Саркози: Франција си оди од Авганистан до крајот на годината
![](WBStorage/Articles/04423381FE98554088B1DAC3CCBBC722.jpg)
Брисел - Франција ќе ги повлече неколкуте стотина војници од Авганистан до крајот на годината, изјави францускиот претседател Никола Саркози на крајот од самитот на Европската унија во Брисел. По САД и Франција ќе почне да ги повлекува своите војници од Авганистан.
Саркози истакна дека во јули ќе соопшти детали за повлекувањето на француските војници од Авганистан.
„Ако се подобри ситуацијата во Авганистан целосното повлекување на силите на САД и на НАТО предвидено е за 2014 година, може да стане и порано“, истакна Саркози.
НАТО пред неколку месеци објави дека ќе почне предавање на одговорноста за безбедноста во Авганистан на авганистанската армија и полиција и оти тој процес треба да заврши до крајот на 2014 година. |