Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Разочарувачка слика на Камениот мост

Сигурно беа дојдени и гладни, но генералната слика не беше одраз на сиромаштија, оценуваат социолозите

Маја Томиќ

Вистински одраз на македонската социјална беда или одраз на ниската култура кај граѓаните, па со тоа беше промашена целта на манифестацијата!? На што личеше неделниот појадок на Камениот мост во Скопје, на кој беа планирани 2.000 лица, а дојдоа двојно повеќе?

Комбинација и од двете работи, генерализираат социолозите. На појадокот, замислен како настан за дружење меѓу луѓето, по примерот на повеќе западни метрополи, што треба да премине во традиција, имаше се', само не и примерно однесување од најголемиот дел присутни граѓани, кои се тепаа за понудената храна и за половина час ги испразнија чиниите.

Дали дојдоа гладните и сиромашните за да се најадат без пари или навалија љубопитните и осамени пензионери, кои сакаа да го минат денот поинаку?

„Она што се случуваше на појадокот заслужува психолошка и социолошка анализа од надлежните институции. Видовме една разочарувачка слика на лица без достоинство, без оглед дали дел од нив биле гладни и сиромашни или не. Организаторите требаше да го имаат предвид менталитетот на народот кога ја осмислувале случката. Карактеристично беше што во најголем дел беа присутни возрасните, пензионерите, кои имаат какви-такви приходи и не би можело да се каже дека се социјални случаи. Тие секогаш се први секаде каде што нешто се дели. Можеби го прават тоа поради осаменост и изолираност, па сакаат малку дружење. Секако, сигурно на појадокот имаше и сиромашни и гладни, но, сепак, мислам дека, генерално, сликата не беше одраз на гладните и на социјалците“, вели социологот Љубица Чонева.

Таа додава дека нашата нација се' уште е со пониска култура од западната кога станува збор за вакви манифестации и оти ќе треба да поминат години за вистински да се доживеат и одбележат ваквите видови случувања.

Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека е добра иницијативата на градските власти за оваа хумана манифестација, но самиот настан беше очигледен доказ за големиот проблем со сиромаштијата.

„Статистиката покажа стапка на сиромаштија од 31 отсто, но, реално, таа е повисока. Познато е дека стандардот на граѓаните е многу низок. И пензиите на возрасните ниту оддалеку не им обезбедуваат пристоен живот, така што не би требало да чуди што тие беа најбројни на неделниот појадок“, посочува Дончев.

Најновите статистички податоци за сиромаштијата покажаа дека 28,2 отсто од сите сиромашни во државата живеат во Скопје, а 42,3 отсто, или најголем број сиромашни се од руралните средини. Процентот на сиромаштијата во 2009 година беше 31,1 отсто, наспроти 28,7 отсто во 2008 година. Власта вели дека тоа било очекувано поради кризата. Најсиромашни и натаму се невработените и семејствата со повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените е 40,5 проценти, а дури 56,7 отсто од сиромашните се со максимум основно образование. Најсиромашни се лицата од 49 до 59 години, кои зафаќаат 56,8 отсто од вкупно сиромашните.

Според Министерството за труд и социјала, во земјава има околу 53.000 социјални домаќинства. Притоа, месечната парична помош изнесува од 2.173 до 5.300 денари, но само во првите две години. Во третата, четвртата и во петтата година се исплатуваат 70 отсто од тој износ, а по петтата година по 50 отсто. Најголем процент од социјалните домаќинства се од Скопје.

Колкумина од нив беа на неделниот појадок на Камениот мост, останува непознато. Како и да е, вистинските социјални случаи можат секогаш да се видат во народните кујни, каде што без турканици го земаат и го консумираат поделениот оброк.


