Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Омбудсманот поведува кампања за поблиска соработка со граѓаните

Во кампањата „Отворени денови на народниот правобранител“, која започнува од утре и ќе трае наредните два месеца, вработените од канцеларијата на омбудсманот ќе посетат 15 града во државата и преку директен контакт и разговори со граѓаните ќе ги запознаваат со работата и надлежностите на оваа институција. Покрај отворените штандови на кои ќе се дели промотивен материјал, граѓаните ќе можат и преку средби и разговори да добијат правни совети за одредени прашања дури и да поднесат претставки.

Потребата од ваквата кампањска едукација на граѓаните народниот правобранител Иџет Мемети ја гледа во анкетата која покажала дека околу 80 проценти од граѓаните знаат за постоењето на омбудсманот, но само мал број од нив биле запознаени со неговите надлежности и како функционира тој, поради што многу често се случувало да ги одбиваат жалбите на граѓаните. Но, од друга страна, велат дека проблеми има и во комуникацијата со државните органи, бидејќи ниту тие не биле доволно запознаени со нивните надлежности и овластувања, поради што во комуникацијата со нив наидуваат на отпор и несоработка.

„Во наредниот период ќе има потреба да се организира и обука на јавната администрација за надлежностите на омбудсманот, особено кај полицијата и во затворите, затоа што тие ја имаат можноста од употреба на сила“, најави Мемети.

Амбасадорот Џорџо Радикати, шеф на мисијата на ОБСЕ во нашава земја, што заедно со шведската агенција за развој СИДА се поддржувачи на проектот истакна дека оваа кампања ќе ја подигне свеста на граѓаните во врска со нивните права, но и за зајакнување на улогата на омбудсманот.

„Ние силно го поддржуваме ваквиот поактивен пристап на Народниот правобранител до теренска работа и средби со граѓаните од подалечните општини во државава, што осигурува еднаков пристап до омбудсманот“, истакна Радикати. (Св.У.)


Статијата е прочитана 101 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Продажбата на алкохол е намалена
Нимиц ќе предложи ново решение за името
Братучед на премиерот Груевски на клучна функција во Економија