Премиерот Никола Груевски истакна дека е на страната на правото и на правната држава
Судирот меѓу полицијата и граѓаните на Шуто Оризари, политичките партии го оценија како „срам за државата со непотребно предизвикување инциденти и интервенции врз социјално најзагрозеното население“. Иако не се оправдува трговијата со илегална стока, сепак, партиите од опозицијата, но и од власта, ги осудија случувањата во оваа скопска општина. Воедно, тие сметаат дека најпрво е потребно полицијата добро да ја процени ситуацијата, па потоа да реагира.
Премиерот Никола Груевски рече дека и тој го осудува насилството, но истакна дека тој е на страната на правото и на правната држава.
„Во основа, секогаш осудувам кога има насилство. Во Шуто Оризари имаше примена на насилство и тоа не може никој да го оправда. Независно кои биле мотивите, причините или кој бил во право или не. Насилството е насилство и во една таква ситуација јас стојам на страната на спроведувањето на правото и на правната држава“, истакна вчера премиерот Груевски.
Најголемата опозициска партија оценува дека последните настаните се слика за неодговорниот однос на државата спрема жителите на Шуто Оризари, но и спрема полициските службеници, кои ја извршуваат својата професија.
„Случката во Шуто Оризари, судирот меѓу полицијата и социјално најзагрозените граѓани е срам за државата. Не може поради нефункционирањето на некои органи и служби, како што е Царината, да се случуваат вакви настани, чии последици можат да бидат многу тешки. Главното прашање е како Царината дозволила таа фалсификувана стока да влезе во државата и како стигнала до пазарџиите во Шуто Оризари? Второ, имаме правило на двоен аршин. Еден е аршинот за граѓаните на оваа општина, а друг е аршинот за висок полициски службеник во МВР, кој носеше фалсификуван часовник, а за што никој во МВР не презеде одговорност“, коментира Андреј Петров од СДСМ.
И либералдемократите го осудија овој настан и велат дека за овој инцидент министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, треба да ја понесе одговорноста.
„Она што се случуваше во Шуто Оризари не оди во прилог на демократијата на една земја. Законите треба да важат на цела територија, но многу е важно дали тие се спроведуваат во цела Македонија. Полицијата треба да испита дали има пречекорување во дејствувањето на полицијата и доколку е така, министерката Јанкулоска треба да си понесе одговорност“, реагира Роза Топузова-Кареска од ЛДП.
Од ДУИ сметаат дека полицијата пред да ја спроведе интервенцијата, претходно морала да направи детална процена за тоа какви последици ќе предизвика.
„Мислам дека институциите, а во овој случај МВР, треба да бидат многу внимателни за секоја интервенција. Тие имаат можности и механизми претходно да добијат процени и да имаат информации како ќе се одвива една операција. Треба да се избегнуваат вакви случувања, а МВР мора да има претпоставка каков тек ќе добие една интервенција, притоа внимавајќи да не се предизвикаат судири со граѓаните“, вели Тахир Хани од ДУИ.
Нова демократија укажува дека државата најнапред треба да и' овозможи подобри услови за живеење на ромската етничка заедница, како една од најзагрозените категории од социјален и од економски аспект.
„Македонија, според Уставот, е социјална држава и затоа е потребно да покаже поголем интерес и грижа на оваа етничка заедница и да им овозможи услови за подобрување на нивниот живот. Знаеме дека најголемиот дел од нив живеат во екстремна сиромаштија и им се потребни средства за егзистенција. Во моменти кога тие услови не се обезбедени, сметаме дека нема потреба од демонстрирање сила“, оценува Флора Кадриу.
Со писмена реакција, во која се осудува инцидентот, се јави и Партијата на демократските сили на Ромите, кои се дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
„Во интервенцијата на специјалните полициски сили врз мирољубивите граѓани на пазарот во Општина Шуто Оризари беше применета прекумерна физичка сила, со што ја загрозија безбедноста на жителите во кои имаше жени и малолетни деца“, стои во реакцијата на партијата на Шабан Салиу. (Св.У.)
Za koja pravna drzava zboruva be ovoj? Na sto licese toa so Sutka, so polna ratna oprema ja branese drzavata od sopstvenite gragjani koi na zal seuste ni ziveat vo blato i mizerija.Sto li falanga ke izvadi ako navistina zatreba od nekogo da ja brani, a trea, ama ne vaka tuku so um i barem malku od nego razum.
