Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Поглед

Деца без детство

Даниела Трпчевска

Заклучено, изгладнувано, препуштено на судбината, запоставено токму од родителот кој треба најмногу да се грижи за него. Ваква судбина цела година преживувало деветгодишно дете од внатрешноста на земјава, немоќно да се справи со кошмарот што се случувал токму во неговиот семеен дом. Потресната сторија која деновиве беше обелоденета од страна на Детската амбасада „Меѓаши“ не може никого да остави рамнодушен. Таа е само сведоштво дека во земјава се' уште се случуваат семејни драми, во кои жртви се децата. Поради неагилноста на институциите, детската голгота останува затскриена зад ѕидовите во домот, а родителската негрижа и „изживување“ со најмладите останува скриена под куќниот праг, далеку од очите на соседите.

Ова деветгодишно дете, како и секое друго, посакува весело детство, дружба со другарчињата, родители кои го сакаат и се грижат за него. Но, место весела игра и мирен сон, детето завршило една година зад затворени врати, оддалечено од училиштето и од другарчињата, честопати оставано без храна и без мајчинска грижа.

Еден повик на СОС-телефонот на „Меѓаши“ ја разоткри стравотната судбина на ова деветгодишно дете на разведени родители. Една година талкање по институциите му биле потребни на таткото за да го врати дома своето чедо, за кое го добил старателството. Една годин�� им била потребна на институциите за да го спасат детето од кошмарниот живот, кој можел да има и трагичен епилог. Зошто не се реагирало навреме и колку вакви случаи остануваат затскриени далеку од очите на јавноста, се само дел од дилемите што се поставуваат со години наназад. Магичниот круг речиси секогаш почнува и завршува на исто место – кај семејствата и социјалните служби. Штом една од овие алки ќе попушти, товарот паѓа на плешките на најкревките, уништувајќи го нивното детство.


#
Статијата е прочитана 1441 пати.

Испрати коментар

Од: Дони
Датум: 14.03.2011 19:46:38
Родителите може и да се непресметливи, но центрите за социјална работа не смеат да бидат. За нив нема оправдување. Состојбата на едно општество се оценува според социјалната грижа, здравствената заштита, образованието,... Каква е состојбата во Македонија денес? На вработените во социјалните служби треба прво да им се обезбедат услови за работа, а потоа и да се бара одговорност од нив. Тие се огледало на државата.

Најди! во Утрински
Втора страница
Кој ќе попушти - Груевски или Црвенковски?
Сите да ја поделиме одговорноста за името
Вербатим

"""