Во чиј џеб ќе завршат 25 милиони евра од разликата за даблдекерите?
Силјановски Трајче
... Шлаг на целиот овој архитектонски кич „Скопје 2014“. Континуирано продолжуваат да ја спроведуваат својата забеганост. Малку им е што ќе потрошат 200 милиони евра народни пари на камења и коњи, притоа без да не' прашаат, па сега ќе чекориме и по плоштад каков што Коце сакал, видел некаде па му се допаднало. Замислете, сега ќе не' возеле и во англиски автобуси! Свесни ли се што промовираат, на што им личиме? Промовираат патриотизам, а ни носат туѓи култури! Логика на оваа нелогика не постои, нема, и не се обидувајте да ја најдете.
Тоа е суштината на фантазмагоријата со двокатните автобуси. Ќе се возиме во англиска приказна со двокатни кинески автобуси.
Не е битна ефикасноста на проектот, не е важно дали старите и изнемоштени луѓе ќе можат да се качат на горниот кат во тој даблдекер и да бидат вклучени на Интернет, многу е важно кои тендер-интереси ги брани овој проект. Не еднаш, не двапати, туку трипати се обидоа преку меѓународен тендер да најдат производител на даблдекери, модерни, но со ретродизајн. Тендерите паѓаа како круши се' додека не се најде најпослушниот потписник, најрасположениот за делба на профитот со кабинетот на „Илинденска“ бб.
Само за споредба. Зборувајќи со дел од бизнис-колегите од Италија наидов на информација дека италијанската фирма побарала понуда од кинески производител на автобуси. Според пресметките, нивниот кинески автобус со истиот мотор, дополнителни трошоци и пресметани трошоци за транспорт би чинел најмногу 85 илјади евра, или двојно помалку од оној на компанијата што го доби тендерот. Во македонскиов случај постои разликата до 200 илјади евра, цена што ја понуди и доби кинеската компанија. Односно, за 302 автобуса вкупната разлика е 25 милиони евра. Каде ќе завршат овие народни пари?
Единствено е познато дека градоначалникот Коце Трајановски решавањето на проблемите со јавниот превоз, како што велеше во кампањата, ќе ги решава заеднички со централната власт. Ама на Коце му е побитно да ја донесе коцката на плоштадот што темелно го раскопа за да им отвори работа на фамилијарните фирми отколку да го реши деценискиот проблем на градот. Ама го разбирам и него. Полтронството мора да опстојува.
Од следната година ќе го гледаме Скопје од повисоко, од двокатните автобуси на кинеската фирма. Цело време сме изложени на една агресивна, бомбастична маркетинг кампања за наводниот патриотизам. Меѓутоа, ни во најмала мерка не е патриотизам само да му се кажува на народот она што сака да го слушне, каде е патриотизмот од економски аспект! Околу 50 милиони евра е цената за целиот сон на Владата. Зошто Владата што толку многу сака да ја заживее македонската економија не му го достави тендерот на скопски „Санос”? Очигледно тендер-стратегијата за екстра профит со „Санос” не била задоволителна. Од друга страна, пак, тие пари, или дел од тие 50 милиони, може да се пренаменат за изградба на трамвај во Скопје, брз ефикасен и економичен превоз. Барем нека го почнат, па можеби за десетина години ќе го дочекаме и тоа чудо.
Проект од општествен интерес а не проект за тендер-интересите на кабинетите од „Илинденска“ бб. Иако со изградбата на трамвајот барем за наредните пет-шест години ќе имаше работа за многу луѓе, ќе беше инвестирано во инфраструктура што ќе биде од долгорочен карактер, барем ќе возевме по пристојни коловози.
Трамвај немаме, патиштата никакви, сообраќајните казни се превисоки, а плоштадот разурнат! Знаат ли овие што прават? Сфаќаат дека си играат со судбините на живите луѓе? Ние сме виновни, сами си баравме и изгласавме преродба! Само се прашувам до кога ќе ја преживуваме оваа преродба?
Од: Sамо луѓе со краткорочен поглед не можат да го видат грандиозното визионерство!
Датум: 19.04.2010 07:37:47
Даблдекерите биле туѓа култура, па веројатно скопјани треба да се возат на магариња?! Жално е што има “македонци“ како овој Трајче кои проектот Скопје 2014 го доживуваат како “камења и коњи“. Помил им е СДС отколку Македонија. Овие од ВМРО-ДПМНЕ барем градат плоштади и купуваат автобуси. Би го прашал автотот - каде се и какви се плоштадите и автобусите што ги изКрадија твоите? Во чиј џеб завршија тие суми (а не разлика) од стотици милиони евра???