Од: mata
Датум: 17.04.2010 09:14:59
Sram za makedonskata demokratija. Neka zaboravi VMRO DPMNE veke na romskite gragani. Sramno e sto i MVR laze deka imaat 17 povredeni policajci. A zosto ne kazuvaat kako ke go nadomestat stravot na romskite deca koi se vrakaa toj den od uciliste i bea svedoci na ovaa gletka??? KOJ KE PLATI??? GRUJO I GORDANA
Од: јас
Датум: 17.04.2010 09:22:47
Прекумерна сила , и тоа како !!! Оној припадник на специјалните сили , што ги „враќаше„ камењата кон толпата !!! Па тоа е жив срам за припадник на полицијата !!!Не дај Боже овие специјалци да ги пратиш на Бит-пазар, војна ќе почнат !!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.04.2010 09:40:34
Нормалните држави во светот,одбиваат да им наплаќаат Порез на Чистачите на Кондури,добро запознаени со фактот,дека Тие се на Маргините на општеството и опстанокот,и едвај преживуваат!Овие „Наши“бладетели,што се Дават во своите сиромашни Огромни Богатства,се Плашат некој да не ги достигне,па предлагаа Истите да се Фискализираат!Да не беа пазарчињата и дивите „небрендирани“производи,особено ЦД-ата со диви Компјутерски Програми, поголемиот број од нив,никогаш немаше да Си Игра на Компјутери!Немаше да слушнат ниту за Виндоуз,но ниту за Плејстејшн,Иксбокс,Нинтендо...!Од ова произлегува,дека Македонците, на Плоштадот,во проектот „Скопје 2014Δ.п.н.е.“,место на Бу-кефал,треба да му подигнат споменик на Дивиот Продавач кој се „обогатил“!Првично,приливот на ваквата роба се спречува на граница!Но власта,треба да им го Обезбеди на Граѓаните Устравното Право Да Работат и од својата Работа Нормално Да Живеат,па дури потоа да ги Прогонува за нелегално „богатење“и за работење „на црно“!
Од: Трпе
Датум: 17.04.2010 10:27:08
Зарем уште има некој кој верува дека во нашата држава се применува демократија од страна на ова власт.Методите на владеење на ова власт се што ке му се сони на сон на мистер мр Рејтинг.Прво го загорчуват животот на обичниот граганин а потоа глумат спасители.Но ваков народ заслужува и ваква власт.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 10:34:06
Во одсаство на идеи опозицијата секидневно ја вергла работата на власта,работа која неги задоволува сите критериуми кај обичниот човек,но немаме контра идеи..Но да се брани она што ЕУ жестоко бара да се спроведува а тоа е заштита на интелектуалната сопственост и пиратеријата е политички нонсенс и за секоја осуда.Плус напад на полиција и повредени неколку од нив е бламажа политичка.Секаде во светот полицијата жестоко реагира на напад врз нив,таков пример беше и во мирната Норвешка,Германија,Франција,Хрватска на земјоделците им испрати специалци кога ги блокираа меѓународните патишта,никаде немаше протести на опозицијата како овде.
Од: jean luc picard
Датум: 17.04.2010 18:11:36
зарем заборавивме дека во 2001 меѓу другите и Ромите застанаа во одбрана на оваа земја? зар заборавивме дека и Роми изгинаа тогаш? сега ќе ги тепаме затоа што се трудат со најобична трговија на текстил да преживеат. од фалш левис фармерки никој не умрел ама од „легалниот“ бизнис со дрога и шверцувано оружје што воглавно го водат нашиве „браќа“ арнаути гинат многу.
Од: timotej
Датум: 17.04.2010 18:41:31
kako moze da stanuva zbor za prekumerna sila koja bila upotrebena od strana na policijata, toa e ziva glupost, od kade pak pravo na pazardziite da mavaat so tolkavi kocki na kamen, kade se togas pravata na policijata i tie se luge i imaat pravo na zivot i demokratija. Policijata treba da reagira uste posilno i poenergicno na kogo mu e do protesti neka odi na livada i neka vika i protestira cel mesec, na ne nekoj da mava so tolkai kocki kamen.