СДСМ бара кривична одговорност за „случајот Градска плажа“
СДСМ го повика Јавно обвинителство да отвори постапка за утврдување кривична одговорност за инволвираните во случајот со издавање на шанковите на Градската плажа. Стевчо Јакимовски, претседател на Градската организација на СДСМ, вчера рече дека во случајот е прекршен Законот за јавни набавки, бидејќи била склучена спогодба во четири очи со непостојна фирма, што е доказ за грубо кршење на законот.
„Наместо некој веднаш да понесе одговорност, упорно се обидуваат да ја убедат јавноста дека нема ништо спорно“, рече Јакимовски, според кого не постои ниту еден аргумент кој може да ги одбрани градските власти што го доделиле управувањето на плажата на нерегистрирана фирма.
Градоначалникот Коце Трајановски му порача на Јакимовски да не го обвинува, бидејќи не ги видел документите. Отфрлајќи ги обвинувањата како беспредметни, тој рече дека Јакимовски демонстрира основни непознавања на Законот за јавни набавки. Притоа, повтори дека Здружението на угостители е основано на 27 мај, а јавниот оглас завршил еден ден потоа.
Сепак, Трајановски потенцира дека за случајот ќе пресече Антикорупциската комисија, а тој е расположен да и' ги даде сите документи на увид. (Дс.Т.)
Кутри Коце што не се треба да проголта само да ги задоволи барањата на лидерот. Кога ке оди во Идризово сигурно нема да го заштити Грујо исто како што Ламбе и Војо си ја сркаа чорбата надевајќи се дека Љубчо ке им подаде рака. Тоа е слицно како онаа народната ДА СЕ ФАТИ НА ОРО БАБА ДАЛА ГРОШ АМА ДА СЕ ПУШТИ ДАВАЛА ПЕТ ГРОША. Сега ти е касно Коцка, туку сркај од тоа кнедлите дури можеш.
Од: MK
Датум: 10.07.2010 06:16:32
Неблагодарници!!!!!
Од: Мите
Датум: 10.07.2010 10:39:46
и тука, на обична концесија кај што никој не бил заинтересиран, СДСМ најде проблем... ако е тендер а има 2 или повеќе фирми одма ќе се постави проблем зошто не е избрана другата.. ако се јави само една фирма,како за градска плажа, пак не е во ред, иако е концесија .. а они го продадоа Фени , а најсвежо ЕСМ, на 1 фирма со ТАЕН договор, а башка ЕВН која за бадиала зема монопол, сега бара и од пиле млеко и се заканува со меѓународни судови ..
Од: nenad
Датум: 10.07.2010 12:31:07
Ма мене најмногу ми пречи што делот од велосипедската патека кај градската плажа сега стана корзо. Се нарушува една навистина убава работа што ја има овој град и непреченото движење на сите оние што ја користат во рекреативна намена. Глупост!