Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Нимиц ќе предложи ново решение за името

Тоа би било модификација на претходниот предлог на медијаторот

Тамара Грнчароска


Нов работен документ со решение за спорот со името се очекува да им биде доставен на македонската и на грчката страна во спорот со името на средбата со медијаторот Метју Нимиц на 11 септември во Њујорк. Ова го потврдуваат високи политички кругови во земјава кои новиот документ од Нимиц го именуваат не како предлог, туку како работен документ што би бил модификација на претходниот, откако тој ги испита позициите на двете страни пред дваесетина дена.

„Имам чиста претстава што можат да прифатат, а што не можат да прифатат“, изјави Нимиц при последната посета на регионот.

Претходниот нацрт-предлог на Нимиц содржеше две формулации за име со географска определница, најчесто споменувани беа „северна“ и „горна“, кое би влегло во Уставот и би се користело и во билатерална и во мултилатерална комуникација на земјава, а се оспоруваше и користењето на историјата од античкиот период.

Во пресрет на средбата во Њујорк и ново предлог-решение за спорот, за вчера беше најавена координативна средба меѓу претседателот и премиерот на државава, Бранко Црвенковски и Никола Груевски. Како што тврдат доброупатени извори, тешко дека од средбата ќе се излезе со усогласен став и позиција за името, пред се', поради дијаметрално спротивните ставови на Црвенковски и на Груевски, кои изминативе две недели повторно влегоа во судир околу ова прашање. Црвенковски со ставот за компромис, со одредени отстапки од македонска страна кои не би го загрозувале националниот идентитет на државата и нацијата, влезе во директен конфликт со Груевски, кој повторно ја врати во игра двојната формула како решение.

Груевски својот став околу решавањето на спорот со името го повтори еден ден порано, на прославата на Денот на независноста - 8 Септември, најавувајќи „период на интензивирање на разговорите, но и период на разни дезинформации, пропаганда, дел поради внатрешни, но најмногу поради надворешни фактори и причини“. Обвинувајќи ја Грција дека не сака да се постигне договор и сака промена на името за целосна меѓународна употреба и „цел свет да не' вика по име кое Грција ќе ни го одбере“, Груевски повтори дека тој нема намера да прифати такви уцени.

Изјавите на Груевски за евроатлантските интеграции на земјава доаѓаат нецел месец пред заклучувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија и исполнувањето на осумте препораки за добивање датум за старт на преговорите. Извештајот, кој треба да биде презентиран во ноември, ќе биде документ врз кој ќе се раководи Советот на министри на ЕУ на крајот од годината во носење на одлуката за Македонија.

Добр��упатени извори во земјава се на став дека Македонија засега нема добри шанси да добие препорака за датум на преговори од Комисијата, но не толку поради спорот со името туку поради неисполнетите обврски, како што се политичкиот дијалог, лошо спроведените избори, бавните реформи во судството и во полицијата.

Тие го аргументираат тоа со последната изјава на еврокомесарот на ЕУ за проширување, Оли Рен, кој минатата недела и' порача на Македонија дека „исполнувањето на Копенхашките критериуми е основен услов за евроинтеграцијата, па затоа ја повикувам Владата да осигура соодветно функционирање на демократските институции и засилен политички дијалог“. Од осумте услови на ЕУ за Македонија, со послаби резултати Рен ги посочи судските реформи, борбата против корупцијата, политичката стабилност и слободните и фер избори.

Иако политичкото влијание на спорот не е исклучено, според нив, Грција нема потреба да го користи спорот со името, бидејќи ние самите не си ја завршивме работата. Сепак, Грција и да сака да не' блокира, Европската комисија не работи според принципот на консензус, што значи дека грчкото „не“ не би имало никакво влијание врз извештајот на Комисијата за евентуален датум за земјава и позитивен извештај за спроведените реформи, туку тоа е можно само за време на седниците на Европскиот совет кога се состануваат лидерите на земјите-членки. (Т.Г.)

