Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Центарот на градот во новогодишно розово руво

Денеска се очекува со новогодишен сјај да блесне и улицата „Македонија“ на потегот од плоштадот до Музејот на Скопје. Со тоа ќе заврши украсувањето и централното градско подрачје ќе светне во празнично руво. Градот и годинава задоцнето го доби новогодишниот декор, дали поради некоординираност со спонзорите или, пак, од причини познати само на учесниците во украсувањето.

Елката светна дури викендов, иако се најавуваше за претходната недела. И не само што е продорно розова, туку на многумина им боде очи симболичниот врв на спонзорот кој, како што коментираат граѓаните, е вишок, бидејќи ретко кој не знае која фирма е „облечена“ во розово.

Таква розова нијанса, како и најголемиот дел од новогодишните светлечки украси на плоштадот, ќе има и улицата „Македонија“. Вчера привршуваше монтирањето на лустерите и на другите украси што треба да засветат денеска. По должината на целата улица ќе има осумдесетина светлечки лустери во розова и жолта нијанса. Со светлечки црева ќе се обложат сите дрва, додека канделабрите ќе имаат наизменично розово светлечко црево или жолта светлечка елка. Речиси во идентично новогодишно руво се очекува денеска да осамне и улицата „Максим Горки“.

Традиционално, центарот на градот ќе живее во новогодишна атмосфера до 15 јануари. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар

Од: senka
Датум: 23.12.2008 08:42:37
e bas e se rozovo vo drzavava, i bas e praznik za sekogo, pardon za nekogo a se znae za kogo.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Привршува уривањето на потпокривот на Кинескиот ѕид
Проектот за трамвајот доцни две недели
Споменик на Тоше наместо на Александар Македонски