Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Фирми лелекаат од давачките за телевизија

Дуќанџиите се жалат дека им се повлекуваат пари од сметка за ТВ-такса, а телевизори и програма воопшто немаат

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО – Тетовката Зорица М. има деловен простор од три квадратни метри, во кој не може ниту да се заврти, а камоли да стави телевизор и да гледа програма. Во овој мал објект таа продава весници, списанија и земјоделски производи, кои сама ги произведува. Од тоа што ќе го продаде едвај го врзува крајот за да го помине месецот. Капак на се' е што неодамна добила налог за присилна наплата на радиодифузна такса за ТВ-апарат во дуќанот што воопшто не го поседува!

„Ваков надомест не можам да поднесам. Овде не може да се извади ниту за скромна заработувачка, а не и за вакви трошоци што немаат врска со реалноста“, вели Зорица.

На повеќе фирми како правни лица, трговци поединци, клубови, здруженија и други асоцијации им се доставени налози за извршување, со цел присилна наплата на радиодифузна такса. Вакви акти се дистрибуирани и до банките каде што имаат отворено сметки за прилив и исплата на финансиски средства. Налозите за извршување, главно, се доставени од приватни судски извршители. Бидејќи се работи за долг од минатата година, на доверителите присилно им се наплаќа главен долг од 1.560 денари како надомест за радиодифузна такса, 996 денари ДДВ и 6.147 денари како извршни трошоци на извршителот. Налозите за извршување предизвикуваат вистински лелек кај должниците. Велат дека без никаква претходна постапка им се повлекуваат средства од сметките, без да се провери фактичката состојба.

Тетовецот Рустем Б има регистрирано претпријатие за да обезбеди некаква егзистенција. „Навистина поседувам угостителски објект, но кој сака, нека дојде да провери дали имам радио или ТВ-приемник“, се жали Рустем Б., покажувајќи извод од банка дека веќе му се наплатени 8.703 денари.

На проблемите со наплата се жали и ковачот Џеваир Н., кој поправа алатки за домаќинство, кове железни предмети и работи во огромна бучава. „При оваа бучава, како можам да слушам радио ниту да гледам телевизија. Ова е срам што ми се прави“, вели тој.

Вакви поплаки можат да се слушнат од повеќе дуќани и занаетчии. Илија Стевчевски, извршен раководител на регионалната Занаетчиска комора во Тетово, вели дека на ова подрачје има над 3.000 занаетчии регистрирани како правни лица или трговци поединци. „На сите им се доставени налози за наплата на РТВ-такса. Многумина од нив дојдоа да е пожалат. Најмногу од нив велат дека се доведени до свршен чин иако немало никаква претходна постапка. И од нашата комора извршија наплаќање иако немаме ниту радио ниту телевизор“, вели Стефановски.

Поради големите трошоци, голем број клубови и здруженија што работат на волонтерска основа, се' почесто се одлучуваат да бидат избришани од регистарот и од евиденцијата за да не им доаѓаат несакани сметки.

„Секое правно лице е должно да ја плаќа радиодифузната такса. Постапката за наплата е уредена од доставување решение до исплата. Тие што не постапуваат по решенијата, принудно им се наплаќа. Тоа е обврска што произлегува од законот“, ни рекоа од канцеларијата на извршителот Весна Деловска од Скопје од каде што има пристигнато најголем број налози за извршување.


#
Статијата е прочитана 1308 пати.

Испрати коментар

Од: Кемал Ататурк
Датум: 16.12.2010 12:42:52
Јас како граганин плакам такса Фирмата во која работам исто плака за мене Здружението во кое членувам исто така плаќа а јас не гледам МТВ феномен
Од: Komentator
Датум: 16.12.2010 13:36:52
Najinteresno e sto mojata familija dobi rresenie od MTV...nasata svaka veke 20 godini pocinata da plaka Tv pretplata... verojatno ovie zborele do Goapod deka na mrtvite im ima instalirano Tv anteni...i si gledaat na neboto MTV...dobro ne slusnav dosega deka se pozalele na MTV progama...A eve uste eden kuriozitet majka mi stara ja zedov kaj mene i 10 godini ziveese so mene .! Godini vo nejziniot stan nema potroseno nitu eden kilovat el..energija a plakav ulicno osvetluvanje i TV predplata i sega koga e pocinata baraat pak...Verojatno ulicnoto osvetluvanje go koristi da i se osvetli grobot i da cita ....neka i e lesna zemja... !!
Од: igor
Датум: 16.12.2010 13:48:36
vo drugi civilizirani drzavi -narodot ja krade drzavata!!!!!!!!! -kaj nas drzavata go sogoli narodot do gola koza!!!!!!!! samo do koga ke moze!!!!!!!!
Од: Angel
Датум: 16.12.2010 14:55:28
Гласајте пак за вмрОВЦИВЕ и нека не грабаат сите.Кој гледа вмровизија?!!!! Само дебили, но нормално на сите ни грабаат пари за да може грујовистите без пари да се рекламираат!!!.Арач...ееее ни во турско не било вака.
Од: sokole
Датум: 16.12.2010 21:33:58
Se osekjam tolku bespomoshno i nezashtiteno vo svojata drzhava.Ova so pravni lica da plakjaat radio-difuzna taksa ili bezfaktichka naplata na neshto samo ako poseduvash stamben ili deloven prostor e samo rushvet prema drzavata.
Од: Трпе
Датум: 16.12.2010 22:45:07
Го знаете,оној вицот за овој кој продавал јаболкови семки.И на нашиот народ ,некогаш ке му ��ојде умот.Ама касно ке биде.
Од: ххЛ фром Прилеп
Датум: 16.12.2010 22:48:06
Готов си Гвујо,готов си!
Од: stipjanec
Датум: 17.12.2010 07:52:12
I jas si placam za MRT pretplata od minatata godina, otkako slusnav deka trosocite za izvrsiteli se 5 pati povisoki otkoku samiot dolg. Toa e sekade vo svetot da se placa za drzavnata komisija. Sega taa pretplata e kako 2 piva vo restorant

Најди! во Утрински
Хроника
Креаторот на лажните досиеја на суд
Откриен крадецот на икони во Кумановскo
Фатени браќа разбојници
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census