam dali moze na nekoi akademici da im se odzeme titulata akademik, ako so svojata rabota i odnsuvanje istata ne ja zasluzuvaat ili nivnite tituli se vecni kako kaj Papata,patrijarsite i Arhiepiskopot
Од: nenad
Датум: 16.07.2010 10:39:02
Срамота е што добар дел од овие луѓе, кои на материјален и професионален план се на високо ниво и се во поодминати години на животниот век, сепак покажуваат една неподнослива сервилност кон актуелната власт и никогаш не зазеле критички став за многуте штетни работи што ги прави.
Од: Од редовен читател
Датум: 16.07.2010 10:57:40
Браво Перица, веројатно ти со твојот раскошен ум ќе бидеш достојна замена на почитуваните академици, па така во нашето државиче нема ништо да недостасува.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Без компас
Поместени коцкички во главата на Мел Гибсон
Антикоманијата за банкрот
Мадам Пепи ќе одговара и за перење пари
Дојран очекува туристички бум
Лош почеток на „Охридско“
Музиката на летото
Прилеп очекува 300.000 љубители на пиво и скара
Фармерот Илиевски за полицијата е дилер на дрога
И Јулија Тертила стаса за леење
Минимал-технозвукот е белег на журките
Што треба Трајко да знае (а се прави дека не знае)
Народот навистина навали на стари коли
За Џуд Лоу не е најважна славата
Убавицата го најде својот ѕвер
Кога стравот ќе го опседне умот
Моќта и влијанието е во функциите, а лекот во казните
Време е за одмори!
Стил

"""