Фатени браќа разбојници
Велешката полиција фати двајца браќа разбојници што извршиле кражби на автомобили, а неколку сограѓани ги оставиле без паричници. Според полицијата, кривични пријави се поднесени против браќата М.К. (23) и О.К. (19) од Велес, кои пред неколку недели нападнале велешанец, му ги зеле клучевите од автомобилот и кога сакале да побегнат со него, биле пресретнати од таткото на нападнатото момче.
Претходно нападнале велешанка што излегувала од својот дом, и' ја украле чантата и откако и ги зеле сите пари, останатите предмети ги фрлиле во Вардар. Цел на разбојниците бил уште еден нивни сограѓанин, кого го пресретнале на гробиштата. Му побарале 20 денари, а откако не им дал, го нападнале со тупаници и му го украле паричникот. Од полицијата велат дека браќата им се познати по претходно извршувани кражби, за што на едниот му била изрекувана и затворска казна. (Х.Р.) |