Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Кој ќе попушти - Груевски или Црвенковски?

Аналитичарите порачуваат дека е крајно време лидерите да сфатат оти е во прашање иднината на Македонија и демократските процеси

Билјана Јовановска


Двајцата политички опоненти - премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и шефот на СДСМ, Бранко Црвенковски, утре во 13 часот ќе седнат на заедничка маса. Ова ќе биде прва нивна средба откако Црвенковски се врати на челната позиција во најголемата опозициска партија. Разговорите, најверојатно, ќе се случат на неутрален терен - во Клубот на пратениците, но не е исклучено премиерот во последен момент да ја смени локацијата и својот најжесток политички противник да го покани во Владата.

На маса ќе имаат многу отворени прашања. Како гест на добра волја за работите да тргнат од мртва точка, во петокот Црвенковски соопшти дека одмрзнувањето на сметките на А1 и на весниците „Време“, „Шпиц“ и „**** е ре“ веќе не е предуслов за разговори, туку ќе биде тема на меѓупартиски преговори. Социјалдемократите не отстапуваат од барањето власта да се откаже од згаснувањето на овие медиуми, ама и од другите поставени услови. Пред се', опозицијата ќе инсистира на преговарачка маса со сите релевантни партии да изградат консензус околу Изборниот закон, потоа за Законот за медиуми и сите останати услови за одржување фер и демократски избори.

Без конкретен и прифатлив договор, СДСМ и целиот опозициски фронт нема да излезат на избори. Тие се против средби на кои, како што рече Црвенковски, премиерот ќе го донесе целиот омнибус од партии кои ја сочинуваат владејачката коалиција, тие ќе говорат четири часа, а Никола Груевски - само четири минути.

Пред да седне на разговори со Црвенковски, премиерот Груевски од трибина во Струмица го предупреди својот ривал да не излегува со барања со кои ќе купува време. ВМРО-ДПМНЕ, пак, непосредно по јавното прифаќање на поканата за средба, кое Црвенковски го искажа на прес-конференцијата, со соопштението со кое излезе, не влева голем оптимизам во позитивен исход од разговорот на двајцата лидери.
Од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ повторија дека на прифаќањето на поканата „гледаат како на обид да се извлече од ситуацијата во која сам се заплетка и со која сериозно им наштети на интересите на граѓаните и на државата“, но и дека се надеваат оти тоа е „уште еден блеф и политички маневар на Црвенковски со кој ќе сака да направи се' за да го стопира и наруши изборниот процес, во обид да ги пролонгира изборите само за да го одложи крајот на својата политичка кариера“.

Дали со ваквата реторика ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нивниот лидер нема да попушти ни педа, дека средбата ќе биде само формална, колку да манифестира подготвеност за дијалог и дека е подготвен да распише избори и без учество на опозицијата. Сето ова ќе се знае дури по утрешната средба. Во пролетта 2006 година, кога тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски три месеци не учествуваа во работата на Собранието, а излегувањето на парламентарните избори го условија со десет барања, владејачката СДСМ покажа флексибилност. Владо Бучковски како премиер имаше најнапред тет-а-тет средба со Груевски, на која беа прифатени девет од десетте барања. Дури потоа беше свикана средба со другите релевантни партии и ВМРО-ДПМНЕ веќе немаше причини за изборен бојкот.