Од: скопјанец
Датум: 19.04.2010 07:44:43
Видете реченица: “Свесни ли се што промовираат, на што им личиме? Промовираат патриотизам, а ни носат туѓи култури!“ Подобро да траеше Трајче. Па магариња ли да промовираме од нашата култура? Или, на “Санос“ да му го дадоа тендерот? Како да е тој приватна своина. Тендерот. Аманте.
Од: Milky way
Датум: 19.04.2010 08:51:34
Колку кошташе Систина, болницата на Камчев и на Мијалков???Мислам дека се спомнуваше цифра од некои 27 милиони Евра.Ете Ви го одговорот каде заврши разликата од тендерот за автобусите...
А приказната е уште поинтересна ако би знаеле дека за нормално функционирање на тие автобуси треба комплетно менување на целата патна инфраструктура во Скопје, односно во деловире каде што тие автобуси би сообраќале, а тоа мислам дека ќе го испразни градскиот буџет уште за 10-тина милиони Евра.Ме радува една работа?!Мислам дека нема да дочекаат да ги видат автобусите како се возат по скопските улици, зашто или нема да стигнат, или кога ке стигнат оваа багра на чело со бате Саше, Грујо, Камчев, Јанакиевски, Јанкуловска, Тодоровски и мн.други ке биде зад РЕШЕТКИ...
Од: BRAVO
Датум: 19.04.2010 09:47:06
Во чиј џеб ќе завршат 25 милиони евра од разликата за даблдекерите? 25 milioni evra - pa toa ne se pari sitnica be......jas mislam deka parite se kaj....kaj.....kaj....
Од: Трпе
Датум: 19.04.2010 10:26:36
Даблдекерите ке завршат исто како Крајслерите на полицијата,кои беа набавени за време на владеењето на Љјубчо.Половината беа уништени уште првата година.Не гледајте што и како се купува,треба подобро да се провери кој профитира.За обичниот граганин никој не му ја мисли.Недајбоже што може да се случува по нашите ни улици со дупки не треба и да се помислува.Барем да набавеа само десетина вакви за атракција.Но лакомоста е побитна,а провизијата послатка.
Од: "Dlabokoumni vizioneri"
Датум: 19.04.2010 10:30:19
Do onaj g-din so "dolgorocni pogledi i grandiozno vizionerstvo": Sekako deka za razvivanja na tie sposobnosti ste zavrsile nekoj kurs na onie selsko- livadarski fakulteti, a verojatno ste imale i seansli na kratkorocni " partisko perenja na mozokot' , bidejci takvi darbini ne mozat da se steknat sekade. Za mene " dabldekerite " se cisto glupiranje i kalsicno" perenje" na pari, bidejci nie nemame ni tradicija ni patna infrastruktura za niv. Za vas so " vasite vizii" sekako e prifatliva i triumfalnata arka, i ' uvezeniot barok" vo 21 vek , a bogami mozda i izgradba na Ajfelova kula vo Skopje. Pa sto samo Parizani da se pravat vazni so nea. Nie mozeme da izgradime i povisoka i poubava , pa da im gi prevzememe i turistite. Samo npared "dlabokoumni vizioneri !!!
Од: kole
Датум: 19.04.2010 12:55:21
Vo dzebot na prerodbenicite vo 100 cekori se razbira.....
Од: До визионерот грандиозен!
Датум: 19.04.2010 13:49:03
Жална душо, Скопјаните треба да се возат во трамвај или модерни и економични автобуси кои ги има во нашето соседство.Овие даблдекери не само што ќе бидат грди и некорисни ,нема ни да бидат максимално користени од причини што не се прктични и не прилагодени на раскопани и со дупки полни улици.А овие што градат и оние што краделе ,еве шанса со уставен амандман сите дилеми да се отворат и да се види со бројки и букви „Ко то тамо пева„ што велат Србите.Ќе се види во чии тоа џебови завршиле „Шуми и дрва „ а сега мудро напаѓаат и се перат со „Venish„
Од: nekoj
Датум: 19.04.2010 14:26:47
Drzava-banana, bez ime. Zakoni-turli tava. Narod-nepismen.Mladina-zaspana.Ekonomija-0.Korupcija-visoka.Obrzaovanie-somnitelno.Zdravstvo-ne daj boze da sa razbolis. Megunarodni odnosi-skaraj se so site.Vnatresni odnosi-'jas sum pogolem graganec od tebe, a duri nemam ni rodnini vo "provincija". Psihologija-iskompleksiranost, nefleksibilnost,strav. Makedonija tone luge,mladite se iseluvaat, pa i celi familii, natalitetot paga, a i onaka sme negde okolu 1,3 milion (edna raka luge). Ke ne snema od kartata a vie se raspravate za Skopje 2014 -glaven grad-ama na koja Drzava vi se molam? Pa zar stvarno mislite deka sme nie drzava?