#
Статијата е прочитана 5176 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.09.2010 12:27:10
Стварно голем пропуст на властите што дозволија некои со полни кеси храна заминаа непречено.Па така бабата остана без сокче за внучето. Градоначалникот требаше да прави претрес и се она што ќе најдеше да го вратеше назад на масите за послужување.Инаку изненадува тоа што инаку секогаш информираните новинари не дојдоа до процентот на социјалците на мостот,па така останува дилемата имаше ли повеќе пензионери од социјалци.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 21.09.2010 12:48:26
Не споредувајте го доручекот на Харбур Бриџ и оној на Камениот мост во Скопје. Овде во Сиднеј секој си носи свој доручек, воедно собираат пари за општо добро за некој проект. Трајан не треба да ги имитира западните метрополи. Разликата е во еден милениум еволуција. Кај нас владее глад и некултура. Никогаш повеќе нетреба да се повтори оваа случка, тажна за гледање.
Од: tihi
Датум: 21.09.2010 13:41:44
Poslednata recenica ja kazuva celata vistina. A ovie sto bea na mostot se obicni GAGADZII (ne site sekako) sto rasipuvaat secija dobra namera.Na ovie i kiselina da im davas da pijat bespari ,ke se potepaat koj poprvo da ja ispie.Lugje bez dostoinstvo.A takvite , bez razlika na cenata ,odma bi u EU ,zatoa sto mislat deka od tamu se e gaga.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.09.2010 13:59:11
Имаме неизмерна желба да наликуваме на Европа и Светот,но...Сакаме да имаме скулптури,како во Европа.Сакаме да имаме фонтани,како во Европа.Сакаме да имаме Барок,како во Европа.Во Париз има велосипеди,калдрма,Ајфелова кула,Нотр Дам..Во Лондон има метро,Биг Бен,Замоци..Во Рим,Фонтана ди Треви..Има многу нешта,но кај нас има и такви,што се дрогираат-затоа што така било и во Европа!Жален факт е дека,што и да изградиме,што и да создадеме,ќе биде „како во...“,но (не)културата и менталитетот,нема никогаш да успееме да ги промениме!
Од: TRAJANKA
Датум: 21.09.2010 14:02:07
Kulturata e vo prasanje , a ne glad . Sekoj sto dosol dobro namerno , so torba polna nema da zamine . Manifestacijata e ubavo zamislena i treba da prejde vo tradicija . Vo idnina bi mozele i mnogu domakinki da se priklucat so dobrovolni prilozi na Pita ili Kolacinja i drugi proizvodi za jadenje . Koga nema lakomi jadenje ima za site .
Од: Б.
Датум: 21.09.2010 14:08:06
А бре,луѓе,сиромавиот има чест,достоинство и карактер,затоа и е сиромав,зарем има некој што не го знае тоа!?Тој ќе буричка и во контејнер,но нема да го моли за јадење никого,најмалку такви како грујо и коцкичка!
Од: zaprepasten
Датум: 21.09.2010 14:12:37
Cela sreka ne bese ovoj "vazen nastan" vo petok. A moze i steta, ke dojdea penzionerite. Neli vo petok besplatno go vozime. Da se cudis, sto uste nema da im tekne!
Од: prijatel
Датум: 21.09.2010 14:29:15
Сра невиден,тоа е Грујова Македонија епа сега видете тоа ти е преродба во 100 чекори. Баравте гледајте,догодина ке биде уште по катастрофа.Пре...ба пре...дба,знаењето е мќ знењето е сила напред грујо на овој народ и тоа му е многи ти тоа добро го знаеш и само напред.
Од: Daleku sme od kulturata
Датум: 21.09.2010 14:32:22
A be ostavete go Zaopad i Avstralija, odete tuka do nas, na primer vo Hrvatska, pa ce vidite sto e kultura. Nie Makedoncite, nazalost, sme eden od najnekulturnite a najmnogu frustriranite narodi. Toa mozete da go vidite i kaj nasite novinari i politicari, tie se odraz na nasata opsta nekultura i bolna frustriranost i samobendisanost.
Од: Мане
Датум: 21.09.2010 14:59:48
Она што говидовме на камени мост беше БЕДНО, ЈАДНО и ОЧАЈНО. Видовме како нашиов народ за една мекица си го гази своето достоинство. А замислете Грција да поставеше тезги со гиро на камени мост со напис ‘гиро за име‘. Ведна�� ќе имаше исти турканици како што видовме пред некој ден.
Од: borce
Датум: 21.09.2010 15:12:56
Covecko oko e nenasitno ne veruvam deka site tie chto polnele kesinja deka nema chto da jadat.Drugo eden rucek nikogo ne moze da zadovoli aku nemach za sekoj den.
Од: Трпе
Датум: 21.09.2010 16:12:08
Важно е што сме држава која живее за традици.Еден ден може да биде поголем од една цела година.Ако народот има стандард,слободно да си набавува квалитетна храна за секој ден,ќе биде проблематичен.Гладен народ нема сила да се буни.
Од: Деда Џоше од Мартиницу
Датум: 21.09.2010 16:17:19
