|
|
|
|
|
|
5 прашања 5 одговори
Сите да ја поделиме одговорноста за името
Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз
Александра М. Митевска
Се подготвува ли Демократскиот сојуз за избори и имате ли план како ќе настапите - самостојно или повторно во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?
Демократскиот Сојуз е подготвен за учество на претстојните предвремени парламентарни избори. Во тек е изработка на изборна програма, каде што приоритетно место е дадено на создавање услови за нови работни места за подобра иднина на сите граѓани, но пред се на младите генерации. Во изработката на програмата ќе бидат вклучени домашни и странски експерти, ќе ги консултираме бизнис заедниците, синдикатите и другите асоцијации. Демократскиот Сојуз ја започна постапката за евидентирање можни кандидати за пратеници, каде што предност ќе имаат млади и едуцирани кадри, кадри кои се докажани во своите професии и кои можат да ги застапуваат и решаваат проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Демократскиот Сојуз е подготвен за самостоен настап, но мошне брзо ќе разговараме за тоа дали ќе учествуваме самостојно или заедно со други политички партии.
Накратко, кои се Вашите забелешки за функционирањето на коалицијата, со оглед на тоа што во последно време се' почесто излегувате со спротивни ставови?
Демократскиот Сојуз е дел од коалицијата „За Подобра Македонија“ во која членуваат над 20 политички партии, каде што секоја партија самостојно ги гради сопствените ставови за актуелните политички состојби, но и за стратешките прашања. Демократскиот Сојуз се обидува да има поголемо влијание при носењето на одлуките кои се од витално значење за државата и граѓаните. Нашите ставови не секогаш се совпаѓаат со ставовите на коалиционите партнери, но битно е тоа што сите партии сме цврсто определени за влез во НАТО и почнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија, како и за доследно спроведување на реформите, пред се во правосудството, јавната администрација, образованието, здравството итн. Борбата против организираниот криминал и корупцијата е една од приоритетните определби на ДС, а таа борба мора да биде неселективна и да се почитува пресумцијата на невиноста.
Сметате ли дека избори се вистинското решение за кризата, ако се имаат предвид многуте горливи проблеми што ќе останат отворени и по формирањето на новата влада?
Требаше прво да се изгради заедничка стратегија за решавање на спорот со Грција сврзана со името на нашата држава, потоа да се спроведе пописот на населението, да се донесат изборните правила, па потоа да се организираат фер и демократски избори во скандинавски стил. Но, поради бојкотот на парламентот од страна на СДСМ се усложнија политичките состојби во државата, се блокираа реформите, се наруши меѓународниот углед на државата, имаме застој во економскиот развој, како и парализа на функционирањето на демократските институции и нормално одвивање на животот на граѓаните. Затоа изборите треба да се одржат што е можно побрзо за да не ја држиме државата во заложништво на опозицијата. После изборите, прва, приоритетна и најважна обврска на новата Влада ќе биде решавање на спорот со Грција, како една битна претпоставка за деблокирање на евро-атлантските интеграции. За да се заврши оваа исклучително тешка задача неопходно е сите политички партии да преземат дел од одговорноста, за да престанат поделбите во државата.
Кој е Вашиот став за големиот наплив на кампањи против европските институции и нивните претставници?
Анти-европските ставови како и нападите кон дипломатските претставници на САД, и покрај тоа што се ставови на поединци или групи, се загрижувачки и спротивни на нашите стратешки определби и цели. Ние го респектираме секој искажан став, но исто така имаме полно право да искажеме несогласување, затоа што сметаме дека во меѓународните релации многу тешко се создаваат пријатели, а лесно се губат. ДС не се сложува со ставовите на самопрогласените интелектуалци „дека постои меѓународен заговор против Македонија, дека сите се против нас и дека за тешките економски и други состојби се одговорни другите, а не ние“. Тие што се убедуваат да ја амнестираат власта за некои евидентни слабости во државата ни прават лоши услуги и ваквите ставови е повеќе од сигурно дека ќе имаат негативни последици за Македонија. Нашите стратешки партнери, пред се САД, ја признаа Република Македонија под уставното име, вложија многу во јакнењето на демократските институции, во реформите во одбраната, како и јакнење на самостојноста и независноста на Македонија.
Какви ефекти очекувате од измените во Законот за лустрација, со кој сега ќе биде опфатена без малку половина нација и период од околу 75 години?
