Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Со кајак по Охридско Езеро

Стружанецот Ристо Чурковски ќе се обиде за три часа да извесла 90 километри

Мики Трајковски


СТРУГА - На 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, стружанецот и кајакар Ристо Чурковски сака да извесла деведесет километри по Охридското Езеро. Долгиот пат по вода планира да г�� почне од Струга, а преку Охрид да стигне до Свети Наум, а потоа до Подградец и до Лин во соседна Албанија и повторно назад до Струга. Ќе весла цели три часа во зависност од условите во езерото. Идејата е да се упати силна политичка порака за зближување на македонскиот и на албанскиот народ. „Иако премногу блиски, во суштина сме многу далечни. Слабата инфраструктура, нефункционирањето на бродската линија, сложените гранични процедури си го прават своето. Овој регион треба да се промовира и во светски рамки“, вели Чурковски.

Тој нагласува дека овој подвиг треба да е поттик за подобра соработка, особено меѓу младите од двете земји. „Многу малку го користиме нашето езеро, чија природна убавина ретко може да се најде во светот. Да се помине езерото со кајак е нешто што не се опишува со зборови. Очекувам оваа идеја да се прифати од повисоките државни инстанции и да стане традиција. Тоа ќе биде инвестиција за нашата иднина, за нашите млади спортисти. Сево ова може да се искористи и во туристички цели. Се надевам дека веслањето со чамци од Струга до Охрид и до Подградец во иднина ќе биде интересно за домашните и за странските гости“, нагласува Чурковски.

Идејата е од Охридското Езеро да се направи Ла Манш за кајакарите на Балканот како што е предизвик за пливачите. Од наредната година се планираат и маратонски трки со кајак по истата оваа маршрута, со учество и на врвни светски кајакари. „Сакаме да направиме промотивна регата. Не би било проблем да се извесла езерото од едната до другата страна“, смета Чурковски.

Во текот на целиот ден струшкиот кајакар ќе биде придружуван од три помали бротчиња, со медицинска екипа и физиотерапевт. Силна поддршка Чуркоски добил и од градоначалниците а, од Подградец е најавена и конкретна помош.

Инаку Чурковски е неколкукратен шампион на Македонија во кајак, учесник на повеќе светски, европски и балкански шампионати, а неколку години беше селектор и на Македонската кајакарска репрезентација. Ова ќе му биде прв обид да го помине езерото со веслање.

Четириесет и осумгодишниот кајакар од Струга неколку месеци интензивно се подготвува за веслање со кајак. Зад себе има 40.000 извеслани километри, а кајакарскиот спорт е неговиот живот и долга семејна традиција.

Меѓутоа, во последните години кајакарството е спорт во опаѓање, иако за него има интерес од младите. Државата, но и локалните власти се се' помалку заинтересирани за овој спорт. „Срамота е во Охрид и во Струга каде што пливачкиот спорт е мртов , тоа да му се случи и со кајакарството“, вели разочарано Ристо Чурковски.


#
Статијата е прочитана 798 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Чествување за Мајка Тереза
Искачување на Кораб
Владата ќе гради 108 селски училишта