Аналитичарите со кои разговаравме сметаат дека е крајно време двајцата лидери да сфатат оти е во прашање иднината на Македонија и демократските процеси воопшто. За Махи Несими нема сомневање дека „досегашните закопани ставови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не даваа надеж оти нивните шефови се преокупирани со иднината на земјата. Во тој поглед, одговорноста на Груевски е многу поголема, бидејќи не само што е премиер, туку е и претседател на најголемата владејачка партија и за сите случувања одговорноста е негова и на неговата ВМРО-ДПМНЕ. Поради овој факт, премиерот е тој што треба да покаже поголема флексибилност, а не опозицијата“. Аналитичарот, исто така, потсетува дека досегашните случувања јасно покажаа оти со конфронтации во Македонија ништо не е решено, па апелира да се изнајдат модалитети работите да тргнат напред, без оглед дали се работи за изборите или за сите други отворени прашања. Во спротивно, вели Несими, со конфронтации и со тврдокорно однесување се загрозува демократијата и, за жал, иако бевме лидер во регионот во однос евроатлантските интеграции, сите други земји од Западен Балкан може да ни станат пример како се води држава. За жал, денес работите се изменети и со тоа власта ја покажа сопствената неспособност за државничко однесување.

Професорот по политички науки Лазар Лазаров оценува дека самата средба е позитивен исчекор. „По сите перипетии од двете страни, мислам дека средбата сама по себе е добар знак, ќе биде за доброто на Македонија, бидејќи доволно го нарушија угледот на земјата и на внатрешен план, а особено на надворешен план. Се однесуваа како мали деца кога играат џамлии. Сега не можеме да ја обвинуваме меѓународната заедница дека ни се меша во внатрешните работи, зашто самите придонесуваме за таквото однесување. Ги навикнавме меѓународните претставници на таков однос, а сега ни пречат. Со тоа придонесовме Македонија да се третира како банана-држава“, вели нашиот соговорник. Проф. Лазаров. Сепак. очекува двајцата лидери да ги усогласат ставовите околу предвремените избори. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 4287 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 14.03.2011 12:17:34
Popularno receno ova e dobar "iscekor", no rezultatite od ova vazno sobitie se, sega za sega, samo spekulacii. Mislam deka ke ima popustanja i od dvete strani, no i deka Premierot nesto poveke ke mora da ima sluh. Malku mi e neprijatno, no moram da kazam deka Libija e tamu kade e, kako i Jemen etc, no primerot so Hrvatska ni e poblizok i geografski i politicki poaktuelen. Ne sakam da pravam sporedbi, tuka e i Pretsedatelot, pa suma sumarum ostanuva na liderite i na narodot da odlucat za svojata idnina. Inaku, indikacii deka sekoj brza ima-zamena na Guverner na Centralna banka. Da pocekame, pa tolku cekavme, ke bide-so lesno.
Од: Трпе
Датум: 14.03.2011 13:00:45
Овде нема потреба да се гледа,победени и победници.Само од актуелната власт се бара да ја смири топката и да се организират фер и демократски избори.Да се сопре колата која се движи по удолницата без сопирачки.
Од: Не му стиска
Датум: 14.03.2011 13:28:24
Да не зе забораваме - Црвенковски беше тој што бараше предверемени избори. А сега му е виновен некој друг.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 14.03.2011 13:37:54
