Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Економија

Пластичните ќеси - ќар за трговците

Од примената на наредбата за забрана за користење пластични ќеси, која почна од 1 јануари 2009 година, единствена корист имаат трговците, тврдат од Групацијата за производство и преработка на пластични маси при Стопанската комора на Македонија. Според сознанијата на групацијата, од продажбата на пластичните ќеси со носивост до пет килограми трговците остваруваат профит од околу 80 отсто во однос на набавната цена на пластичните ќеси.

Количината пластични ќеси што се во употреба согласно со наредбата во големите маркети е намалена за 50 отсто, додека производството е намалено за 40 проценти во однос 2008 година, пред примената на наредбата.

Групацијата за производство и преработка на пластични маси при Стопанската комора на Македонија посочува дека е мал процентот на користење ќеси од биоразградливи материјали. Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека во процедура е иницијатива на Групацијата за употреба на биоразградливи ќеси, а потрошувачите да ги добиваат бесплатно и долгорочно да се помине целосно на биоразградливи ќеси. (МИА)


#
Статијата е прочитана 640 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утринс��и
Економија
Потрошувачка треска на рати без камата
Истанбул и Банско - хит за пречек на Новата 2011
Членството во ЕУ и во НАТО е магнет за инвестиции
Каматите ќе паднат ако расте економијата
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census