Број 3295  вторник, 01 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Ограбена куќа на печалбар од Швајцарија

Одземени се предмети за домаќинство и градежна столарија во вредност од околу 25.000 евра

ТЕТОВО - Засега непознати арамии влегле во куќа во градба на тетовец, вработен во странство и му одзеле градежна столарија и предмети за домаќинство во вкупна вредност од околу 25.000 евра. Според СВР-Тетово, кражбите биле извршени во период од август минатата година па до вчерашниот ден кога сопственикот го пријавил случајот. Куќата се наоѓа во населбата Дреновец 2 и е сопственост на печалбар од Швајцарија, кој овие денови престојува во родниот град.

Крадците однеле 12 врати, фрижидери, кафемати, радијатори, електричен шпорет и друга покуќнина. Начинот на кој е извршена кражбата не е познат, иако на самото место можело да се види дека има отворени прозорци кон подрумите и кон катот на модерната семејна куќа. Инаку, во ист двор се наоѓа и куќа на брат на ограбениот. Полицијата изврши увид и располага со првични сознанија за можните сторители. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 1516 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 01.06.2010 06:19:17
Koga mozel da vlozi tolkav kapital vo kuka , Mozel da istalira ALARM vo kukata , celo Tetovo bi razbralo za krazbata . Voedno ima ALARMI koi se povrzani direkno so lokalna Policiska Stanica .
Од: Mene
Датум: 01.06.2010 14:06:32
Abe za vakvi lopovi ne treba alarm, samo visok napon od 220 volti pa neka gi isprzi

Најди! во Утрински
Хроника
Тројца Бугари краделе податоци од банкомати во Скопје
Пријава за градоначалникот Зоран Заев за лажно сведочење
Дете почина по операција на слепо црево