Разбојник ограбил колонијал
Во продавница на улицата „Разловечко востание“, во петокот вечерата е извршено разбојништво.
Околу 19,30 часот непознато лице ја нападнало вработената Ц.Ј.во колонијал „Пер ел пром 95“ и и' одзело 3.000 денари и ваучери од ВИП и „Космофон“ во вредност од 7.500 денари.
Разбојникот, откако бил услужен, се обидел насилно да ја отвори касата, на што вработената со ножици се обидела да му се спротивстави. Откако и' биле одземени ножиците, крадецот од касата ги зел парите и ваучерите и побегнал. |