"Koj ke popus(t)i !! Zar tuka ima dilema !! Ako pobedi segasniot vlastodrzec dzabe ke bidat site pisanija i plukanja protiv nego !! Ke go javne Bukefal i ke tera ponatatu so uste pogolema sila i merak !! Dali ke bide na arno ke vidime !! Ako dojde ovoj sto predvremeni izbori bara e togas site sme n......le!! Pocnuvajki od nego samiot !! Sto ke najde !!?? Se pocnato a nezavrseno !! Ako go dovrsi ke mora da priznae deka toj pred nego i ne bil taka los !! A ako go ostavi nezavrseno kako prugata kon Bugarija ete ti frleni stotici milioni evra a toj " ni luk jal ni luk mirisal " A narodot pak n........l.! Sto mu trebase na ovoj vtoriot da se perci koga znaese deka e poarno vremeto da go zakopa prviot ili pak se plasese deka togas negovoto ke bide zasekogas zavrseno pa go napravi posledniot ocajnicki blef !! Pa sega " sto nadrobil neka srka" !! A nas ke ni krkorat crevata !!! "Tako ti je mala moja kad ljubis BaCe-ta" Amin
Од: jaco
Датум: 14.03.2011 15:08:43
ako vo 2006 god. buckovski sednal so gruevski i se dogovoril redno e i gruevski da sedne nso crvenkovski da sedne i se dogovori ako togas od 10 uslovi se prifateni 9 sega gruevski treba barem 4 ri da prifati.Taka se dogovara vo demokratskite zemji kako sto i se dogovorile vo 2006.I koga si na vlast treba da ispolnis odredeni baranja na opozicijata kako sto nekoj ispolnil koga si bil vo opozicija.
Од: Pece
Датум: 14.03.2011 15:55:15
Nema koj sto da popusti ima samo koj treba da si zamini so tajfata na srejkna nova 1949.Od politicari kako Branko Tito Andov i site onie od vremeto mora da im receme fala i prijatno.Mnogu pati sum napisal ako sakame idnina mora da se reformirame taka da site oni sto e napustija sdsm posebno mladi kako elenoski poposki boceski i drugi na nekoj nacin se priblizat do sdsm ili vratat a ako ne podobro formiraat partija kade eden del od glasackoto telo ke se povleci so mladite i neizvalkani a drugiot so onie ednoumni,ili slicno kako sto napravi dpmne e posle ke imame kazano borba so idei a sega so sema makraduli cvetanka i onie dojdeni na zimi majka ni cueni ni videni potpretsedateli tesko da imame nekoj uspeh vo dogledno vreme a i da vidime kakvi kadri imaa dpmne a kakvi nie za sramota.Do kade stignavne so nasiov pretsedatel vejke i diplomatite go duvaat i mu baraat nacin kako de se oslobodat a toj so ona staroto,od da se bide gordos da bides clen na sdsm e dovedovne do partija na kriminal
Од: S. Goran
Датум: 14.03.2011 15:59:51
Aj molim te neka popustat i dvajcata i neka si odat od vlast, za da dojde nekoj domakjin covek i da napravi od Makedonija - zemja kako sto treba.
Од: Сергеј
Датум: 14.03.2011 17:12:32
Кога паметните попуштаат - владеат будалите. Токму затоа опозицијата воопшто не треба да попушти во своите барања. Не треба да дозволат да едно недозреано детиште и понатаму ја злоупотребува власта за да ги изживее своите лични фрустрации и комплекси. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Simce
Датум: 14.03.2011 17:56:01
Abe vie site gi komentirate ovie dvajcava na slika i barate koj e vsusnost poodgovoren i kriv za sevkupnata situacija vo Makedonija, Brance ili Grujo. Ne se odnesuvajte kako Mirka od Nova Makedonija koja go kritikuva celiot svet a posebno Amerika i Evropa za vnatresanta kakafonija vo koja e zapadnata Makedonija. Nikoj ne vi e kriv. Krivi ste vie NARODOT sto gi bira tie nepismeni i nesposobni vodaci da gi vodi. Sami ste si KRIVI, A za da se ispravite imate sansa na slednite izbori da ne glasate - bidejki nemate za kogo- pa neka nastane kriza koja mora da izrodi nesto vredno-da se nadevame....aj so srekja!
Од: Niko
Датум: 14.03.2011 19:19:58
Podobra vlast od ovaa ne sme videle... taka da ne treba da se odi nanazad... Brane go vidovme 100 pati dosega.... samo se zakopuva se podlaboko posle sekoe negovo doadjanje na vlast. Ako se ima nova opcija-super. Ako ne, Gruevski i elitata se dokazani i predokkazani deka znaat ta zasukaat rakavi i da ponudat-realiziraat dobri zakoni i proekti za dobroto na MK! Pozdrav do site i glasajte za DOKAZAN, a ne za LUZER!