На што је личае фриштик на Камени мост???Па новинарке на 2-ри мај ,д`н на трудбенике, какој у Коцево време .Ама овуј је гага!Сигурно га фанала носталгија!Само да гу не фане мерак и за шпанска корида! Куде ќе најдеме пеливани,а и нешто слабо стоиме с`с бикове ,само оне на трг, ама тешки су им муда па ќе можев да се играв.Недајтему,Коце никако да не ни помирише Шпанску! Одма ќе ни гу донесе и куде нас!И ја и моја баба ќе трењираме за наредни фриштик,за да имаме кувет за старт „вешти пензионери„ Само какви су цифри од овуј , 31,123456% сиротињу, да не дојдеме на пансион испод Камени мост..........
Од: ????
Датум: 21.09.2010 16:55:08
eee trebase tocno eden vakov nastan za da se vidi sto narod sme.Bravo za nekulturata i zalosno za drzavata!
Од: Makedonec
Датум: 21.09.2010 18:28:08
Zasto ne pravite pojadok da sekoj si go plaka pa ke videte kolku ke dojdat. a ne besplatno toa bese vo Titovot vreme. Samo znam (plati pa jadi)
Од: aleksandarmkd
Датум: 21.09.2010 23:37:14
Samo kritiki no ne i konkreten predlog. Mojot predlog do vlasta za narednata godina e da ovoj dorucek ne bide besplaten tuku da ima nekoja simbolicna suma a da parite koi ce se sobera da bidat dadeni vo humani celi dali za decata bez roditeli ili za socijalni slucajevi ili za nesto drugo.I poraka do Silvester od Sidnej prvo idi na Harbour Birdge pa posle sporeduvaj bidejci za da bides na mostot vo Sidnej mora prethodno da se prijavis a samo sest iljadi ludze moza da prisustvuvaa a milioni da golta na prazni stomaci dodeka vo Skopje bese od otvoren karakter odnosno dostapno za sekogo sepak e prva godina
Од: SONCE
Датум: 21.09.2010 23:55:38
Nemase nieden socijalec poveke od polovina se stari Skopjani pa sega koj e kuferadjija a koj torbar se nadevam ke se prepoznaat.
Од: dedo dimo
Датум: 22.09.2010 02:17:20
Ah brebraka Makedonci ,shto chovek da pravi so nas , site sme shkolovani Site so diplomi ,nazalos so malku znaenje a i so pomalku kultira .Na zalost nie znajme samo eden so drug da si zaviduvame i da se karame ,ne samo vo Makedonija tuku i po siot bel svet kade shto ne ima .Zalno e ali ovaa e chista vistina -nemame sloga i zatoa site ne vjavaat .RAZBUDETESE shto pobrzo ili ke bidime ponovo ROBJE.
Од: misla
Датум: 22.09.2010 04:04:23
Imam eden prijatel koj dolgo vreme rabotese vo eden ohridski hotel i toj uste pred 10 go mi go kaza slednovo. Koga ke imale gosti Makedonija, Grcija, Srbija, Bugarija na pojadok na t.n. Svedska Masa eden gostin jadel kolku za 30 gosti od Holandija. Nikoj ne treba da se cudi na ova. Ova so pojadokot e promarseno koncepsiski. Vo Mk tradicija ima ucek, a ne pojadok. Neka zemese iskustvo od Mak manastiri koga tie sluzat rucek, tamu sve funkcionira besprekorno, a se sluzi posno gravce, Gulas ili paprikas... Toa e nasa tradicija.
Од: Mitko
Датум: 22.09.2010 08:27:17
ова е нашата реалност... грабачи, луге со проширени грклани, експерти за брзо јадење ама и грабање.. и на отварањето на Веро имаше грабање за балончињата, на сите саеми слично е... и не е само кај долната класа, сум гледал и на свадби како се грабаат за тортата на невестата, а и во хотел со 5* шведска маса има грабање.. но не сме само ние, н.пр. и Чесите а и други од бившите комуњарски држави имаат таков менталитет..
Од: за Силвестер
Датум: 22.09.2010 08:45:30
Значи ти кога отиде "астралија" веднаш прескокна еден милениум и наеднаш стана културен а? Не го вреѓај Македонскиот народ ! Седи таму кај што си, душебрижници како тебе не ни требаат.
Од: скопјанка
Датум: 22.09.2010 10:20:15
Мислам дека бедната сликата која ја видовме на мостот е многу повеќе одраз на некултура отколку на сиромаштија. Истиот тип на некултура го манифестираат и оние луѓе кои уплаќаат 400 евра за all-inclusive хотели во Турција, само за да изедат и испијат све уште на првиот ден од одморот. Навистина под секое ниво!!!
Од: todor spasitel
Датум: 22.09.2010 11:58:25
Ovaa e cita glupost ovaa ne treba da se dogoduva vo kapitlniott grad na nasa Makedonija ,imame vo MK tolku mnogu izletnicki mesta okolu Skopje i moze da se napravi takva manifestacija.Ovaa manifestavoja izgledase kako kamp za izbeglici.

Најди! во Утрински
На прво место
Тодоров дели совети за пожарите
Старата инсталација ги пали училиштата
Трговијата со луѓе најпрофитна „индустрија“



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing