Брoj 2787  понеделник, 15 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Двајца битолчани киднапирале и дрогирале сограѓанка

Полицијата работи на утврдување на мотивите на осомничените М.Б. и Д.Б.

Битолската полиција за двајца свои сограѓани поднесе кривична пријава за сторени дела противправно лишување од слобода, поседување дроги и овозоможување употреба на овие недозволени средства. Пријавата за М.Б. (36) и за Д.Б. (30) уследила кога една 19-годишна битолчанка пријавила дека била жртва на грабнување кое се случило во петокот, околу 22 часот, односно дека слободата на движење и' било ограничена се' до девет часот утредента.

Од разговорот со К.З.(19) полицијата констатирала дека во петокот таа била пресретната од првопријавениот кој на сила ја однел во домот на Д.Б. на улицата „Девијани“ во Битола. Откако ја заклучиле вратата, двајцата ја заврзале девојката со конопна врвца, а потоа ја малтретирале и дрогирале. Станува збор за хероин што го набавувал М.Б. и му го препродавал на Д.Б. за 650 денари за доза.

Со налог од истражен судија бил извршен претрес во нивните домови. Така, во домот во кој била чувана киднапираната девојка биле пронајдени и запленети четири големи лажици на кои имало траги од непозната прашкеста материја, три користени шприца, две фолии на кои исто така имало траги и извесно количество лимонтуз, а од домот на М.Б. биле запленети ќесички со непознатата материја. Запленетиот материјал, како и алиштата на грабнатата веќе се предадени на вештачење.

И покрај тоа што полицијата осомничените веќе ги има предадено на судските органи заради натамошно постапување, сепак, како што потврдува портпаролот на СВР- Битола, Ѓоко Стрезовски, се работи на утврдувањето на мотивот за грабнувањето на девојката. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 879 пати.

Испрати коментар

Од: anonimna
Датум: 15.09.2008 07:35:55
ubedlivo bitola drzi najmnogu budali
Од: zagrizen
Датум: 15.09.2008 10:31:10
Ne e situacijata za natprevaruvanje,vo koj grad i kade ima najmnogu budali-(vistinata e zarizuvacka)!.... Narodot,roditelite i svesnite od vladata treba shto najskoro da go isterat gavolot! lekot e toj-Vratete ja doverbata vo verata,vo kulturata i tradiciite!....Organizirana zashtita i griza! Epa narode cuvajte gi i ucete gi decata da imaat respekt na sovetite od postarite i roditelite,i zboruvajte so niv sve poveke kolku shto moze za ona shto moze da mu se sluci,zatoa shto gavolot si napravil gnezdo vo Makedonija!...Se prashuvam koj svesen roditel go dozvoluva ,toa shto go pravat mladite vo Makedonija-(celi noki da se odsustvuva od doma i da se brka luksuz)....??Od kade se finansiite na toj mlad svet koga i nikoj ne raboti , osvan samo da se zivee na visoka noga!?...Koj na koga mu go farba neboto?' ehh zalosno shto sve se slucuva,a tek shto ke se slucuva ,a za toa i nesakam da davam komentari...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Старец се задушил додека гаснел пожар
Со убод в гради си го одзел животот
Прилепчанец и двајца жители на Вранештица плаќале со лажни пари
Разбојник ограбил колонијал