Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Прилепчани реагираат на високите сметки за данок на имот

За две години две различни решенија за данокот во Прилеп

Моника Талеска

Прилеп - Високите сметки за данок на имот ги револтираа прилепчани. Сумите се многу поголеми од лани кога данокот беше зголемен за 200 отсто. Тогаш имаше жалби дури и од фирмите, па се менуваа цифрите и се откриваа пропустите во таканаречената методологија за пресметување на даноци. И само што граѓаните се помирија со фактот дека треба да плаќаат повисок данок, повторно беа непријатно изненадени од решенијата со нови, нереални суми. Никому не му е јасно по која методологија сега се пресметани зашто станува збор за астрономски суми.

Од Одделението за администрирање даноци информираат дека треба да се плаќа данок, кој е соодветен на вредноста на недвижниот имот. Надлежните тврдат дека зголемените даноци се резултат на реална процена, која не била направена изминатите години. Новина е што првпат се оданочува и дворното место со најмногу два денара за квадратен метар во центарот.

„Данокот се зголеми над 100 проценти. Плаќав 300 денари, а сега 1.500 денари. А јас сум пензионер, инвалид, земам 6.500 денари. Поднесов жалба, ми бараат пари и за таксена марка. Ако ја уважат жалбата, ќе ми ги вратат парите, но дали ќе биде така“, прашува револтирано Димко Андоноски од Прилеп.

Но, тој е само еден од стотиците граѓани што секојдневно својот револт го манифестираат во Одделението за администрирање даноци. „Како може да плаќаме трипати повеќе данок од лани? Што се случи, што се смени толку во градов и во државава? Или можеби вработија многу, па сега од народот ќе собираат пари. Во странство еден процент да се зголеми данок цела држава се крева. Овде никој не реагира“, коментираат граѓаните.

И општинската организација на СДСМ жестоко го критикува овој чекор на локалната власт. „Во Прилеп недвижниот имот е имун на светската економска криза. Иако недвижниот имот во Македонија изгуби 15 проценти од вредноста, а се очекува нов пад за 20 отсто, сепак, општината ги зголеми даноците. Граѓаните што не можат да платат секојдневно се соочуваат со извршители. Наспроти сите ветувања дека даноците ќе се намалат, сепак, прилепчани од својот скромен семеен буџет треба да издвојуваат многу повеќе пари за да ги платат даноците“, изјави Драган Миноски, член на ИО на СДСМ.

 


#
Статијата е прочитана 791 пати.

Испрати коментар

Од: Flaster city
Датум: 09.09.2009 01:10:27
Високи ви се даноците а секој ден не можите да го изнафалите градоначалникот дека многу направи за градот. Што направил? Фонтани? Е па одете таму и капете се ви нив, белки така ќе се отрезните и конечно ќе почните да размислувате со ладни глави и празни џебови.
Од: gargi
Датум: 09.09.2009 04:04:09
Mu trebaat pari na Grue,vo nebrano e.Vazno e deka covekot go ispolni vetenoto-gi namali danocite i uste ke gi namaluva.Toa sto vi presmetal 200% poveke danok za plakanje,nema veze.Zatoa pak glasajte za nego,uste poveke da gi namali danocite i da vi presmeta danok 400% pogolem od toa sto ste plakale pred da se namali.Pozdrav do prilepcani
Од: Kolo Diamantotk
Датум: 09.09.2009 04:38:07
Neoti e taka taa ! vakvo nesto moze da ispadne samo nekoe komunisticko maslo od drug nikoj. Ovaa vlada se zivo namali samo da mu pogodi na narodot. Ako nee i najstinka golema laga ke ispadne.
Од: Toso
Датум: 09.09.2009 08:00:13
Go upatuvam novinarot i site zainteresirani da ja najdat i procitaat Metodolgija za utvrduvanje na pazarnata vrednost na nedvizniot imot Sluzben vesnik 50/2005, za da im stane jasno. Veruvam deka ima greski pri presmetkata, no fakt e deka vrednosta e zgolemena no ne samo vo gradot na heroite tuku vo site gradovi, napravete istrazuvanje za Stumica, Gevgelija, Tetovo, Stip, Veles, Kicevo... Sekade kade e primeneta Metodoologijata i komisiite izlegle na teren, sostojbata e takva. Zalno e sto nadleznite koi go administriraa Danokot na Imot do 2005 god ne ja azuriraa vrednosta pa zatoa sega ima golema razlika. Uste po zalno e sto Danokot na imot se koristi vo politicki celi, namesto da im se objasni na graganite... Bidete konstruktivni.. Danok e danok za site opstini... Razbiram deka 1500 e mnogu i za vraboten, a kamu li za penzioner, no moze da se plaka na rati.. Za sporedba 1500 den = 30 kutii cigari (doza za eden mesec).. Zamislete kolku trotoari se ispeseni i za toa nikoj nisto ne veli.
Од: Nikola
Датум: 09.09.2009 09:17:46
Nekoj mora da gi plati posnite sarmicki! da ne ocekuvaat prilepcani deka toa ce go platat radovisani?
Од: dr
Датум: 09.09.2009 10:57:24
koga i gi gledavte na severina kopanite na pivofest arno vi bese.so mislevte muzika i zadnica bespari e sega vidovte koj ja plati da se tresi so zadnikot. pa neka vi e na zdravje.a vgodina ke peela ceca pa misletemuja.
Од: јас
Датум: 09.09.2009 11:18:35
Па треба да се платат сите оние неписмени со портокалова книшка , новопримени баш во управата за јавни приходи , па во Комуналец( по 5 -10 души метат еден дела од улица во должина од 10 м) , во Водовод и сите други места за згрижување на неписмените вмровчина .Има 10 души новопримени баш во УЈП, ама од авион се гледа дека баткиве немаат ни 4то одделение и ми велат дека мојот дуќан чини за 10илјади евра повеќе од тој што се гради одма до мојот. .Наголема „трагедија “ е дека државата го гради и таа одредила цена на новите дуќани .А мојот дукан е стар скоро 20 години .Мислат дека дуќанот е вино ,колку постар , толку поскап..

Најди! во Утрински
Македонија
Заврши манифестацијата „Тиквешки гроздобер“
Македонија за малку пари ја загуби единствената фабрика за светилки
Чадорите при рака во наредните десетина дена