Број 3621  понеделник, 04 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Државата ем ги заразува ем не ги лекува

Половина од пациентите што одат на дијализа се заразиле од опасната жолтица Ц

Јасмина Јовановска

Бубрежноболните што се заразиле со жолтица Ц на дијализа се жалат дека со месеци чекаат да им дојде редот да се лекуваат од оваа заразната болест, која го уништува црниот дроб, главната лабораторија на секој организам. Терапијата им се одолжува, велат тие, зашто има многу болни со жолтица Ц, а центрите за лекување немаат доволно пари да ги лекуваат заразените навреме. Пациентите реагираат дека нема приоритет дури ни за бубрежноболните, кои се кандидати да им се пресади бубрег и да се ослободат од дијализа.

Но, чекањето ред за лекување, додаваат болните, не се кажува отворено во јавноста, туку се правда со завршување на квотата на болни за лекување или, пак, дека е долга процедурата на дијагностицирање на болеста. Пациентите реагираат дека минуваат месеци додека да стасаат да ја лекуваат инфекцијата. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека на Инфективна и на другите инфективни клиника и на другите инфективни центри во земјата им даваат буџети во кои се предвидени пари за лекување на болните од жолтица Ц. Но, како и дали тие пари се трошат за лекување на болните со жолтица Ц, не знае ни Фондот зашто никој не ги контролира центрите дали дадените пари одат за лекување на овие болни.

Листи на Чекање

Пациентите се жалат дека најмалку шест месеци поминуваат додека да дојдат на ред за лекување, а оние што имаат врски се лекуваат преку ред. „Мајка ми се реши да ми даде бубрег. Се израдував зашто по осум години врзан за апарат, ќе се ослободам од дијализата. Но, кога тргнав да ги правам потребните анализи, излезе дека сум позитивен на жолтица Ц што сум ја закачил на дијализа. Ми рекоа дека без да се излекувам од оваа болест, нема трансплантација“, раскажува едно 30-годишно момче, кое не се надевало дека ќе влезе во такво талкање по клиниките за да дојде до потребниот лек.

Бил на Инфективна клиника и му дијагностицирале болеста. Но, на Инфективна клиника немало место за лекување, па го пратиле на Клиниката за гатсроентерохепатологија. „Таму ми рекоа исто. Засега нема место. А од муабети меѓу пациентите, разбрав дека може преку ред да се лекувам ако најдам врски. Каква е ова држава да барам врски за да се лекувам и тоа од болест што сум ја закачил зошто државата нема пари за апарати“, револтирано раскажува момчето.

Од Инфективната клиника, еден од главните центри за лекување жолтица, негираат дека има лекување преку ред. Од оваа клиника се правдаат дека за терапија се чека по шест месеци зашто толку била долга процедурата за да се утврди постоењето на болеста. „На клиниката нема листи на чекање, зашто додека да дојдат да се лекуваат, сите минуваат најмалку шест месеци додека им се дијагностицира болеста. Се прават разни испитувања за генотопот на болест од што зависи и колку време ќе трае терапијата, потоа биохемиски анализи, а се прави и биопсија на црниот дроб. Освен на клиниката, се прават анализи и на патологија и на други лаборатории. Може да се случи да нема реагенси за некои и така се пролонгира дијагнострицирањето. А без дијагноза и да се утврди кој тип жолтица Ц е, не може да се почне со терапија“, објаснува д-р Марија Димзова од Инфективната клиника.

Таа признава дека предност во лекувањето не им се дава на пациентите на дијализа пред другите болни. „Предност може да им се даде на болните на дијализа што се кандидати за трансплантација на бубрег, но само пред друг болен што е на дијализа, но не и пред другите заразени со жолтица Ц зашто за клиниката сите болни се исти“, вели д-р Димзова од Инфективната клиника.

Иако од Инфективна клиника негираат дека нема листи на чекање, од Здружението на болните со жолтица Ц (ХЕПТА) тврдат дека има листи на чекање. Д-р Розалинда Исијановска потврдува дека најмалку шест месеци се губи на утврдување на болеста зашто не секогаш ги има сите реагенси за докажување на болеста и во која фаза е болеста. Но, и кога ќе се постави дијагноза, пациентите чекаат со месеци да дојдат на ред за лекување бидејќи нема лек за сите болни.

Истражувањето што ги спровело здружението ХЕПТА покажува дека болните од жолтица Ц во просек чекаат 28 месеци за да започнат со лекување. „Има пациенти, кои со терапија почнале еден месец по дијагнозата, но има и пациенти, кои за да ја лекуваат жолтицата Ц, на терапија биле ставени 96 месеци“, вели д-р Исијановска. Секако, тука треба да се земе предвид дека дел од пациентите се и наркозависници, кои треба да се добро контролирани за да може да ја примаат оваа терапија, односно да бидат „чисти“ од дрога.