 


Статијата е прочитана 2951 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 10.09.2008 00:09:50
abe do koga ovoj izvetrean starec ke ni izmisluva iminja...daj mavnete go tamu i nego i ovie grcistava,osven republika makedonija,poinaku ne mozeme dase vikame.osven ako slucajno povtorno staneme monarhija,pa da bideme kralstvo makedonija.
Од: lenin
Датум: 10.09.2008 01:40:21
Nacheto ime e Makedonija i nikoj nema pravo za otstapki.Isto taka ni Grcija ili bilo koj moze da ni nametne ime chto nie ne go sakame.
Од: Nancy
Датум: 10.09.2008 01:42:47
Neznam sto se zamara ovoj Nimec podobro da si gi rascisti rabotite vo negovata zemja a ne da ni kaze nas koj sme i kako da se vikame nie znaeme eden identitet i edna drzava Makedonci i Makedonija.
Од: dobro upaten izvor
Датум: 10.09.2008 01:48:58
Nimic ke predlaga iminja do svoeto penzioniranje. Sekoe naredno ke bide poloso. Grcija ke gi odbiva edno po edno a opozicijata i nivnite 'zagrizeni' vnatresni i nadvoresni sojuznici so entuzijazam za sekoe od niv ke velat eka e "fer" i deka e prifatlivo.... Vazno e da se ostane vo centarot an vnimanieto...
Од: Mk Melburn
Датум: 10.09.2008 02:24:57
Sramota e ova sto go pisuvate pocituvana novinarke i uredniku!! Ne mozam da sfatam zosto uporno rabotite protiv nacionalnite interesi na Makedonija? Zarem ne se dovolni pritisocite od nadvor da go izgubime ona sto ni e najsveto, pa i vie da se priklucuvate kon ovie propagandi? Razbudete se i sfatete deka nie sme Makedonci, nasata zemja e Makedonija i taka ke bide zasekogas! Za vreme na Turskoto ropstvo lugeto koi rabotea protiv svojot narod gi vikaa predavnici i kodosi, se prasuvam kako da ve narecam vas?
Од: biljana
Датум: 10.09.2008 05:01:02
hie sme makedonci, sekogas sme bile makedonci i sekogas ke bidime. Nie sme mesani so slovenite ne sme sloveni. Makedoci, nemojte da potpadnite pod ucenite na grcija. Da se drzime zaedno vo ova vreme
Од: jimmy1
Датум: 10.09.2008 08:38:45
Sto samo ne vrti vo krug ovaj Nimec. Prifakanje na bilo kakva promena na imeto nie ke bidime gubitnici, zosto ovie nema da prestanat so toa, da ne uslovuvaat i ponataka da pravime nekakvi promeni se dodeka ne go dobijat ona sto go posakuva nasiot juzen sosed, ne e cudno da ne donesat do toa da ne smeeme da se deklarirame kako Makedonci.
Од: појаснување
Датум: 10.09.2008 09:41:57
Наместо Советот на министри на ЕУ треба да стои Европскиот совет, којшто заседава на ниво на претседатели на држави или претседатели на влади на земјите -членки на ЕУ, па тие на својата редовна конференција во декември, врз основа на извештајот од Комисијата ќе и дадат или нема да и дадат датум за преговори на РМ (кои очајно ги чекаме за да мрдне „Бродот“ на проф. Андоновски (Читај Македонија) од калта во која тоне, а не Советот на министри на ЕУ.
Од: srna
Датум: 10.09.2008 09:49:24
A sto fali so severna Makedonija ? Pa da ne e cela ovaa denesnava? Ke sme bile severni makedonci. Pa sega dali sme republicki Makedonci?
Од: MAKEDONCE
Датум: 10.09.2008 10:21:14
ej esesovci (sdsm)nema da vi uspee planot da go smenite imeto na makedonija ..makedonija bila i ke bidi..da zivee vmro ..bravo grujo
Од: Kocani
Датум: 10.09.2008 10:43:18
Нашите вмровци ко идат за Грција се претставуваат како Срби за да не имаат проблеми, а овде се прават најголеми патриоти. Срам да ви е!
Од: Kocin-Sydney
Датум: 10.09.2008 10:44:15
Da ne se povtoruva tekstot na JIMMI1 dovolno kazuva i na toa treba da se zastane. A SRNA neka ne trese gluposti ako ne ti se jasni rabotite prijatel(ke)e sidisi madro i gledaj shto pametite predlagaat. Nema promena na imeto ni Gorna ni Dolna ni severna ni Zapadna ostanuva samo Makedonija ako sakate da ostanime kako narod-nacija vo sprotivno ni se znae!!!
