Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Братучед на премиерот Груевски на клучна функција во Економија

Братучед на премиерот Никола Груевски е на клучна позиција во Министерството за економија, обвини „Транспарентност - Македонија“ на вчерашната прес-конференција. Единствен критериум за избор на Методија Хаџи-Васков на заменичкото место во ресорот Министерство за економија, а кој патем нема никакво работно искуство, се роднинските врски со семејството Груевски, коментираат во невладината организација.

„И понатаму се проширува и се стимулира фамилизацијата на државниот апарат. Наспроти бројните укажување и критики во јавноста за целосна партизација на институциите и инсталирањето роднинско-кумовски кадри на високи државни позиции, Владата продолжува со овој непримерен и недемократски начин на владеење“, изјави вчера претседателот на „Транспарентност – Македонија“, Сашо Орданоски.

Невладината организација бара од Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе постапка за реиспитување на овој класичен случај на непотизам.

„Транспарентност - Македонија“ со загриженост констатира дека власта продолжува со целосна партизација и влијание врз судството. Оттаму нагласуваат дека Владата има целосна политичка и функционална контрола врз Судскиот совет. „Оваа институција стана инструментво рацете на власта, со нарушен морален дигнитет и професионален интегритет“, нагласи Орданоски.

Претседателот на Судскиот совет, Бекир Исени, кој самиот се наоѓа во позиција на кршење на законот во однос на сопственото одење во пензија, е послушен извршител на наредбите на Министерството за правда и на министерот Михајло Маневски, велат во невладината организација. (К.Ч.)


Статијата е прочитана 2145 пати.

Испрати коментар

Од: RR: Ima li kraj?!
Датум: 10.09.2008 01:42:10
Toa ne e nepotizam.Toa e samo davanje mozhnost na struchnosta da ne bide limitirana poradi rodninskite vrski.Takvi se sekogash obrazlozhenijata na partijata na vlast,koga rodninite i prijatelite na nivnite funkcioneri gi zazemaat visokite i profitabilni pozicii vo drzhavata.Ama vekje ne pominuvaat izlitenite frazi,zahto ne se raboti za nikakva struchnost shto ne ja poseduvaat i drugi,tuku e alibi samo za nivnite.A tie se nedokazhani,nestruchni,mediokriteti,koi imaat samo edna prednost - pripagjaat na familijata od DPMNE.Zatoa na site kritiki ne se osvrnuvaat i si mislat:mozhe da ni pluknete pod pendzere.Scenarioto e zacrtano kako da se odviva i spored nego rabotat za sebe i svoite.Za neposlusnite:eve im bubachki,golemi ushi,pravobranitel shto nikoj ne go slusa,pa neka se zhalat.Ako ima koj da gi slusne i im odgovori.Vlasta ne e zainteresirana za problemite koi im go sozdava.Ima vreme samo za sebe i interesite sto treba da gi odraboti za drugi.
Од: vrabotena
Датум: 10.09.2008 06:51:19
Pa sto ocekuvavte VIE deka nekoj posten i cesen covek ke se vraboti. Toa dragi moi sogragjani nema da se sluci, tuku da si barame care i da si odime od ovdeka, bidejki nasekade ke sme povece pocituvani kakao ljugje od rodnata ni zemja.Da e samo eden vraboten pa i da zamizime tuku toa e plejada od rodnini i prijateli, partiski i paricno povrzani. Dobro utro Makedonci
Од: jimmy1
Датум: 10.09.2008 08:50:01
Steta sto ne sum vo rodbinska vrska so premierot, da bev ke si dobiev rabotno mesto Nisaj vrata zemaj plata. Pa ovaj diktator za tri meseci e upropasti Makedonija, cuvaj bose sto ke napravi dokolku ostane na vlast polni 4 godini. Go podrzuvam za nemenuvanje na imeto, ali za se drugo treba skapo da plati.
Од: Битола
Датум: 10.09.2008 09:03:54
Добро бе Грујо немаш поваке вмровци за вработување?Па само од твојата фамилија шо местиш на високи позиции?Значи немаш верба во твоето членство,а имаш верба само во твојата фамилија.Е,Никола,Никола,јас мислам дека многу лошо ќе завршиш.
Од: finansier
Датум: 10.09.2008 10:09:59
A majka mu na toj Vasko e vo ministerstvo za finansii, vrabotena od Gruevski vo 2000 godina i sega e glaven spiun i satrap na Slaveski. Napred "familijo" Mijalkovi!!!
Од: Flying
Датум: 10.09.2008 12:37:03
Za srekja sto ima pametni glavcinja kako Gosp. Gruevski abe sto da reci covek toj sto go zaposlil Gruevski sigurno e genijalec kako nego pa golem aplauz za GRUJO...dosta komunisti diktiraa vo republikava...
Од: zrze
Датум: 10.09.2008 12:50:50
Bravo bre Grujo zatoa li glasavme ,za vrabotuvawe samo na svoite rodnini.Sramota tuku mladite koi od usta ne gi vadis postojano si zaminuvaat od ovaa nasa zemja
Од: srebre
Датум: 10.09.2008 13:39:26
makedonija ce dobie od grujo isto tolku sto dobi od negoviot ucitel ljupceto........ili potocno ce dade........

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Продажбата на алкохол е намалена
Нимиц ќе предложи ново решение за името
Омбудсманот поведува кампања за поблиска соработка со граѓаните