Доцнењето на проектот за изградба на депото автоматски ги пролонгира сите други рокови
Деспина Трајковска
Најкапиталниот и, според многумина, најфутуристички проект - изградбата на трамвај во Скопје, градоначалникот Трифун Костовски на крајот од мандатот веројатно ќе го остави само на хартија. Со оглед на тоа дека корпорацијата, предводена од италијанските фирми „Џанкарло Боно - Долџаго“ и „Аксиома дизајн“, доцни со подготовката на проектот за изградба на трамвајското депо, неговата реализација се пролонгира.
Пред две недели истече договорениот термин за предавање на проектот до градските власти, иако при потпишувањето на договорот од корпорацијата најавија дека својата обврска ќе ја завршат и пред утврдениот рок. Од Градот не кријат дека избраната фирма доцни со обврската, но, сепак, додаваат дека тоа воопшто не значи целосно запирање на работите. Градските власти уверуваат дека, во меѓувреме, надлежните служби работат на утврдување на сопственоста на земјиштето каде што треба да се гради депото. Со оглед на тоа дека во најголем дел тоа е во државна сопственост, од Градот подготвуваат документација што ќе им биде алиби за барањето до Министерството за транспорт за отстапување на земјата на користење во траење од 99 години.
„Доцнењето од две недели не е голем пропуст, но, сепак, е пролонгирање на работите. Автоматски ќе се помести тендерот за избор на изведувач, што значи дека и изградбата нема да стартува во втората половина на февруари, како што планиравме“, велат од Градот, но потенцираат дека не се обесхрабрени во намерите грандиозниот проект за трамвај во Скопје да стартува на крајот од мандатот на сегашната градска постава.
Во Градот очекуваат проектот за депото да го добијат до крајот на неделава. Во меѓувреме, завршил и тендерот за избор на фирма што ќе врши ревизија на проектот. Тоа е шпанската компанија „Идом инженерија“, која на тендерот за проектот на трамвајскиот систем беше второрангирана. На конкурсот, пак, за избор на ревизор, оваа фирма всушност била и единствената заинтересирана.
Инаку, во првата фаза од проектот за трамвајот се предвидува изградба на главното депо во Ново Лисиче кое, всушност, е основа за целиот систем. Тоа ќе се протега на 13.000 квадратни метри и ќе се гради фазно. Во него, покрај простор за сервисирање и гаражирање на трамваите, ќе се наоѓа и контролна соба за сигнализација и нивно управување. Ќе има капацитет за 40 трамваи и шест т.н. трамвајски воза. Првата фаза од проектот предвидува и изградба на првата трамвајска делница, во должина од девет километри, која ќе води од Ново Лисиче до центар. За целосна изведба на првата фаза на трамвајскиот систем Градот има издвоено 7,5 милиони евра.
e trifune so konzervi vo 21 vek? so zastareni idei ? zalam ama ..nema da ostvaris debelo profitce od takvite megalomanski dolar proekti.zalam sto biznisite ti propagjaat pa gledas duri od svojot narod da grabas.ne ti pomagaat ni kvazi donaciite,fajront ...proziren si
Од: zora
Датум: 23.12.2008 08:50:19
site vo svetot gradat metroa a nie tramvai, e kolku sme nazadni, ama zatoa prvi sme i treba vo ginisova kniga da vlezeme za IDEI a najveke za LOPOVLUK......E NI NEMA RAVEN, tolku malku narod ama mnogu umen.......................
Од: Пинг
Датум: 23.12.2008 09:31:06
Во некоја наредна прилика би сакал претходниве коментатори малку повеќе да ги објаснат ставовите околу “застареноста“ на трамвајот како средство за јавен превоз на патници. За жал кај нас само “политичкиот“поgлед кон личноста е пресудна да донесеме заклучок за проект или работа. Јавниот превоз на патници е многу сериозна работа, и секој градоначалник во било кој град (мислам на поголемите градови) кој ќе го реши проблемот со јавниот превоз, решил повеќе од 50% од проблемите на граѓаните. За жал, досега ниту еден градоначалник на ��копје не се ни зафатил со овој проблем. А дојдено е “нож до коска“, погледнете го само хаосот низ скопските улици во било кој временски интервал. Поздрав до сите Ваши и наши. Поздрав до сите Ваши и наши. И по кој знае кој пат, Ве молам сите што пишувате коментари, правете го тоа на КИРИЛИЦА.
Од: марија
Датум: 23.12.2008 10:21:46
Против воведување на трамвај , скопјани одамна се одлучија на референдум, а сега при крајот на мандатот, се турка неприфатлив и застарен проект за трамвај, изумот на 19 век.Скопје нема улици за трамвајот, кој прави бучава, бавен е, бара простор, а и возачите не знаат да возат на улици по кои се движат рамваи. Се на се, лоша замисла. Во Скопје треба улици, со проток, а не затки, на секаде, Партизанска завршува во згради, (изумот на Грчев, што е дебело наплатено, сигурно,) затворен плоштад, а тоа го нема во ниту една светска метропола.НАшиот плоштад нема содржина, нема никава функција, а можеше многу да го растерети центарот на градот и неговиот сообраќај. Но, се е наопаку, па и ова со трамвајот и затнатите улиц.Само згради, за да дојдат повеќе луѓе од внатрешноста, а другиот дел на земјава е празен, а улици нема. Тешко на идните г енерации.Нека се присетат само на препораките кои беа дадени поз емјотресот во 1963г. дека не смее да се градат згради повеќе од 6 ката! А Скопје сега?
Од: Itar Peyo
Датум: 23.12.2008 11:36:41
Pod hitno da se otvorat granicite pa makedoncite da mozat da patuvaat vo stranstvo i da vidat sto znaci tramvaj. A i novinarite da patuvaat vo stranstvo, ili barem da citaat stranski vesnici, pa da znaat deka depoto e posleden segment sto moze da ja zabavi izgradbata na tramvajot.
Од: Nikola
Датум: 23.12.2008 18:56:19
Tramvajot e idealno resenie na javniot gradski prevoz, ekolosko resenie koe ne ja zagaduva okolinata, a denesnite tramvai se tihi i bez bucava.
Se cudam da pokraj veke izgradenoto DEPO - Tehnicko patnicka stanica ( izgradeno za zeleznica no neiskoristeno ) moze bez problem da ja obavuva i funkcijata za tramvajot. Dolniot stroj e ist kako i kaj vagonite, masini, oprema i strucen kadar vo MZ ima vo izobilie. Toa im kazuvano na nadleznite no tie i od ovaa investicija sakaat da zgabat za sebe i predlagaat da se gradi novo depo koe vo investicijata ucestvuva i do 40%. I dejni resenija i proekti ima od poodamna izgotveni. Segasniot predlog e neekonomski, nestrucen i diletanski , a celta e sto e mozno poveke da se prigrabi za sebe od tugite pari, bez da se vodi smetka za tie koi potoa ke go upravuvaat sistemot. Stramot, za gradskoto rakovodstvo i za site onie koi veruvam se strucni no sepak aminuvaat na vakvo nesto. Go zalam gradot Skopje, ja zalam Makedionija so vakvite proekti.