Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Повлечен дел од обвинението за набавката на тенковски делови

Со давање завршен збор, не на еден, туку на двајца јавни обвинители, случајот „Резервни тенковски делови“ се приведува кон крај. Но, токму поради големите промени што ги направија обвинителите во самиот диспозитив на обвинението, одбраната на петтемина обвинети побара своите завршни зборови да ги одложат за денеска. Адвокатите сметаат дека повлекувањето на одредени делови од диспозитивот дава можност за ново гледање на работите и дури потоа нивно произнесување по измените.

Со прецизирањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител Бодан Лазаревски потврди дека нарачката на деловите се случила уште кон крајот на октомври 2001 година и дека такво барање доставил тогашниот началник на Генералштабот на АРМ, генералот Методи Стамболиски. Притоа, вкупниот износ со измените е намален од 266 на 209 милиони денари. Лазаревски обвини двајца од вработените во МО дека, наводно, знаеле оти бараното количество било големо и дека ќе се создаде залиха. Обвинителот во целост ги смени и имињата на фирмите на кои, по исплатата на средствата за тенковските делови, Митре Петковски им префрлал пари.

Вториот обвинител Петар Аневски рече дека од текот на постапката се потврдило дека е направена злоупотреба, за што одговараат пет лица. Тој го обвини ексминистерот Владо Бучковски за недомаќинско работење, бидејќи биле набавени повеќе од потребните делови. Аневски смета дека доколку се работело за ремонт на тенковите „Т-55“, наводно, требало да се набават и други делови, а на само оние кои се однесуваат на трансмисијата. Аневски смета дека МО исплатило пари на човек-фирма, а дека ставање на неколку потписи на договор е постапка со која се служат криминалци. За денес се очекува седумчасовен завршен збор на адвокатот Никола Поленак, кој најави презентирање на 80 страници текст. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 494 пати.

Испрати коментар

Од: P.S
Датум: 03.12.2008 01:00:28
Site gorenavedenive obvineti se vinovni.Samo ali naseto sudtsvo ke ima dovolno konjski sili da ja istera rabotata do kraj???Ostanuva da vidime.
Од: ljupco,bitola
Датум: 03.12.2008 03:54:04
Ако нашето судство најде сили и реши еден голем случај како овај,тоа ќе биде исчекор во борбата против корупцијата,за која сите декларативно се согласуваат,а таа никако да започне.Доста ни е веќе од ослободување на очигледни криминалци кои го доведоа целото стопанство на работ од колапс.Исто и како на патарините,и овие се криви, тоа се гледа од километар.
Од: makedonce
Датум: 03.12.2008 09:10:50
da vidime dali sudstvoto e evropsko i i dali ke gi osudi ovie kriminalci od golem kalibar ili kako i sekogas zakonot go sproveduvaat samo na sekoj bednik sto ke preseci nekoja granka vo suma za da gi ogree decata oti nema pari da kupi podebeli drvca...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Ученик во Домот за слепи нападнат на час
Преку огласи мамеле за работа во странство
Од „Астра“ ограбени 360.000 денари