Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Креаторот на лажните досиеја на суд

Почетокот на судењето се одложи, адвокатот на Хисен Муслиу бара да му се обезбедат уште докази

Љубиша Станковиќ


Судењето на Хисен Муслиу за фалсификување неколку досиеја за личности од јавниот и од политичкиот живот со кои се тврди дека биле соработници на тајните служби, вчера започна во Кривичниот суд во Скопје, но веднаш беше одложено бидејќи обвинетиот не успеа да ја даде својата одбрана.

Една од причините зошто се одложи судењето за една седмица беше неприсуството на претставник на Комисијата за верификација на факти. До одложување дојде и поради барањето на бранителот на Муслиу, адвокатот Стеван Павлевски, да му се обезбедат дел од доказите. Пред започнувањето на главниот претрес, адвокатот го потсети судот дека со поднесок побарал да му бидат обезбедени два извештаја, три вештачења и една судска наредба.

„Сево ова е потребно заради проучување на овие докази“, рече адвокатот Павлевски нагласувајќи дека е потребно да се оформи стручна комисија што ќе врши вештачење на документите што се во досиејата, бидејќи е недозволено истата институција, која го кривично го гони Муслиу, да врши и вештачење.

„Наредбата на истражниот судија е за кривично дело изнуда, а не за сторен фалсификат. Во неа нема конкретни барања што и како треба да се вештачи, па лицата од крим-техника имале комплетна комоција во работењето, а обвинетиот и неговите бранители не биле повикани да присуствуваат кога се вршело вештачењето“, изјави Павлевски. Адвокатот побара од судот да му го укине притворот на Муслиу поради неговата нарушена здравствена состојба.

Поранешниот вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање, кој беше уапсен во акцијата наречена „Фалсификатор“, се товари дека во октомври оваа година направил лажни исправи со намера да ги употреби како вистинити. Хисен Муслиу по електронски пат стапил во контакт со непознато лице од кое добил документи за наводна соработка на личности од јавниот и од политичкиот живот со странски разузнавачки служби. Тој ги скенирал материјалите, го ставил на УСБ-стик, а потоа извршил одредени промени на фактите и на содржината.

Во наредните денови добил документи за три досеја на кои повторно вршел одредени измени. Така, на еден од материјалите тој вметнал слика на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а потоа за авторизација на списите потпишал еден „помошник на началник“ и „началник на управа“. Вака изработените досиеја, насловени како „Ибар“, „Вујко“, „Стрелец“ и „Мама“ биле доставени до Комисијата за верификација на факти.


#
Статијата е прочитана 687 пати.

Испрати коментар

Од: Лов на вештерки
Датум: 16.12.2010 15:09:18
Ловот на вештерки бил средство што успешно го користела инквизици��ата. Затоа нашите и не сакале унијатство со Ватикан! Исто правеше и т.н. комунизам нели...Ништо не е сменето! Сега имаме нов лов на вештерки за да се плашат луѓето! ДОСТА Е!

Најди! во Утрински
Хроника
Фирми лелекаат од давачките за телевизија
Откриен крадецот на икони во Кумановскo
Фатени браќа разбојници
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census