Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Економија

Потрошувачка треска на рати без камата

И банките и трговците уверуваат дека навистина не се пресметува каматата, a трошоците и ризикот го делат

Соња Маџовска


Предновогодишната треска започна, се купуваат подароци, техника, мебел, се уплаќаат аранжмани за скијање во Маврово, во Банско за пречек на Нова година во Париз. Сето ова е дел од понудата на туристичките агенции и трговците во соработка со неколку банки, која можете да ја искористите сега, а да ја плаќате во наредните 12 месеци, без камата. Од банките уверуваат дека навистина каматата не се пресметува, а трошоците и ризикот го делат тие заедно со трговците. Но, за да се реализира купувањето, потребно е да поседувате кредитна картичка од банките кои нудат вакви можности. Како и да е, ваквите шанси за шопинг максимално ги користат маркетите и Агенциите, кои секојдневно не бомбардираат со примамливи понуди за да ни ги извлечат парите, што вообичаено лесно ги даваме во декември, за после во јануари да си „свиркаме“ во празни паричници. Шпицот на масовно трошење пари се очекува да биде постигнат во наредните две-три недели, а најбарана стока моментно од белата техника, се ЛЦД телевизорите, фрижидерите, шпорет, машина за перење садови, за сушење. Не е мал интересот ниту за купување нова кујна, софа, но најмногу пари се очекува да се потрошат на играчки и облека.

А математиката е следна. Ако купите телевизор од 24.000 денари, месечната рата ќе изнесува 2.000 денари, во сите наредни 12 месеци на отплата. „Клиентите го избираат производот што сакаат да го купат и на каса посочуваат на колку рати сакаат да го платат, можат да изберат од 2 до 36 рати. Трговецот ја провлекува картичката на ПОС-терминалот од банката и го внесува бројот на рати. На сметката на клиентот се прави резервација за целиот износ, не се повлекува туку се резервира, а на истиот датум секој месец достасува по една рата, при што таа е без камата и е точен износ од сумата на производот поделена со бројот на рати“, објаснуваат од Стопанска банка. Исто така, од оваа банка велат дека кај самите трговци клиентите можат да поднесат барање за кредит во висина на производот што сакаат да го купат. Овој потрошувачки кредит може да достигне до максимум 300.000 денари, рокот на отплата е до 72 рати, а овој и наредниот месец за него не се наплаќаат административни трошоци. Банкарите велат дека овој тип на плаќања е еден вид замена за чековите, кои беа повлечени пред неколку години, а за кои сите се уште жалиме. Стопанска банка договори за плаќање на рати без камата има со „Пеко“, „Нептун“, „Техно-маркет“, „Васидора“, „Мотоцентар“, „Зона мебел“, „Прима мебел“, „Студио модерна“, „Травел хаус“ и други. Наместо да дадат попуст, се повеќе трговци се одлучуваат на овој начин да привлечат поголем број купувачи, а каматата кон банките тие ја покриваат. Ризикот за наплатата на ратите во наредните 12 месеци е во раце на банкарите.

Од НЛБ Тутунска банка објаснуваат дека тие ваков тип на плаќања нудат на 48 рати, но потоа трговците самите го одредуваат бројот на ратите.

„Вакви договори за плаќање на рати имаме склучено со туристички агенции, продавници за бела техника, за компјутери, сервис за автомобили, па дури и за плаќање на медицински услуги. Тие се на неопределено време, не важат само пред празниците, но трговците одлучуваат кога помасовно ќе ги рекламираат. Ризикот го сносиме ние заедно со трговците“, велат од НЛБ Тутунска банка. Оттаму велат дека овој начин на плаќање предизвикува голем интерес и кај трговците и кај потрошувачите. И ќе продолжат да склучуваат вакви договори.

Трговците пак, овие поволности најчесто агресивно ги рекламираат пред празниците.

„Кој не сака да купува без камата. Со Стопанска банка имаме договор за купување на 24 рати без камата, со Тутунска банка плаќањето без камата е на 12 рати, а со ’Дајнерс‘ на 6 рати. Моментно најбарана стока се ЛЦД телевизорите, односно тие се секогаш атрактивни, како и фрижидерите, или може да се каже целиот асортиман на бела техника. Врвот на купување го очекуваме во наредните недели“, велат од „Нептун“.

Покрај досегашните услуги, и од „Дајнерс“ велат дека во соработка со трговците, во декември нудат дополнителни поволности.

„Во тек се акциите, со ’Техно-маркет‘ за продажба на 12 рати без камата, а во ’Нептун‘ во декември купувате, а започнувате со плаќање од март наредната година на рати“, велат од „Дајнерс“.


#
Статијата е прочитана 1393 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 15.12.2010 12:08:22
Dali bankata ke ti go rezervira iznosot ili ke go plati vo celost e edno isto, so drugi zborovi ako imas pari ili limit(dozvoleno precekoruvanje)te blokira do toj iznos i od tie pari potoa plaka rati.Nisto posebno.
Од: Bankar
Датум: 16.12.2010 10:03:23
a ako eventualno nemas priliv na smetkata....bankata ke ti lupne kamata na docnenje za plakanje-zatezna , ataa kolku li bese... ke ni kazat li bankarite...???? sekogas go kazuvaat ona sto ni go pravi zivotot poubav dokolku igrame pod nivni uslovi. Ako eventualno gi prekrsime parvilata.... e togas teslo nas. Primer: ako imate rata od 10000 den. , na smetkata imate 9500 den... bankata ke vi gi zeme site 9500 den i ke vi lupne zatezna kata za site 10000 den... Ovoj trik ne e zakonski, ne posroi vo dogovorot, a nema sila koja sto moze da gi sprec bankarite vo nivnata cel...MOLZENJE na svoite klienti :)

Најди! во Утрински
Економија
Истанбул и Банско - хит за пречек на Новата 2011
Пластичните ќеси - ќар за трговците
Членството во ЕУ и во НАТО е магнет за инвестиции
Каматите ќе паднат ако расте економијата
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census