|
|
|
|
|
|
Нерасветлени трагедии на политичари
Заднината на атентатот врз Глигоров се' уште мистерија
Во изминативе дваесетина години загинаа повеќемина значајни личности под неразјаснети околности. Нивната смрт се' уште останува мистерија и е основа за најразлични дискусии, расправии и дилеми дали можеле да се спречат и дали некој потфрлил во нивната заштита.
Патувањето кон Белград беше кобно за Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија. Загина кај Врање на 19 декември 1991 година, но многу работи останаа нејасни околу околностите под кои се случи оваа несреќа.
Големи реакции во јавноста и осуда предизвика и трагичната смрт на министерот од редовите на ЛДП, Радован Стојковски. Норвешкиот капетан во КФОР, Один Кристијан Вестли, беше главен виновник за тешката сообраќајна несреќа на 28 август 1999 година кај Катланово, во која, покрај министерот, животот го загубија неговата сопруга и ќерка и возачот на владиното „ауди“. Капетанот беше осуден со условна казна во неговата родна земја.
Несреќите не ги заобиколија ни��у македонските претседатели. Киро Глигоров за влакно ја избегна смртта во атентатот откако неговото возило беше погодено од експлозија покрај хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје. Неговиот наследник Борис Трајковски и осуммина негови соработници трагично го загубија животот во кобниот лет за Мостар на 26 февруари 2004 година, летајќи со малиот владин авион „кингер“. И за двата случаи се' уште се водат истраги во земјава. |
#
|
Статијата е прочитана 1617 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Jovan |
Датум: 28.06.2011 00:07:53 |
|
Sto e ova denes eden kup natpisi za atentati. Da ne se sprema nekoj za novi atentati. |
|
|
|
|
|
|
Од: Сергеј |
Датум: 28.06.2011 00:19:58 |
|
Убил четворица, а добил УСЛОВНА казна?! Ако во својата родна Норвешка прегазел куче, Вестли ќе добиел најмалку две години затвор! Колку вреди животот во Македонија? Зошто овој војник не бил суден овде?! ( http://otpor.log.ph/ ) |
|
|
|
|
|
|
Од: Нема истрага...а зошто да не? |
Датум: 28.06.2011 02:27:12 |
|
Кажете ја вистината- и за двата атентатите НЕМА истрага! ДА имаше истрага досега ќе имаше и доставени матријали од заштитени сведоци. Но затоа што таква категорија во Македонија не постои ( затоа продолжува и етничкото чистење на Македонците а и на сите политичари кои стануваат непослушни!? |
|
|
|
|
|
|
Од: Moris |
Датум: 28.06.2011 09:13:25 |
|
Vakvite drzavi vo koi bezbednosta na funkcionerite se sveduva na nula se narekuvaat banana drzavi a slucaite koi gi spomenuvate se primer za toa. Za osudata na kapetanot koj ubi minister isto vazi, da sme bile mocna drzava bi go stavile problemot na nivo vo svetksi ramki. No nie sakame se da pasivizirame vo ime na dobar imidz. SPored edna narodna Bi se dopadnale na mnogu da ne sakame da se dopadneme na site. E toa e sega Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: aleksandar sv.nikole |
Датум: 28.06.2011 13:02:32 |
|
seto toa e delo na UDBA i nivnite zakrieni i ostanati strukturi vo makedonija.Se dodeka ne se iscistime od tie bolvi,ke imame problemi!! |
|
|
|
|
|
|
|
|