Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија
Заврши манифестацијата „Тиквешки гроздобер“

Кралот и кралицата на „Тиквешкиот гроздобер“ и боговите кренаа здравица за многу род и пари за лозарите

Кавадарци - Неколку илјади граѓани од Кавадарци и гости завчеравечер го проследија карневалското дефиле од „Тиквешкиот гроздобер“. Трагедијата во Охрид ги пролонгира овие активности за еден ден поради што беше и намален бројот на карневалските поставки.

Тринаесет поставки беа годинава дел од карневалот. Сепак, преполните улици во Кавадарци говорат дека имаше уште еден успешен карневал и, генерално, успешна манифестација „Тиквешки гроздобер“. И годинава не изостанаа основните белези на градот, градски оркестар, мажуретки и, секако, грозјето, виното и ракијата.

Кралот и кралицата на „Тиквешкиот гроздобер“ и боговите кренаа здравица за богат гроздобер, за многу род и пари за лозарите. Во завршната сцена не изостана симболичното газење на грозјето. Возбудувањата беа надополнети со спектакуларен огномет кој неколку минути ги привлекоа погледите на граѓаните.

На големиот вински карневал му претходеше детскиот карневал на кој младите од детската градинка и основните училишта ги покажаа своите желби, фантазии. Младоста и искреноста ги претставија традиционалните белези на овој град пред своите родители, роднини и пријатели. Настап имаа и дечињата од детскиот фестивал „Гроздоберче“. (А. Д.)


#
Статијата е прочитана 319 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Прилепчани реагираат на високите сметки за данок на имот
Македонија за малку пари ја загуби единствената фабрика за светилки
Чадорите при рака во наредните десетина дена