ПривИлЕгирани болни

Инфектолозите се категорични дека нема привелигирани болни за лекување на жолтица Ц. Прескокнување на процедурата нема, додаваат инфектолозите, бидејќи постои посебен тим што работи според протоколи за лекување, одобрени од Министерството за здравство. Со нив, објаснува д-р Димзова, точно се знае кој пациент да се вклучи на терапија. „Приоритет им се дава на оние што манифестираат симптоми на инфекцијата, а кај другите пациенти може да минат и 20, 30 и 50 години додека да се јават првите знаци на болеста, што укажуваат дека почнува процес на уништување на црниот дроб или да се појави цироза на црниот дроб“, објаснува д-р Димзова, која ги теши пациентите на дијализа дека кај нив процесот на развивање на болеста е забавен. „Процес на уништување на црниот дроб е уште побавен кај пациентите на дијализа поради ублажените имунолошките феномени на црниот дроб“, потенцира д-р Димзова.

Од Инфективна клиника се правдаат дека како здравствена установа не лекуваат само тие жолтица Ц, туку кај нив доаѓаат само за дијагностицирање на болеста, а дека болните може да се лекуваат и на нефрологија и на гастроентерехепатологија.

Од Клиниката за гастроенетерохепатологија одбија да зборуваат на оваа тема, а за разговор не беа расположени ни од другите инфективни центри во земјава. Ако се знае дека речиси половина од пациентите на дијализа се заразени со жолтица Ц (вкупно ги има околу 1.400), тоа значи дека годишно треба да се лекуваат по околу 650 болни од жолтица Ц. На инфективната клиника минатата година се лекувале 16 пациенти болни од жолтица Ц, од кои само три пациенти со жолтица Ц се заразиле на дијализа.

„И да има и по десетина пациенти што се лекуваат во другите центри, нема да се дојде ни до 50 болни годишно што се на терапија“, објаснуваат пациентите.

Од Инфективната клиника не сакаат да кажат колку проценти од буџетот издвојуваат за болните од жолтица Ц, туку само дека годишно лекуваат по петнаесетина болни. Месечната терапија чини и до 1.000 евра, а лекувањето трае од 4 до 24 недели во зависност од типот на жолтица Ц.

За Фондот за здравствено осигурување грижата за лекување на бубрежноболните од жолтица Ц, завршува со тоа што на центрите каде што се лекуваат овие болни им даваат годишни буџети. „Секоја година се одредува буџет кој еден дел се базира и на трошоците од минатата година. Ако лекувале повеќе болни од жолтица Ц, ќе им се одобрат плус пари“, објаснува портпаролот на Фондот за здравствено осигурување, Бранко Аџигогов.

Во Фондот не знаеја дека болните со месеци чекаат за терапија. Но, се надеваат дека со одобрување на новите буџети, кои се покачени за најмалку 10 отсто, ќе има пари за лекување на повеќе болни.

„Препорака на Комисијата е стручен надзор на работата на центрите за дијализа да се врши еднаш годишно“, велат од Министерството за здравство, од каде што додаваат дека последниот стручен надзор е направен во декември. Редовно водење на серолошките маркери за жолтица Ц и Б, еднаш месечно пресметување на квалитетот на дијализата преку параметрите на анализа на крвта, да се одделат негативни пациенти на жолтица Ц од позитивни апарати на оваа зараза, да се направи регистар на пациентите и на персоналот кој и кога е вакциниран и да се обновува постојано, се дел од препораките на Министерството за здравство како да се спречи натамошното ширење на жолтица Ц.

Како пример за добар центар за дијализа, Министерството го посочи оној во градската општа болница „8 Септември“ или поранешна Воена болница. Од оваа државна институција се надеваат дека состојбата со заразата на дијализа ќе се подобри со купување нови апарати за дијализа за што Министерството веќе има добиено италијански кредит. Колку нови апарати ќе се купат, од Министерството не открија. Од Здружението „Нефрон“ велат дека итно треба да се набават најмалку 80 апарати за дијализа. (Ј.Ј.)

(Истражувањето е поддржано од данската Асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП)

Министерството не им верува на бројките

Министерството за здравство не му верува на податокот на здружението ХЕПТА дека болните од жолтица Ц чекаат во просек и 28 месеци за терапија. „Просекот на чекање од 28 месеци е паушален. За добивање на реалната слика на терен, Комисија составена од претставници од Министерството и од докторите од Клиниката за нефрологија ги посетуваат центрите за дијализа проценувајќи ја нивната состојба“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Иако направиле увид во центрите за дијализа, од Министерството за здравство не дадоа податок колку чекаат бубрежноболните за да се лекуваат од жолтица Ц. Место колку чекаат за лекување, од Министерството за здравство објаснија дека се дадени препораки што треба да прават центрите за да се намали ризикот за замразување на болните на дијализа со жолтица Ц. Се бара да се почитуваат стандардите за дијализа, кои, како што велат од Здружението „Нефрон“, ги има само на хартија.


