Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Економија

Членството во ЕУ и во НАТО е магнет за инвестиции

Членството во ЕУ и во НАТО, само по себе, не носи директни странски инвестиции и економски просперитет, но во голема мера придонесува за поголема атрактивност на земјата за инвестиции. „Сепак, странските директни инвестиции, пред се', бараат добро деловно опкружување, приспособена законска регулатива во областа на економијата и можности за заштита на конкуренцијата“, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, на вчерашната конференција на тема „Бенефитот за македонскиот бизнис од членството во ЕУ и во НАТО“, организирана од Американската комора во Македонија.

Според него, за придобивката од членството во ЕУ и во НАТО најдобро сведочи искуството што го имаа државите од Централна и од Источна Европа, а кои сега се членки на овие организации.

„Не постои држава од тој регион што станала членка на ЕУ и на НАТО и која не минала низ еден период на зголемен економски развој, намалување на невработеноста и зголемување на бројот странски директни инвестиции. Веруваме дека таков ќе биде и случајот со Македонија, откако нашата држава ќе стане членка на ЕУ и на НАТО“, рече Наумовски.

Офицерот за врски на НАТО во Македонија, Давид Хумар, оцени дека најголемите бенефити од членството во Алијансата за земјата се индиректни, а не директни. „Одговорот е многу едноставен, ќе погледнете во соседството и можете да ги видите големите инвестиции во тие земји. Сепак, постојат и директни придобивки, бидејќи НАТО има заеднички буџет преку кој може да инвестира во членките“, рече Хумар.

Тој посочи дека иако Македонија не е членка на Алијансата, сепак, НАТО инвестираше во реконструкцијата на патната инфраструктура во државата на потегот од Гевгелија до Скопје, при што додаде дека може да се очекуваат нови инвестиции штом таа стане полноправна членка. (МИА)


#
Статијата е прочитана 522 пати.

Испрати коментар

Од: FELIX
Датум: 15.12.2010 15:57:01
Na ovoj komentar nedostasuva samo slikata na NG koga se smee.Od godina vo godina ova si idea stanuva se po prozirna ne samo ideata tuku i narodot taka uste nekoja godina neznam koj ke go lazat ako voopsto ima narod tamu!!!!??????
Од: mleko
Датум: 15.12.2010 23:13:27
tesko deka ke ima narod Felix ...site kutat se uplasile ko bajagi ke gi besat ...koi malverzacii se pravat i mislite deka tie politicari, ministri t.s mafijasi ke dozvolat da se vleze vo nato i Eu da kontrolira zapadot koga mozat oni da kradat uste sto ostana za kradenje

Најди! во Утрински
Економија
Потрошувачка треска на рати без камата
Истанбул и Банско - хит за пречек на Новата 2011
Пластичните ќеси - ќар за трговците
Каматите ќе паднат ако расте економијата
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census