Старец се задушил додека гаснел пожар
Во саботата околу 11 часот во атарот на кичевското село Жубрино, во месноста Касојца, животот го загубил Мерсим А. (80).
Тој запалил трева со цел да ја исчисти нивата, но поради ветерот пожарот бргу се проширил. Се обидел да го изгасне, но кога зачекорил кон средишниот дел каде што чадот бил најгуст се задушил. Смртта на старецот е констатирана од лекар и без траги на насилство. (Љ.С.) |