Од: leeloo
Датум: 10.09.2008 11:17:34
A zasto ne se vikame Republika Krusevo. Toa bi bilo sigurno prifatlivo za site, a najveke za kvazi patriotite od stilot nie sme i ke bideme Makedonci. Alooo, vo koj vek ziveete bre, i Nimic, i Solana i Bush sakaar da ne vidat vo NATO i EU, tamu kaj sto ni e mestoto, sakam sin mi da ima perspektiva a ne da ceka so nedeli i meseci pred salteri za vizi za da moze da ide na odmor. Daj osvestete se malce.
Од: A .T.AUSTRALIJA
Датум: 10.09.2008 11:56:25
ABRE Makedonci ednas za sekogas prestanete da imdavate tolkava vaznost na ovie pregovori, zasto ova ne odi vo nasa korist tova e sve vo interes na grcite i nanasite politicari,sto se prodadeni i se borat ,pod bilo koe ime da vlezat vo evropa i vo natoda sedat zaedno so evropskite pa i svetski GANSTERI. Aza drzavata ni uvo gi boli .BIDETE UPORNI MAKEDONCI ,ne go davajte imeto.
Од: toj sto videl bel svet
Датум: 10.09.2008 12:30:16
Ne mozam da veruvam deka ima vakvi ovci vo Makedonija - luge neprosetani, luge koi nikogas ne izlegle ili najdaleku bile do bugarija ili grcija. Vie takvite ne ste videle sto e demokratija i kako lugeto vo demokratija zieat! So golemi plati, so moznost da ubavi raboti i odlicno obrazovanie, prosetani po cl svet - so otvoreni oci! Vie takvite nikogas nema da go doziveete toa zatoa sto ke ja izolirate cela zemja so vaseto Makedonija i tocka, a mozda taa zemja nema ni da postoi za neklku godini! Sto mu fali na severna makedonija? Nisto. Mala otstapka za svetla idnina! Ama koj da ve ubedi, jadete leb i sol i ne izleguvajte od makedonija.
Од: Зоран
Датум: 10.09.2008 12:35:42
Ајде бе решето го имево веќе да одиме напред. Сме се стуткале тука, за ништо не не бива. Историјата покажала дека не можеме сами. А и веќе ми е гајле дали Александар или Филип ми биле предци. Доста гледаме во историјата, да гледаме во иднината.
Од: OD ITALIA
Датум: 10.09.2008 12:47:27
makedonija bilo i ke ostane REPUBLIKA DI MACEDONIA pozdrav do site onie sto mislat kako mene
Од: Taipov Abdula-intelektualec od turskata narodnost
Датум: 10.09.2008 13:26:41
Nekolku pati napomnav ushte vo 19 vek koga deneshna evropa barashe ot Osmanliskata Imperija da vovedaat reformi vo svojata zemja na mnogu pati se zboruvashe i za prashanjeto okolu obrazovanieto na malcinstvata takada so poseben ferman pod pokrovitelstvo na Solunskiot Valija MIDHAT-pasha pokraj grckata i bugarskatata gimnazija se otvori i gimnazija na makedonski jazik (1778/1879) zoshto toj Boklukjani se ushte izmisluva gluposti so obekanja deka ke gradele aftopat ili ke finansirale vo RM-fala im na se nemaat plateno se ushte grevot od 1015g.koga oslepija 15000 vojska na car Samoil. Nas ne ni e tolku teshko kolku niv samata EU-bara od GR.i Bug. demokratski promeni sega im e teshko. Resenie podrska na Gruevski i vladata i edinstveni site okolu ovaa prasanje kaji ja sakaat RM odgovor REFERENDUM so evropski posmatraci.
Од: evropa do "toj sto videl bel svet"
Датум: 10.09.2008 13:31:58
da ti e tolku dobro vo toj bel svet nema da visis na ovie stranici be brat i da davas komentar,mnogimina od nas vo bel svet sakame da se falime i lazeme a vispinata e nesto podobro od mak....a mak kako ce zavrsi ce vidime....mislav grujo igra na imeto patriot samo da ostane podolgo na vlast i da napolni dzepovi zatoa i izmisluva novi zakoni za polenje na budzetoto toj e prv da go smeni imeto koga vremeto ce dojde nee kriv nemic toj samo trese vrati plata da zeme samite treba da resime e EU koga togas ce mora da bara kompromis od Grcija a ne nas zatoa sto grcite go pravat nema logika no nema ni logika identifikacija na nas so antika kako Grujo go prikazuva znaci kocnicata e i vo nego.
