Прилепчанец и двајца жители на Вранештица плаќале со лажни пари
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против сограѓанинот А.Р.(23) и против М.К.(37) и З.З.(22), двајцата од кичевското село Вранештица. Пријавата е поднесена поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување пари.
Според полицијата, тројцата осомничени по претходен договор, во четвртокот се сретнале во угостителски објект во Прилеп, каде што А.Р. на му дал М.К. 21 фалсификувана банкнота во апоени од по 1.000 денари, а за возврат нему му биле исплатени 6.000 денари. Подоцна, сите тројца се упатиле кон една продавници каде што купувале гуми за џвакање и цигари и платиле со фалсификувана банкнота. Откако се увериле дека ваквите пари ќе можат да ги подметнат, М.К. и З.З., по пат за Кичево купувале разни работи. Полицијата досега пронајде 20 вакви банкноти. Тројцата пријавени се предадени на судот, а истражен судија веќе им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. (Љ.С.)
Добро де како што е криза луѓето немаат пари,па и тие се снашле,оти за политика не ги бивало,па не биле некаде поставени подобро да крадат.Вака си фотокопирале,или штампале што ли направиле....глано еден ден поминале добро...се прошетале,истите се релативно млади им се шетало,а пари од некаде.Требело да покрадат некој од политичарите,или да убијат,подобро што си направиле платежно средство,и онака кај нас се е лажно,па и животот постана лажен во Македонија.Амнестирајте ги како Заев Бранко...нели тоа можеш,или позајми им од сметките во Швајцарија,или пак владата има доста буџет нека фрли нешто за младите кои немаат моќжност во политика да се докопаат.