Недостапниот пратеник Џемаили ќе се брани од слобода
Укинувањето на притворот покрај за Џемаили, се однесува за уште петмина други обвинети
Љубиша Станковиќ
Станува се' поизвесно дека недостапниот пратеник на ДУИ, Хисен Џемаили, ќе се појави на судското рочиште што е закажано за 5 февруари за случајот „Мавровски работници“. Вчера попладне на седница на Судскиот совет беше донесена одлука за прифаќање на понудените гаранции. Одлуката, покрај за пратеникот Хисен Џемаили, се однесува и за петмина други обвинети. Ваквата одлука доаѓа по најавите дека Џемаили понудил гаранции во недвижен имот во замена за укинување на потерницата и притворот што му беше одреден токму поради неговото непојавување во скопскиот Кривичен суд.
„Точно е дека до судот се доставени гаранции за пратеникот Хисен Џемаили. Можам да соопштам дека е донесена одлука на Кривичниот совет, што значи дека се прифатени предлозите за гаранции во недвижен имот во замена за укинување на притворот за обвинетиот, но и за други петмина. Одлуката на Судскиот совет доаѓа и по добиено позитивно мислење и од Јавното обвинителство“, ни изјави портпаролот на Основниот суд Скопје 1, судијата Седат Реџепагиќ.
Од скопскиот Кривичен суд потврдуваат дека за Џемаили е дадена гаранција во имот проценет на 300.000 евра, но оттаму нема информација што ќе се случи доколку другите дваесетина обвинети во предметот „Мавровски работници“, како и досега, не се појават на рочиштето закажано за почетокот на следниот месец. Имено, и за овие лица е одреден притвор, но и тие како и пратеникот Џемаили од септември минатата година не се одзвале на судските покани.
Ослободувањето на Хисен Џемаили од обврската да замине во затворот во Шутка уште во четвртокот го најави потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити, кој од Собранието на Македонија најави дека за него се дадени гаранции и дека тој не треба да оди во притвор. Одбраната на својот сопартиец Алити ја заврши со констатација дека тие имаат контакти со него и дека „Џемаили е на овој свет, не ја напуштил Земјата!“
И за бранителот на обвинетиот Хисен Џемаили, адвокатот Таип Елези, работата е речиси завршена. Во телефонски разговор Елези ни потврди дека за неговиот клиент како гара��ција е понудена куќа, но тој не можеше да каже кој е сопственик на понудениот имот. Адвокатот Елези појаснува дека со гаранцијата треба да биде укинат притворот за Џемаили.
Судскиот процес за сторени кривични дела организирање група и поттикнување на извршување геноцид и воени злосторства започна уште на 16 септември минатата година. На стартот на судскиот процес Хисен Џемаили не се појави, но од Собранието прати порака дека не му било познато оти е на листата на обвинети. На седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј член е и самиот Џемаили, му беше симнат неговиот пратенички имунитет, а тој вети дека ќе се јавува на судските покани. И од судот стигна потврда дека Џемаили ветил дека ќе присуствува на поканите, но оттогаш му се губи секаква трага.
Министерството за внатрешни работи, кое по налог на судијата Горан Бошевски требаше да го пронајде Џемаили, или не доставуваше одговор до судот за тоа до каде е постапката за негово пронаоѓање или кога ќе се случеше тоа, одговорот беше негативен, односно дека се постапува, но дека не можат да го пронајдат.
Pa kako moze sudstvoto i drzavata na vakov Poltronski nacin da se ponizat.
Zlostorstvata na zlostornicite se bez cena za otkupuvanje , taka da treba da mu se sudi i da im se sudi i za zlostorstvata a i za krienjeto i beganjeto od odrzuvanje na kazna pritvor. Kakva
e ovaa Janicarska odluka na sudstvovo se cudam.