#
Статијата е прочитана 2098 пати.

Испрати коментар

Од: bitola
Датум: 04.07.2011 07:20:51
Vampiri vo belo
Од: Трпе
Датум: 04.07.2011 08:03:30
Неможам да сватам,кој лаже а кој краде.Па нели министерот за здравство заедно со мистер мр Рејтинг сефалеа дека толку и толку милиони евра потрошиле за здравството.Незнам кај им отидоа шаторите за бесплатни прегледи.
Од: SINDIKALISTA
Датум: 04.07.2011 09:01:06
Denes na denot na vasiot protest, koga se soedinuvat site novinari za da postavan ZAEDNICI IMENITEL pod koj sto ne se moze za novinarite, vie go zapocnuvate vasiot prv broj od ovaa nedela so tema koja e von od dramatikata na celokupnoto opstestvo i momentot sto se sega se slucuva. Ako ne se zacrta pravoto na svoe mislenje, nema da ima ni opstestvo, ni zdravstvo, skolstvo...Dali ste svesni za svojata odgovornost?
Од: Adem
Датум: 04.07.2011 12:33:19
Nedokvakanite mk. doktori so izvrteni umovi i bez trunka soest gi sotrija pacientite sirum drzavicto. Na nikogo ne mu teknuva deka treba se da se reorganizira. Pacientite pak so bubres-zna slabost sekoj vtor den odat na dijaliza maciliste koja tivko gi ubiva. Alal na strucnjacite, koi koga se vo takva sostojba begaat daleku od mk. rezil
Од: vera
Датум: 04.07.2011 13:28:32
Se soglasuvam so sindikalista, medjutoa zdravstvoto e sekogash zheska tema i teshka. Javnoto go unishtija, vo privatnoto dobivash balkanska usluga za ceni povisoki od zapadnoevropskite. Denes doadjam od Sistina i cela se tresam od nervoza. Na shalterot nevospitani pichleminja, bezobrazni i nekulturni. Em plakash papreno em ushte otisok od prst shto ne ti zemaat. Jas tamu odam zaradi kvalitetot na doktorot, ne zaradi niv. Te maltretiraat za svoi pari. I pri plakanjeto, zoshto ti ja pechatat dijagnozata smetkovoditelkite. Neli dijagnozata e tajnost. Da ne e doktorkata ochi nema da mi vidat. Imam vpechatok deka kako vo filmovite so Beni Hil, na vrata bi ti gi zele parite, a bi ti shutnale posle edna ubava kloca. Taka ni e.
Од: strasburg
Датум: 04.07.2011 13:48:45
odi vo ramstor skopje igraj igri,pij kafe,jadi niakva fiskalna smetka ne vi davat...odi na pazar isto odi vo ohrid plati 50evra od noc apartemat niakva fiksna smetka...pa ludje ne sakate da palcate porez a barate bespltano zdravstvo,obrazovanie...pa na zapad site imat poreska kartica i site placat danok pa duri i oni na socijalna pomios imat danok kartica i im se odbiva porez od bruto plata(socojala)........
Од: од Перо наков
Датум: 04.07.2011 13:55:21
конечно, некој да проговори, конечно некој да се заинтересира каде е улогата на центрите за јавно здравје? каде се обуките на персоналот, или кој ги спроведува. Ги спроведува? Знае, или не знае? Што е Хепатитис Вирус Ц? Како се превенира, за што таа е евтината варијанта. Ако го инфицирале болниот што користел дијализа со Вирус Ц, кој треба да сноси: не морални глупости, туку материјална одговорност. За голема жал, клиничкиот доктор ќе добие уште еден пациент на кого „Тој ќе го лекува“, затоа тие изградија палати. Ќе си посее и потоа ќе жнее. Е кога ќе направат палати докторите по превентива, тогаш ќе нема епидрмии од болести, кои денеска не смее да се појават, а не да имаме епидемии на божем заборавени инфективни заболувања.
Од: jole
Датум: 04.07.2011 15:06:58
Za vakvi gragjani koi se diplomirani kutolozi i amindzii i ne se gi znaat svoite gragjanski prava i ova im e malku.Javnoto zdravstvo ne e vo kolaps od vcera toa trae veke dvaesetina godini i vina zatoa snosat site dosegasni vladi na RM.Javnoto zdravstvo tone poleka no sigurno, od den na den se polosi uslovi za lekuvanje na osigurenicite na FZO,iako gragjanite redovno go plakaat zdravstveniot pridones.Tuka navistina nema mesto za bilo kakva kritika na nadleznite bidejki pak ke povtoram gragjanite molcat kako da se ribi a ne lugje i sto e najcudno i ponatamu masovno izleguvaat na izbori i glasaat,nebare vo drzavava tece med i mleko,namesto da gi bojkotiraat i da im pokazat na politicarte deka ne se zadovolni od nivnata rabota!!? vprocem politicarite odnosno vlasta vo edna zemja postoi poradi gragjanitea ne obratno!!

Најди! во Утрински
Политика
Четворица пратеници од Штип, три од нив се жени
Сите во американска амбасада

"""