Сите во американска амбасада
Националниот празник на САД, 4 Јули, е датум кога секој што нешто значи во Македонија сака да се појави на приемот во американската амбасада (се разбира, ако бил поканет). Така беше и во петокот попладнето. Лидерството на Македонија, партиски првенци, големи и мали бизнисмени, актери и пејачи, новинари и издавачи – сите беа на скопското Кале во огромниот двор на амбасадата. Ова беше последниот прием на амбасадорот Филип Рикер. За кратко време се враќа во Вашингтон на поважна функција, ќе биде заменик на помошникот-државен секретар на САД. (Н.Р.) |