Од: Zoran
Датум: 14.03.2011 20:58:51
Se kladam u 100 evra deka Grujo ke zakasni i na ova soocuvanje barem 30 min.
Од: 3G-македонскиот СУВерен
Датум: 14.03.2011 23:30:56
Sansite na LDP da stane glavna opozicija vo Makedonija se realni.Od edna strana bidejki sansite za bojkot od strana na sdsm&co. poradi realnosta od otsustvo na dogovor se 99,99%.Od druga strana nema treta opcija koja ke ponudi resenie na najgorliviot makedonski problem-imeto. Pa taka ke preovlada politikata sudbinata na imeto da se prepusti na milost na Grcite a dotogas nad Makedoncite ke visi Damakloviot mec-dali politicarite nema da napravat uste edno velepredavstvo. Kako i da e takvata zaednicka politika e podobra od kavgite dali da se napravi promena na imeto erga omnes ili samo na "nadvoresnoto". Konecno, otsustvoto na sdsm vo sobranieto ke znaci i konecen premin od avtokratija vo demokratija.PS:SMK i OMD imaat pravo na sopstveno mislenje i stav no propagiraat komunisticki bezdusno i kruto resavanje na problemot za imeto zaradi sto sansite za uspeh se merat vo promili. Osven toa praktikuvaat nihilizam i vrhovizam ramen na Karakacanoviot. Za nivna uteha nitu politickiot establismen
Од: Realist
Датум: 14.03.2011 23:52:36
Iako ponekogas i samiot sum protiv nekoi raboti,no real-politika e nesto drugo od se ima izlez pa i od situacijata vo koja e nasata zemja ,plukanjeto vo stariot bunar vo poveke slucai e i pogresno,gi povikuvam site politicki sbjekti vo Makedonija da zastanat zad Mototo site za podobra idnina na site nas,da se odberat luge so kapacitet i dokazani so fakti deka mozat da se spravat so iskusenija,ponekogas nekoi odluki se navistina ne prifatlivi no ako balansot e dobivka na podolg period togas da zastaneme site zad reformite.Vo Makedonija mi se cini deka poveketo od politicarite se politicari za da se zbogatat licno,dodeka na zapad politicari stanuvaat za da bida zapomteni kako luge koi odkako se zbogatile sakaat i ostanatite da osetat blagodeti od nivnata politika.Slucajno na you tube go gledav izlaganjeto na Gos.Doncev vo sobranieto na Makedonija,za reformi vo danocniot sitem i navistina mi se dopadna,zosto toj covek ne go iskoriti nasata zemja,ne znam, se pocnuva od Domakinot.
Од: Штипјанче
Датум: 15.03.2011 00:59:01
Попаметниот попушта, а тоа веќе го стори Груевски исполнувајќи ги четири од пет барања на опозицијата. Секако петото барање е апсурдно и неосновано со оглед дека станува збор за блокирање на средства стекнати противправно па нелогично би било да се застане на страната на криминалот само за да се здоволат теснопартиските интереси на СДСМ.
Од: MITRE OD RUVCI
Датум: 15.03.2011 08:05:37
Навистина е жалосно што СДСМ дојде во ваква ситуација,ПЕТ ГОДИНИ да не може да го надмине рејтингот на ДПМНЕ и да стравуваме за исходот на овие избори.Многу народ не може да го смисли ГРУЕВСКИ,но горчините од несериозноста,неодговорноста,ноншалантноста на БРАНКО не можат да ги заборават.Од СДСМ треба и мора да се тргнат и БРАНКО и МАКРАДУЛИ,Шеќеринска,Цветанка,Марјан Николов,ИГОР ШЕМА и сите што мислат дека се недопирливи.Треба нови луѓе,не млади по секоја цена,ами нови неизвалкани и кои имаат видено мака во животот,а НЕ СИНОВИ ОД ДИРЕКТОРИ;БИЗНИСМЕНИ;БОГАТИ ДОКТОРИ и ДРУГИ БИРОКРАТИ.Со такви власта никогаш нема да ја освоите

Најди! во Утрински
Втора страница
Деца без детство
Сите да ја поделиме одговорноста за името
Вербатим

"""