Големи се очекувањата од лустрацијата, но нема политичка волја таа да се изведе на начин на кој се изведе пред 20 години во повеќе посткомунистички држави. Кај нас лустрацијата повеќе се подразбира како инструмент за политичка пресметка со политичките противници, отколку како процес за „прочистување“ и расчистување со минатото. Широкиот опфат на лица за лустрација само го релативизира овој процес. Се плашам дека џелатите од еднопартискиот систем ќе се претстават како жртви и така се' ќе се измеша. Жалам што не се прифати во измените на законот да бидат предмет на лустрација и носителите на највисоки функции, кои користејќи информации од тајните служби и соработниците носеле одлуки со кои ги кршеле правата на граѓаните. Не очекувам во државата ништо позначајно да се промени и постигне, доколку паралелно со лустрацијата не се одвива и процес на рехабилитација на жртвите од едноумието. |
#
|
Статијата е прочитана 1879 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 14.03.2011 12:35:05 |
|
A bre moj Makedonc,i kolku politichki partii imate .Pa toa e sram ili shega ,vo niedna zemja vo svetov nema tolku politichki partii.Vie ne vodite rachunni za zemjata ni za narodot samo za vash interes ,sekoe selo politichka partija ,site rakovoditeli a nikoj ne saka rabota . teshko na Makedonskiot narod . |
|
|
|
|
|
|
Од: Stipjanec |
Датум: 14.03.2011 12:49:59 |
|
Go procitav samo prviot red i ne sakam poveke da citam, no sekako ke go prasam Pavle , sto toj napravi dosega za narodot i kako sto veli za mladinata? Nisto neli? Togas koj uste mu veruva na lazite negovi? |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 14.03.2011 12:57:04 |
|
Сите да сте ја поделеле одговорноста за името,,,,,,,,,,,.Каква Ароганција кај бевте досега?.Или ви беше добро Привелеги одлична Платичка.А Граѓаните ги доведовте до питачки СТАП Срамота. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586 |
Датум: 14.03.2011 13:49:47 |
|
Pavle ,Pavle golema prpa Te fatila !! Se mi mirisa oti go naseti krajot pa sega vrtis kapa !! Te gledam po mediumite a sega imas i intervju vo Utrinski ,koja cest , vrtis kapa,prv ke begas od koalicijata dosegasna ,udiras kloci na site strani !! Ako ako od super strucnjak stan los politicar !! Ili i Ti morase da odrabotuvas pa sega Te potrosija !! Steta ,steta, ama TI si profesionalec,vrati se na profesijata !! So pocit. |
|
|
|
|
|
|
Од: Svetski Makedonski Kongres |
Датум: 14.03.2011 14:15:15 |
|
Sekoja Strategija za Imeto koja ne vklucuva sudska razvrska pred Megunarodniot sud vo Hag e krajno amaterska, neozbilna i utopisticka!
Kako zaklucuvame, treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od MSP za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON i clenstvoto: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime (praven identitet). Po dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite organi vo OON. So ovaa postapka proces se zavrsuva.
|
|
|
|
|
|
|
Од: предавник |
Датум: 14.03.2011 14:42:35 |
|
Во времето кога на власт беше СДСМ , како одговорна партија донесуваше одлуки кои мораше да ги донесе во тој период превземајки ги и последиците ,кои негативно се одразуваа врз популарноста на партијата(приватизацијата,прифаќање на референцата ФИРОМ,територијалната поделба на Македонија по општини).ЕднашСДСМ прифатија и да ја поделат одговорноста кога ДПМНЕ направија ” контролирана војна” во својата држава со цел да спроведат некои нејзини политики.Која е логиката да ги собират плодовите од нивни чекори кои само водат во амбис , а пота ајде сите да се обединиме и заедники да споделиме одговорноста .СДСМ ќе го прифати секое решение до кое што ќе дојде оваа влада но одговорноста останува на нејзе.
|
|
|
|
|
|
|
Од: snajper |
Датум: 14.03.2011 15:28:05 |
|
se znae koi se odgovorni za pravenj problem so resenieto za ieto, branko i grujo, tie ke ja snosat odgovornosta |
|
|
|
|
|
|
Од: Историчар |
Датум: 14.03.2011 15:29:00 |
|
Не г-дине Трајанов. Одговорноста пред историјата е твоја а не моја како историчар. Ти имаше желба за власт иако си полицаец, а јас имав желба за историчар и јас ќе ти ја забележам твојата “историска“ улога на таканаречен политичар како и многумина други “политичари“. Нема бегање. Разликата меѓу нас че биде само во бенефитот, ти со многу пари и привилегии а јас едвам прживувам иако сум интелектуалец. |
|
|
|
|
|
|
Од: blagoja |
Датум: 14.03.2011 16:24:36 |
|
Pavle, meni ime na svojte deca, a makedonskoto ime ostavi go i begaj vo istorijata na predavnicite. |
|
|
|
|
|
|
Од: stip |
Датум: 14.03.2011 18:00:15 |
|
da ama vie politicarite, podelete ja odgovornosta i odgovarajte za posledicite sto ke gi nanesete.... |
|
|
|
|
|
|
Од: 3G-resenie:na Carot carevoto na Bog Bozjoto |
Датум: 14.03.2011 18:03:25 |
|
Po dve decenii od “nultata” tocka i so utvrdenite pozicii na stranite , resenieto e samo DF(Dvojnata Formula). No ne laznata dvojna formula sto ja lansira DPMNE(Skopia) odnosno promena na imeto i zacuvuvanje na identitetot i ime za nadvoresna i vnatresna upotreba. DF znaci prifakanje samo na ime so koe Grcija ke i se obraka na Makedonija vo bilateralnite odnosi. No kompromisnata referenca BJRM ke ostane zasekogas vo upotreba(koja i taka ima samo tehnicko znacenje) samo za vo OON, kako preventiva od vnatremakedonskite kavgi i nihilisticki porivi i za spomen na Bozestvenoto delo na makedonskiot duh koj se iskaci do Bozjoto Carstvo(a Bozjoto Carstvo e:pravda i mir i radost vo Svetiot Duh). Za upotrebata na imeto na Makedonija nadvor od OON treba da se izbori vladata. Znaci koga Grcija ke resi kako ke ja vika Makedonija, togas ke bide povikana Makedonija i toa ke bide prifateno vo OON a dotogas nema za sto da se razgovara i pregovara no procesot ostanuva otvoren za sekoj slucaj. |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзекмен |
Датум: 14.03.2011 18:49:15 |
|
edno e sto ako se popusti za imeto nabrgu ke bidat zbrisani makedoncite od diasporata, a drugo e deka i doma ke staneme so pomali prava od malcinstvata, a komsiite ( osven ex-ju) ne preiznavaat makedonsko malcinstvo a nie mora da im go priznavame nivnoto...
