По десетдневни подготовки на градилиштето, Италијанците од „Ла моне мореда“ почнаа со изградба на фонтаните во Вардар. Едната фонтана ќе се наоѓа пред Уставен суд, а другата во линија на театарот. Прво ќе се градат машинските хали за инсталација на пумпите што ќе ја исфрлаат водата.
Според проектот, фонтанит�� што се дел од „Скопје 2014“ ќе имаат кружна форма, од средишниот дел ќе излегува млаз вода со максимална висина до 30 метри, а вода ќе се распрскува и странично до седум метри. И двете фонтани ќе имаат впечатливо осветлување, кое ќе го овозможат специјални подводни рефлектори. Фонтаните ќе бидат изработени од армирано-бетонски постамент, на кој ќе се монтираат прскалките од никлувани водоводни цевки.
Надлежните од општина Центар очекуваат фонтаните да бидат изградени најмногу за една година, иако изведувачот има обврска проектот да го реализира во рок од седум месеци. Идејното решение за фонтаните е изработено од ИНПУМА. (Дс.Т.)
Sto mislat deka pieme nafta.Kakva masiska hala pa treba samo pumpi za isfrlanje na vodata. Ova e ocigledno da se napravi slozeno za da se soberat pari. NO kade se nasite strucnjaci i eksperti da se javat na vreme da sprecat grabez a ne kako za Skopje 2014 od koga pocna da se gradi se javiva strucnjacite da kazat deka ne cinelo a do togas bea vo zimski son. Sramota i za ednite i za drugite. Zatoa sme tuka kade sto sme.
Од: Itar Pejo
Датум: 10.07.2010 17:51:49
Slusam dekaVardar e zagaden so fekalii. Skopje ce bide prv grad vo svetot so vodoskok sto 30 metri ce gi poliva graganite so lajna. Go zasluzile, nikoj ne gi terase da glasaat za Koceta..
Од: zagrizena
Датум: 10.07.2010 18:02:32
Kako ke izgleda fontanata, ne sakam da bidam vulgarna no vo Vardar odi gradskata kanalizacija, toa ke bide - Fekalna fontana? Dobro go razbiram proektot. Luge nemaat da zemat plata se dolzi na site strani, a ludiloto ne prestanuva.
Од: surova vistina
Датум: 10.07.2010 19:01:46
Nee, nie sme tamu kade sto sme zatoa sto sakame da bideme tamu. Prvo birame vlast. Znaci toa e sloboden izbor i nie taa vlast si ja zasluzuvame. Potoa vlasta pocnuva da gi polni dzebovite, da krade, so eden zbor, go upropastuva narodot. Potoa pravime vtora greska, ja ostavame i ponatamu na vlast. Znaci, dobro ni e. E pa sto ponatamu????!!!! Nisto, za vakov narod samo kamsik, mazohisti nevideni, i posle ovoj ni e kriv, onoj ni e kriv...a be ne do nikoj drug, do nas e !!!