Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Трајановски не се откажува од скијачката патека на Водно


Градот втор пат бара консултант, кој треба да укаже
на (не)оправданоста на проектот

Деспина Трајковска


Градоначалникот Коце Трајановски не се откажува од идејата да изгради скијачка патека на Водно. Деновиве втор пат бара консултант што ќе изработи студија за економската и еколошката исплатливост на проектот. Истовремено ангажираната консултантска куќа ќе има обврска да направи и финансиска конструкција колку би чинела реализацијата на идејата во случај Градот, дефинитивно, да се одлучи за проектот.

Градските власти објаснуваат дека распишаниот јавен повик за избор на консултант се репризира, бидејќи на претходниот не се јавил ниту еден заинтересиран субјект, иако преку истиот тендер биле ангажирани консултанти за подземните сообраќајници, луна-паркот и трамвајот. Од Градот вчера не открија колку пари ќе ги чини консултантот ниту, пак, колку средства во буџетот има издвоено за оваа намена. Тајна е и за колку пари шпанската компанија „Идом“ ќе ги изработи физибилити студиите за исплатливоста од изградба на подземните сообраќајници, за нов луна-парк и за евентуално воведување на трамвајот во јавниот градски превоз.

Трајановски замислил скијачката патека да се протега од врвот на Водно од десната страна на Милениумскиот крст, во правец на Нерези, каде што пред дваесетина години се правеле обиди да се изгради патека, која група ентузијасти скијачи и тогашната градска управа дури ја трасирале и натапкале.

Пред речиси една година кога градскиот Совет му одобри на градоначалникот да бара консултант за патеката, Трајановски рече дека тој смета оди проектот би бил оправдан од неколку аспекти. Првенствено, скијачката патека би била еден од начините за привлекување туристи во зимскиот период, а истовремено можност и за скопјани да уживаат во зимските спортови на неколку километри од центарот на Градот. Опозициските советници, пак, како и дел од јавноста имаа сериозни забелешки на идејата на Трајановски. Според нив, изградбата на патеката е проект, кој периодов воопшто не му е потребен на Скопје, бидејќи во градот се' уште има населби со септички јами и нерешени основни комунални проблеми. Автоматски, укажаа опозиционерите, трошењето пари за консултант за овој проект би било класичен пример за недомаќинско трошење на парите од граѓаните.

Во случај патеката да почне да се гради, тоа, според градските власти, ќе биде гаранција дека Водно ќе стане голема атракција, оти освен скијачката патека, на планината ќе има и жичарница за која веќе е поставен камен-темелник.


#
Статијата е прочитана 575 пати.

Испрати коментар

Од: zapev
Датум: 10.07.2010 00:22:22
ime li vo vmro voopsto ludje so pamet??nemate za spricevi i insulin a skijacki pateki na vodno kade nema sneg....pa za skijaska pateka treba da ima sneg 3-6meseci......
Од: граѓанин
Датум: 10.07.2010 00:30:01
Овој Коце запнал сосема да го опустоши Водно. Де жичара, е сега скијачка патека, а утре гарант скокалница накај Матка.
Од: Crni dupki
Датум: 10.07.2010 08:18:40
Bravo Koce ! Samo taka prodolzi! Napravi gradska plaza" Kakakabana" sega eve i zicarnica , pa posle ski lift . Dobro e da planiras izgradnba na eden heliodrom , a moze i eden kosmodrom , a na vrvot na Vodno moze da se izgradis ogromna observatorija od kade bi se proucuvale procuenite " crni dupki" vo vselenata. Znaes tie " crni dupki" ni se mnogu bliski na nas , bidejci so ogromna brzina se dvizime kon niv
Од: mkd
Датум: 10.07.2010 09:38:14
Mu cestitam na Gradonacalnikot za vizionerskata idea.Sega gledam kolku nasi sogradjani nemaat otvoren um i go razbiraat progresot. Normalno i jas sum da ima EKONOMSKA opravdanost t.e. investicijata da bide rentabilna. Najdobro bi bilo ovaa pateka da bide nalik na vestackite pateki vo Ceska koi se koristat 12 meseci vo godinata. Izgradeni se od nekoj vid na pletena plastika i na niv moze da se skija i vo leto,a vo zima normalno se skija vrz snegot koj e vrz niv. Skopje ima potencijal ovoj centar da e poln sekoj den od godinata. Razmisluvajte a ne samo kritikuvajte
Од: TRAJANKA
Датум: 10.07.2010 09:57:30
Skopjani Vodno treba da se socuva od razni gradbi !!! Vodno e Bel Drob na Skopje .
Од: Itar Pejo
Датум: 10.07.2010 17:47:41
Odlicna idea, koja nema da kosta ni denar. Vladata vece donese zakon koj sto ne ja obvrzuva da placa.
Од: jug
Датум: 10.07.2010 19:28:38
GLUPOSTI na kvadrat. Sneg nema veke na 2000metri nadmorska visocina ovoj na Vodno ke gradel,,,,,,,,gospod da ne cuva od vakvi.

Најди! во Утрински
Скопје
Двоглед на видиковецот на Водно
СДСМ бара кривична одговорност за „случајот Градска плажа“
Се градат фонтаните во Вардар