Од: marija
Датум: 10.09.2008 15:11:40
do site onie koi se sto imaat im e "na prodazba"... kje dojde i denot koga po raspordazbata i kapitulacijata na MK i Jani-Vlavot i Tito- grckiot svat i dedo muva kje gi lazi, a damata pod psevdonim leloo konecno kje moze da go isprati sinot vo velicestvenata Evropa kade sto kje ima odlicna moznost da cisti javni toaleti, mete ulici ili eventualno da mie casi...za se drugo EU vekje si imaat svoi romanci i bugari...ili, eventualno, da ostane vo severna, polugrcka, polualbanska teritorija "formerly mistaken for macedonia" i da bide obezliceno cinovnice-robce vo nekoja goooolema internacionalna kompanija i da zema platicka od 400 evra so koja kje mora da gi pokriva kreditot so mesecni rati od 500 evra. Sto ni ostanjuva koga kje se izgubime sebe si? Tolku li e tesko da se veruva vo nesto vo sto veruvale nasite predci...i pritoa bez razmilsuvanje si gi dale zivotite za taa ideja? Zarem nie imame pravo ili pak izbor da si gi navedneme glavite... Ne ja zasluzuvame Makedonija...
Од: sandra
Датум: 10.09.2008 15:58:06
nikakva promena na ime samo MAKEDONIJA i tocka .a ti lelooo ako sakas sin ti da ima perspektiva i da ne ceka vizi za odmor jas sakam sin mi da ostane Makedonec.a Srna pojma nema od zivotot zalosno za nea .
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 10.09.2008 16:16:00
* Naucnata MISLA i VISTINATA ne trpat kompromisi ! * George Bernhard Shaw 1856-1950 g angliski dramski pisatel.
Од: Молител
Датум: 10.09.2008 16:29:17
Аманте бре иселеници ми се лоши од вашите коментари во стилот ние сме патриоти и не сме за промена на името а од друга страна земате огромни плати во странство, дојдете во Македонија па бидете патриоти со 100 евра плата и никаква перспектива од владеењето на црни Грујо само поголема сиромаштија и бесперпективност,партизација,трошење неразборно на државни пари за саморекламирање кое не носи никаков резлутат освен кај одреден дел на луге на кои и да се умира ке им е поважно да е вмро на власт отколку просперитетот на своите деца и на државата. Ама лесно им е на вмровците кога сите имаат БУГАРСКИ пасоши а се прават големи Македонци и патриоти.СРАМОТА
Од: Dejan
Датум: 10.09.2008 17:05:27
Zoshto sekogash nie Makedoncite morame da popustame pred sekoga i nikogash nema kraj na tugji baranje. Citajte malku shto ni mislat brakjata shto ziveat so nas, shto znaci deka i tuka treba da se bide na gotovs. Drugo ako SDSM popushtashe 15 godini i ne prodavashe kako besplatna orospija na site komshii okolu nas vreme e nekoj da ne napravi gordi shto sme Makedonci, i dosega od popushtanje air ne vidovme i plus bevme ponizuvani, e sega tie shto pokushavaat da ne ponizuvaat ne im se dozvoluva tuku im se vrakja so vruk shamar po liceto. Toa e shto nashiot premier momentalno go raboti, nedozvoluva djavolot dushata da ni ja zeme poshto samo ushte toa ostana od nas. A vie SDSM ili koi i da ste predavnici nema da mozete da vlijaete povekje poshto ste izolirani i ve nema veke, Makedonija ja vodad Makedonci, ne Srbomani ili Bugarashi-Ljupbcovisti. Vo sekoj pogled podrshka do premierot, kako i da reshi dali ce bide samo Makedonija ili ce bide nakraj VARDARSKA MAKEDONIJA jas go podrzuvam.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Продажбата на алкохол е намалена
Братучед на премиерот Груевски на клучна функција во Економија
Омбудсманот поведува кампања за поблиска соработка со граѓаните