Од: saso
Датум: 10.01.2009 00:24:23
bravo jankulovska,kaj si sega da reagiras za covek vo begstvo koj ne se javuva na sudski rochishta ili pak poprofitabilno ti e da gi kaznuvas lugeto zaradi toa shto snegot e zamrznat na trotoarite pred kukite i zgradite
Од: Skopje
Датум: 10.01.2009 01:49:31
Nemam nisto protiv Dzemaili nitu protiv DUI no ja prasuvam Vladata odnosno Ministerkata Jankulovska i sudot ZOSTO na ist vakov nacin ne postapi i so Zoran Zaev????? ZOSTO ovaa Vlada MAKEDONCITE prvo gi "lovi" im stava lisici i gi zatvara vo "Sutka" ne im dava pravo da se branat od sloboda a sega Albancite ne gi "lovi" ne im stava lisici i ne gi pritvara vo "Sutka" tuku gi osloboduva i im dava pravo pod kaucija da se branat od sloboda???!!! Neli Zaev istoto go barase a ne mu bese dozvoleno. Ova e dokaz deka Vladata raboti so partiski arsini a ne deka Zaev i takvite kako nego bile vistinski krivi. Spasot na Dzemaili e vo toa sto sega e vo koalicija so Gruevski VMRO-DPMNE i zatoa se postapuva poinaku a grevot na Zaev i na takvite kako nego e vo toa sto se opozicija i zatoa Gruevski gi "lovi". Na Gruevski mu e po bitno da go zatvori MAKEDONECOT Zaev za korupcija odkolku da go zatvara ALBANECOT Dzemaili za ubistvo na nevini Makedonci. Ete toa e politikata na ovaa Vlada i VMRO-DPMNE.
Од: mark do ispranite mozoci
Датум: 10.01.2009 09:17:48
od vcera cekam na vas komentar se nadevam deka Devicanec,Filip 2,mkedon,Anita od kavadarci,novoselec,Robert od bitola i dr, ke smognat sila i ke dadat svoj komentar.Ednas vi pisav deka apsenjata pred kameri i skapite reklami za dokazuvanje na naseto poteklo se za zamajuvanje na javnosta i perenje na vasite mozoci (ne na neopredelenite i komunjarite )tuku bas za vasite mozocina za pokrivanje na koalicijata so DUI(neli nikogas so niv )Haskite predmeti,slakanicata od EU,klocata od NATO,Djemaili i mn.drugi gi ima mnogu.Najnovo sega pred izbori borba so EVN,A ELEM i MEPSO nikoj negi cepka tamo e na vlast familijata a trite kompanii se povrzani kako svinski creva,no mora austricite da se slozat ili direktor od VMRO koj ke vrabotuva ili nadvor vo toa e borbata da se lapne sto moze bas gi boli za narodot posle izbori pak po staro kako i dosega ve cekam javetese imajte hrabrost neli ste braniteli na makedonstinata aj dave vidam radoznal sum
Од: gjoko bugarija
Датум: 10.01.2009 09:19:35
Eeej Makedonija,kakvi ljugje te vodat i kakvi idioti gi pravat zakonite tamu.Abe sekade u svet toj ke bide terorist i ubiec i ke se chuva vo najstrog zatvor,a vo Makedonija go pushtaat so 300.000 evra garancija,a i odgore nashata shugava policija ne mozheshe da go fati tolku vreme.Do koga samo vaka,ne znam.
Од: zabegan
Датум: 10.01.2009 10:07:47
do mark; na gore navedenite sto cekas nemat vreme sigorno zaminale negde na vikend vo nekoe zimsko odmoraliste si se skiat.izatoa gi nema. po obicaj sekoe cudo 3 dena pa do ponedalnik nema da vidat deka si cekal da se javat.i nikomu nisto. i volkot sit i ovcite na broj..i ti preporacal bez nervoza ovde se e mozno pozz.
Од: Ико до марк
Датум: 10.01.2009 10:37:00
Марко, душо. Си чекал коментар од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Да знаеш и јас го чекав мојот комента��, ама не ми го објавија. Можеби е исто и со другите. Затоа не се многу расфрлај со заклучоци дека сме се исплашиле. Јас сум си ептен релаксиран, но ти Марко, сине, не се толку нервирај - чувај си го здравјето и најдобро остави ја политиката. Инаку, мојот коментар е дека и Џемаили исто како и твојот ВД претседател Заев треба да излезат пред судот.
Од: Do Ispranite mozoci.
Датум: 10.01.2009 11:04:02
Sto ve cudi koga go apsea Zaev po naracka na Rejtingot, konvojot 2 casa ceka na vlez vo Skopje.Se prasuvate zosto? Za da mozat site nezavisni TV reporteri da dojdat pred sudot za da napravat ubav spot, Zaev vo lisici, komunjar se apsi i rejtingot gore. Dali sega vi e jasno zosto Brane go amnestirase???
Од: Цандо
Датум: 10.01.2009 12:19:35
Каде е Џемаили? Па јасно - чека во март да дојде нов претседател па и него да го помилуваат како што Црвенковски го ослободи Заев од затвор.
Од: do "do ispranite mozoci"
Датум: 10.01.2009 13:32:46
Najiskreno se nadevam deka mnogu naskoro i Branko ce go vidam vo spotot na vasiot Zaev, da mozete da mu se iznagledate na Vasiot totem.
Од: zelezara
Датум: 10.01.2009 13:42:05
Kaj st sega PATRIOTCINJA ispratete nekoj komentar,neli sudstvoto e nezavisno i deka imalo doverba kaj narodot 75%,kade e ,,ministerot Jankulovski ' da reagira ili vazi samo za opozicijata
Од: metyo
Датум: 10.01.2009 15:21:06
Баш би сакал да им ги видам фаците на оние жени-парталеманки кои по директива свикуваа имунитетни комисии за комуњарите и министерката за полиција која не може демек да го најде актуелниот пратеник.После ваквата одлука незнам оној Маневски,дали сеуште се смета за министер,а за судот нема што да се каже.Свесни ли се овие од власта дека се ова се бележи во извештајот на ЕУ за оваа година.Каде е сега она фингирано здружение за правда и праведно судење да излезе на протест за да го заштити правото (кобајаги.).Или сеуште нема добиено сигнал од грујо.Кого ли ке го наместат сега за време на изборите бидејки власта мора да работи 24/7.За неа нема пауза.Ако не најдат некого од комуњарите г-га Доларова нека се спрема,и онака нејзиониот случај беше одложен( ако сака грујо да добие избори).Овој случај докажува дека ,непријателите на Мкаедонија секогаш се заедно без разлика дали се во власта или не.Толку пари за модернизација на полицијата,а не можат да најдат обичен човек ,што дури не се ни крие.
Од: Ташо до зелезара
Датум: 10.01.2009 15:30:07
За Џемаили не коментирам. Ако е виновен нека си одговара. Но истото треба да важи и за вашиот Заев. Каде е Црвенковски да ги ослободи сите криминалци од затворите? А не само Зоран Заев од неговата партија. Зошто тој не е независен, туку целиот мандат делува партиски? Лесно е да го критикувате судството што не било независно. Точно, уставниот суд не е независен. Но ајде, каде сте да го критикувате вашиот Бранко што не е независен!? За неговата доверба кај народот, се знае - 3-4%!
Од: Европска Македонија АД
Датум: 10.01.2009 17:09:06
ДО: do "do ispranite mozoci". Затоа пријателе ни пропаѓа државата, сакате и Бране да го уапсите,сакате невини Македонци да апсите само да го сочувате рејтингот.Браво.Како што тргнала работава тој спот најдобро му прилега на Никола Велики,ама доаѓаат избори
Од: glasac
Датум: 10.01.2009 20:07:12
Ja znaete li ona pesna kade ste Vmrovcinja kaj otidovte, se misli za sega