Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Трговијата со луѓе најпрофитна „индустрија“

Тамара Грнчароска

Со профит од 2,5 милијарди евра за една година, трговијата со луѓе е најпрофитната „инд��стрија“ во Европа, укажуваат експерти од Комитетот за миграција, бегалци и популација на Советот на Европа, на состанок што се одржува во Скопје. Информациите на Интерпол, но и на другите релевантни институции и организации што се занимаваат со оваа проблематика, укажуваат дека оваа гранка на организираниот криминал е најбрзорастечка, со најголем профит, и се наоѓа на трето место веднаш за недозволената трговија со дрога и со оружје. Интересно е да се спомене дека трговијата со луѓе за сексуална експлоатација се намалува во корист на трговија со луѓе како работна сила. Тоа делумно се должи на стареењето на популацијата во Западна Европа и на недостигот од работна сила, а спротивно на тоа, сиромаштијата и недостигот од работа во земјите во развој.

Нашата земја во вкупната европска слика на недозволена трговија со луѓе и миграцијата не отстапува од просекот и на неа се гледа како на извозник на луѓе, но и како транзитен канал од Истокот кон Западот. „Шверцот со мигранти преку Македонија има нагорна тенденција наспроти трговијата со луѓе, која последниве години се намалува“, вели директорот на регионалниот центар за миграција - МАРРИ, Трпе Стојановски. Според него, двата феномена се блиски, но различни, и со извонредно профитни дејства, подеднакво доходовни како и криминалот поврзан со трговија со дрога и со оружје. „Досега светот и Европа малку повеќе беа ориентирани кон трговијата со луѓе заради сексуален експлоатација. Другиот дел не е доволно истражен и недостигаат објективни параметри за мерење на експлоатацијата во делот на трудовата миграција и трговијата со луѓе“, смета тој.

Според него, регионот е транзитна рута по која се транспортираат жртвите од источните земји во Западна Европа, но не е многу атрактивен како крајна дестинација за трговијата со луѓе, пред се', поради нискиот економски развој и стандардот. „Но, криминалците се без скрупули, и ако можам да кажам, тие имаат ’стока’ за секое подрачје, и го напаѓаат регионот“, вели Стојановски, додавајќи дека засега МАРРИ не располага со статистички податоци за тоа колку луѓе од регионот се жртви на трговијата со луѓе, како и колкав е профитот во овој дел од Европа од ваквите криминални активности.

Статистичките податоци на Меѓународната организација за миграција, пак, покажуваат дека во секој момент 2,4 милиони луѓе се жртви на трговија со луѓе од кои 1,2 милиона се малолетни. Сепак, статистиките за овој феномен на глобално ниво се изнесуваат со резерва, бидејќи прецизни податоци за тоа засега нема. „Овој феномен има пандемиски последици и од него е зафатена секоја земја во светот, без оглед дали е ’извозник или увозник’ на луѓе“, вели Кнут Братвик од Интерпол. Според Братвик, целосната слика на глобално ниво за трговијата со луѓе може да се создаде само кога сите држави ќе достават информации за тоа. „Дотогаш ќе има празни места во нашата слика за овој феномен“, рече Братвик.

Според Горан Линдблад од Шведска во борбата против трговијата и шверцот со луѓе, потребно е да е смени и однесувањето на државите кон жртвите за да се спречи нивниот страв да им се обратат на институциите. „Потребно е да се работи на интеграција на имигрантите“, е ставот на Линдблад. Притоа, како позитивен пример се спомена односот на Њујоршката полиција, која во третирањето на ваквите случаи не се води од тоа дали се работи за илегални или за легални емигранти.

Во дискусијата можеа да се слушнат и забелешки за депортацијата на Ромите од Франција. Притоа, еден од потпретседателите на Комитетот, Тадеуш Ивински, рече дека е срамно она што го направи Никола Саркози, но оти им ги врзал рацете“.


#
Статијата е прочитана 598 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Тодоров дели совети за пожарите
Старата инсталација ги пали училиштата
Разочарувачка слика на Камениот мост



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing