Број 3295  вторник, 01 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Тројца Бугари краделе податоци од банкомати во Скопје

Тие со скимери симнувале податоци на вистински платежни картички

Поради компјутерски криминал, едномесечен притвор им е одреден на тројца бугарски државјани. Според МВР, тројцата Бугари на возраст од 29 до 37 години, изминатиот месец од Бугарија набавиле скимери - опрема за прибавување банкарски податоци за изработување лажни платежни картички и уреди за снимање видеозаписи од пин-кодовите од платежните картички. Скимерите ги монтирале на два банкомата на една скопска банка за да добијат податоци од вистински платежни картички и податоци за нивните сопственици. Но, МВР набргу ги лоцирало двата банкомати, а тројцата странски државјани биле уапсени додека се обидувале да ги отстранат уредите.

Кај еден од нив бил пронајден уред за снимање видеозапис од пин-кодовите од платежни картички, а иста таква опрема е пронајдена и при претрес на автомобил „хонда цивик“ со бугарски регистарски ознаки што тие го користеле.

„Од извршеното исчитување на мемориските картички, утврдено е дека во временски период од пет часа, на нив се снимени повеќе од 100 записи од внесени пин-кодови на тастатурата на банкоматите каде што биле поставени. Од извршената анализа на видеозаписите од двата банкомата, се гледаат лицата како ги поставуваат и ги монтираат уредите, а подоцна ги отстрануваат од банкоматите“, велат од полицијата. Против нив се поднесени кривични пријави.

Од МВР информираат дека во првиот квартал годинава, регистрирани биле 19 кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ за што се пријавени 20 сторители. Со фалсификувани платежни картички со податоци на странски државјани се извршени 10 дела, а седум дела се извршени со кредитни картички со податоци на македонски државјани, при што сторителите се стекнале со вкупна противправна имотна корист од околу 17,4 милиони денари. Најголемиот дел од кривичните дела (10), сторителите ги извршиле со фалсификувани картички што ги употребиле на пос-терминали инсталирани во нивни фирми или фирми на нивни пријатели.

„Според возрасната структура, 11 од сторителите се на возраст од 20 до 30 години, по тројца се на возраст од 30 до 40 и 50-60 години, двајца се на возраст од 40 до 50 и еден е на 19-годишна возраст. Од нив, 14 се мажи, двајца се бугарски државјани, додека останатите се македонски државјани. Шест од сторителите се во својство на управители, по еден е царински управник, овластен потписник и едно медицинско лице, додека останатите се невработени лица“, покажува анализата на МВР. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1047 пати.

Испрати коментар

Од: populist
Датум: 01.06.2010 10:10:11
Da ne se del od istata ekipa sto gi fatija na Nov Zeland? Sporedete gi iminjata.
Од: nekoj
Датум: 01.06.2010 12:31:26
pa im trebale pari na ludjeto

Најди! во Утрински
Хроника
Пријава за градоначалникот Зоран Заев за лажно сведочење
Ограбена куќа на печалбар од Швајцарија
Дете почина по операција на слепо црево