Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Да мислиме на веќе родените деца

Душан Сарагинов, Скопје

Испровоциран сум да се јавам од кампањата на Владата на Македонија во врска со стимулациите за второ, трето ... дете, која во суштина ја оценувам позитивно. Но, сакам да предочам една работа што ја гледам секојдневно. Имено, само неколку метри од бараките на Општина Кисела Вода, во паркчето што го изгради самата општина, секојдневно една самохрана и релативно млада мајка, со детенце, по слободна процена од 1 до1,5 година, седната на тревникот покажува дека нема покрив над глава и живее, ни самиот не знам како.

Утринава повторно ја видов како, по дождливата ноќ, со неколку полупразни торбички го држи цврсто своето чедо и застаната на улицата како да чека да помине некој и да и' помогне. Ве молам, како медиум на кој прв му верувам и самиот редовно го читам да го актуализирате ова прашање и некако да и' помогнете на оваа жена, бидејќи и самиот имам мало дете и срцето ме боли кога ќе го видам неговото врсниче како страда под ведро небо. Пак ќе повторам, ја поддржувам акцијата на Владата за која зборував погоре, но ве молам да се започне со стимулации и помош на веќе родените деца и на ова детенце и мајка на кои таа му е повеќе од потребна.

Што претставува за една влада мал гест за помош, кој би бил посилен од какви било секојдневни кампањи и реклами, зашто тоа дете утре - ако некој му помогне - може да стане добар бранител на оваа држава, за која, според мене, ако е навистина таква, треба да си ги чува своите мали чеда.

Ви благодарам за можноста што ми ја дадовте да ви се обратам и се надевам дека во некој ваш број ќе прочитам дека нешто е сторено. Од моја страна, како единка, можам само да им дадам малку облека, обувки и по некој денар, но сепак мислам дека тоа нема да биде доволно за следната дождлива ноќ.


Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар

Од: Mina
Датум: 16.09.2008 07:33:53
Ne e lesno da si samohrana majka ama vakvi slucai stvarno treba drzavata da gi zeme pod svoja odgovornost.Ova ne e edinstven slucaj tuku gi ima kolku sto sakas.Kako sakame da vlezeme vo Evropa so vakov tretman na sopstvenite gragani.Nasekade sme tretirani kako da ne ziveeme vo Makedonija,kako da Makedonija ne e nasa drzava.Vo bilo koja institucija da se otide ista slika kako od minatoto.Prvo cuvarot ke ti se izdere.posle taa ili toj sto raboti po salterite ke zboruva pola sat na mob.so rodninite i posle ke ti se razvika.Dali Gruevski ima poima sto se slucuva so graganite i kako sme tretirani vo sopstvenava drzava?Samo imeto e na prvo mesto a samohranite majki so deca sto ziveat vo mizerni uslovi i uste kojznae kolku semejsva sto ziveat na rabot na siromastijata?Gruevski fati se rabota doma ako sakas graganite da ti ja dadat svojata podrska i na slednite izbori oti do sega nisto ne e promeneto na toj plan.
Од: Georgi
Датум: 16.09.2008 09:05:46
Mojata sopruga e bremena so vtoro dete. Za pregledite, eho snimanjata i testovite koj treba da gi napravi ni baraat 7iljadi denari, a vo drzavna (kade navodno e besplatno????) treba da cekas (ne se znae kolku) ,a taa e vrabotena i nesmee koga ke i tekne da izleguva od rabota. Me interesira so sto Vladava gi "ohrabruva" semejstvata da imale poveke deca. So sto? So kampanjata i video spotovite za koj nekoj debelo se ofajdil? (na tender?). Ova e veke nevideno d.... vo zdrav mozok, no i pokraj se mu cestitam na bokserov kako uspeva uste da mu e "dignat" rejtingot megu narodov. Svaka cast.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Пусто турско
И обуката - партиска