zrela e rabotata ako ne za otpor, ama da se predizvika pak balkanska vojna megu komsiite so ambicii, no tuka e i Turcija, edinstvena drzava sto ja podrzuva Makedonija.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojko |
Датум: 14.03.2011 18:51:27 |
|
citiram:"..каде што секоја партија самостојно ги гради сопствените ставови..." me iznasmea! |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 14.03.2011 18:52:43 |
|
"...обврска на новата Влада ќе биде решавање на спорот со Грција...сите политички партии да преземат дел од одговорноста". Како може да се реши спорот, во услови на отворени уцени, притисоци, на непризнавање на меѓународното право, и целосна подршка на ЕУ и НАТО на блокадите што Грција и ги прави на Македонија? Само со прифаќање на грчките шовинистички уцени е можно режение. Со одземање на правото на македонскиот народ да постои. Меѓутоа, треба да се има на ум дека секое здружување заради злосторнички подфат против човековите права и слободи е казниво дело според меѓународното право. Дури и говорите кои поттикнуваат на злосторничко здружување (пример Шешељј) се процесуираат. Така и овој повик на Трајанов го оценувам како повик за злосторничко здружување. Ако не денес, некогаш сите соучесници во обидот за холкауст врз македонците ќе бидат судени, според меѓународното право. |
|
|
|
|
|
|
Од: ?!!! |
Датум: 14.03.2011 20:31:52 |
|
I ovaj politicki autsader, koj se " slepa " so drugite partii,samo za da bide vo vlasta, a dolgogodisen vraboten vo site strukruri na MVR ( i vo poranesna SFRJ , a i posle raspadot),tipiceno policiski ukalapena licnost (ako nekoj treba da se lustrira toj trebada bide prviot) totalno bezlicna i bleda politicka licnost , so ograniceno obrazovanie , elokventcija intelektualni i obvrazovni kapaciteti, a eve se zanesol da i toj bide nekoj faktor vo resavanje na sporot so imeto?! Gospodo , Gospode, sto sme ti gresile, pa ni dade vakvi anonimusi i mediokriteti da bidat nekakvi faktori vo drzavava?!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 14.03.2011 21:13:26 |
|
ah pavle pavle pametot te laze a nema koj dati kaze. |
|
|
|
|
|
|
Од: безгласен |
Датум: 14.03.2011 21:44:39 |
|
Кога веќе не ги делиме правата и привилегиите, зошто да ја делиме одговорноста? |
|
|
|
|
|
|
Од: Joco |
Датум: 14.03.2011 22:07:50 |
|
Samo zaedno i slozno mozeme napred kon podobra idnina kako za nas taka i za nasite idni generacii |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 14.03.2011 22:23:11 |
|
до: Svetski Makedonski Kongres
Дали мислите дека Србија некогаш ќе го добие Косово назад?
Очигледно не ви е баш најјасно како одат работите во меѓународната политика.
Судот во Хаг ќе се прогласи за ненадлежен и Македонија ќе остане со прстот во уста. Само што неповратно ќе се изгубат години и години.
Ама што ви е гајле на вас. Вие си имате работичка платена од Владата за да бамборите, а овие 30% невработени нека му ја мислат. Не ни треба на нас ЕУ и НАТО. |
|
|
|
|
|
|
Од: vladimir petrovski |
Датум: 15.03.2011 06:43:10 |
|
koi se toa site dali vo site spaga i udba |
|
|
|
|
|
|
Од: lule |
Датум: 15.03.2011 08:43:02 |
|
Potrebna e strategija za imeto i mislam deka Pavle kako i D.Sojuz predlozija fazno reshavanje na imeto. Iako nitu eden graganin Ne saka da go menuva imeto a siguren sum i sekpj politicar koj si ja saka drzavata. Treba da se povleceme od pregovorite i toa trebase da go napravime koga ne priznaa SAD ... Nikogash Ne e docna. Sloboda i zivot. |
|
|
|
|
|
|
|
|