Чествување за Мајка Тереза
По повод јубилејот 100 години од раѓањето на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза, на 5.9.2010 година (недела), Денот во македонската академија на науките и уметностите, во 12 часот ќе се одржи централно чествување со духовно-уметничка програма.
Беседа за хуманата мисија на најпознатата скопјанка во Македонија ќе одржи претседателот на МАНУ, академик Ѓорѓи Старделов. Ќе им бидат врачени и наградите ,,Послание за хуман��ст Мајка Тереза“ на академиците Томе Серафимовски и Виктор Фридман и на д-р Срѓан Керим.
Познатиот хуманист, добротвор и донатор, Трифун Костовски, ќе ги промовира монографијата „Бидете благословени - молитви и пораки на Мајка Тереза“ на авторот Стојан Тренчевски. Ќе биде претставен документарниот филм „По скопските патишта од младоста на Гонџа Бојаџиу - блажената Мајка Тереза од Калкута“ на режисерот Кирил Узунов. |