Искачување на Кораб
ГОСТИВАР - Под мотото „Сите марш на Кораб“, утре по 19 пат ќе се одржи масовно искачување на Голем Кораб, посветено на Денот на независноста на нашата држава - 8 Септември.
Организатор на манифестацијата е Планинарскиот клуб „Кораб“ од Скопје, кој информира дека годинава се очекува да учествуваат над 2.000 планинари и љубители на планината ��д нашата држава, од соседството и од Европа.
Стартот е во 8 часот пред караулата „Победа“ во месноста Штировица, во подножјето на планината Кораб, на надморска височина од 1.280 метри, а целта е врвот на Голем Кораб висок 2.764 метри.
Патеката во двата правца е долга 18.160 м, а на четири места ќе има поставено пунктови за помош, превенција и за информирање. Физички најподговените и најбрзите планинари на врвот можат да се искачат за малку повеќе од два часа, а другите можат да ја минат патеката во една насока меѓу три и четири часа. (К.К.) |