Број 3614  сабота, 25 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Мислења
��вет
Култура
Спорт
Забава
Некролог
Хороскоп
Стил








Site Meter
Свет

Баша нов градоначалник на Тирана

Специјално за „Утрински весник“
Кенан Мимидиноски


Тирана - Тирана - По три мандати раководење на Тирана од страна на социјалистите, главниот албански град ќе го раководи десницата. Во Тирана Централната изборна комисија го заврши пребројувањето на проблематичните ливчиња во сите гласачки места, кои биле за градоначалник, но биле пронајдени во кутиите за советници. Оваа активност на ЦИК дојде по барање на Изборниот колегиум, по жалбата на опозиционата социјалистичка партија. Пребројувањето заврши и според него 95 гласа повеќе има кандидатот на демократите што се на власт, Лулзим Баша, кој беше противкандидат на актуелниот градоначалник, лидерот на социјалистите, Еди Рама. По три мандати лидерот на социјалистите, Рама, треба да го препушти управувањето на главниот град на Албанија на Баша, кој е еден од најтесните соработници на премиерот Сали Бериша.

Опозицијата и по пребројувањето најавува нови приговори до Изборниот колегиум, но ако се има предвид законската рамка на оваа институција но и актуелната состојба во земјата не треба да се очекува повторување на изборите во Тирана поради како што велат во опозицијата бројните отворени манипулации во дел на гласачките места. Опозицијата бара да не се признава пребројувањето на проблематичните гласови, и Рама да се прогласи како победник со десет гласови повеќе ,онака како што заврши броењето на гласовите. Опозицијата како друга алтернатива ја бара и можноста за повторување на гласањето во Тирана. Лидерот на Социјалистите, Еди Рама, изјави дека овие избори се манипулирани како и другите, и додаде дека не ги признава резултатите .

Премиерот Сали Бериша кој е во Брисел порача дека опозицијата треба да сфати дека Тирана по 12 години сега ќе се управува од десницата .

Во меѓувреме, меѓународниот фактор со особено внимание ги следи последните политички превирања во Албанија. Европратеничката Дорис Пак, која во основа е силна поддржувачка на политиката на Бериша, овој пат ја изнесе оцената дека Албанија по овие избори не ќе може да очекува брзи интеграции во ЕУ.

Наредните денови се очекуваат подинамични политички збиднувања во земјата . Меѓународниот фактор особено бара од Тирана, тесна соработка на власта и опозицијата поради 12 услови што ги доби Владата на Бериша за продолжување на реформите, кои треба да се усвојат со реформи во одредени закони, кои во Собранието се донесуваат со двотретинско мнозинство. Но, опозицијата по се оваа што се случи тешко дека може да се верува дека ќе се врати во Собранието.


#
Статијата е прочитана 750 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Убавата Јулија оди на суд
Светот во 24 часа
Саркози
Грција мора да го проголта горчливиот лек

"""