Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Кој нишанел кон Гошев и Поповски?

Никој засега не ги потврдува информациите дека несудениот премиер и првиот директор на Агенцијата за разузнавање биле цел на атентат

Александра М. Митевска
Даниела Трпчевска



Нови мистерии за обиди за атентати што се случиле во минатото за наводни обиди за ликвидирање видни личности од политичкиот живот во земјава, повторно испливаа на површина и ја брануваат јавноста. Иако најчесто станува збор за информации што тешко може да се расветлат оти се случиле пред многу години, но и ретко некој се осмелува да посведочи за нив, тие, сепак, се наметнуваат како тема, на која јавноста бара одговори.

Последното сведоштво на поранешниот јавен обвинител, Ставре Џиков, отвори низа дилеми кој и зошто сакал да ги заплаши или, пак, да ги тргне од политичката сцена ексгувернерот Петар Гошев и некогашниот министер Владо Поповски.

Дваесет години по наводните обиди за атентат на Гошев, познатиот скопски адвокат Џиков првпат во разговор за магазинот „Публика“ зборува за првите години од независноста и за опасностит�� што го демнеле тогашниот кандидат за премиер и лидер на СКМ-ПДП и неговото семејство.

„Во текот на договарањето меѓу позицијата и опозицијата, во еден момент како член на изборната комисија се најдов во Собранието и тогаш директно од секретарот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, добив информација дека тие денови бил изведен атентат врз Петар Гошев преку исценирана сообраќајка во која учествувало целото негово семејство“, раскажува Џиков.

Тој вели дека веднаш потоа се сретнал со Гошев и дека тој му ја потврдил информацијата. Наводно, Гошев се сомневал во тајната полиција, која во почетоците на плурализмот се' уште работела под влијание на комунистичката идеологија.

„Утрински весник“ вчера го контактираше Гошев, кој во 1992 година по растурањето на експертската влада на Никола Кљусев, го врати мандатот за формирање на новиот кабинет што му го додели тогашниот претседател Киро Глигоров. Тој ниту ги демантира ниту ги потврдува информациите за обид за негова ликвидација.

„Не сакам да говорам на таа тема. Можеби ќе зборувам во некоја друга пригода“, ни рече доскорешниот гувернер на НБРМ.

Борис Змејковски, кој е споменат во приказната за обидот за ликвидирање на Гошев, вели дека е изненаден и дека прв пат слуша за такво нешто.

„Ова е најголема глупост што сум ја чул досега. Ваквата изјава доаѓа како гром од ведро небо од едноставна причина што Гошев никогаш не бил на толку битна позиција за да биде толку загрозен. Кога веќе измислуваат вакви приказни, барем нека не спомнуваат други имиња“, вели Змејковски за „Утрински весник“.

Тој додава дека не знае зошто е инволвиран во целата работа.

„Никогаш не сум имал блискост и таква комуникација со Џиков за да му дадам такви сознанија. Според мене, станува збор за политички мртви личности што сакаат да воскреснат и ова го прават за лична афирмација“, реагира Змејковски.

Неколку пати во текот на вчерашниот ден се обидовме по телефон да го добиеме и Џиков, но не успеавме да стапиме во контакт со него. Недостапен беше и професорот Владо Поповски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање кај шефот на државата, за кого Џиков во „Публика“, исто така, вели дека бил цел на атентат. Наводно, во разговор во врска со истрагата за атентатот за Глигоров, Поповски му рекол на Џиков дека „од некои сили од северната граница“ имало обиди и за атентат врз него.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, кој работеше во полицијата од 1976 до 2000 година, вели дека додека тој бил во МВР, не наишол на информација за обиди за атентат на Гошев и на Поповски.

Такви информации, според него, не се испраќаат до државниот обвинител, туку најчесто пристигнуваат во МВР и кај разузнавачките служби, а ако е потребно, и кај највисоките државни функционери.

„За 25 години што ги поминав во МВР не сум слушнал дека имало закани за животот на Гошев или на Поповски“, вели Трајанов. Како што вели тој, полицијата во периодот додека тој работел таму, се соочувала со разни закани упатени кон политичари и државни функционери.

„Сите тие закани се проверуваа, но речиси сите беа несериозни. Исклучок беа заканите упатени кон поранешниот претседател Глигоров, кому подоцна и навистина му беше извршен атентат“, објаснува Трајанов. На пример, раскажува тој, на една прослава на Нова година на масата на претседателот Глигоров била оставена салфетка, на која пишувало дека нема да ја дочека следната нова година и дека ќе биде ликвидиран.

Такви закани за животот на првиот претседател на независна Македонија имало повеќе. Емигранти, претставници на разни организации и приврзаници на различни каузи им испраќале закани и на други политичари, но, тие, за среќа, не се реализирале. Сите тие се покажале како лажни и несериозни дојави. (А.М.М.-Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 7305 пати.

Испрати коментар

Од: Od fakelaki
Датум: 28.06.2011 00:35:43
So kakovsi takovsi konkurencijata e golema i slabite lesno popustaa.............
Од: Кој кого ќе замолчи сега?
Датум: 28.06.2011 02:23:35
Тоа било во периодот кога не беа медиумите под контрола. Сега кога имаат контрола на сите медиуми- замолчувањето се прави преку затворање на медиумскиот простор. Отидоа дури дотаму што и тие што не им се бендисуваат или се политичка опасност и надвор во дијаспората едноставно ги замолчија во медиумите а инсталираа пандани ( за замена) кои редовно ги гледаме како т.н. претставници на организации за обединување на Македонците од дијаспората. Ма што говориме тука, па тие и изборите ги наместија само да не се појави во Собранието некој кого што после никој жив не би го замолчил на говорницата на Собранието ( особено ако седниците одат во живо...на ТВ нели?). Не можат сите да ги апсат како Љубета Бошковски од Обединети за Македонија (кога поинаку не можат да ги замолчат)!
Од: Petar Veliki
Датум: 28.06.2011 08:06:08
се зборуваше за закана со сообраќајка и за Ингилизова, кога беше претседател на ДИК
Од: Манипулации
Датум: 28.06.2011 09:00:28
Зачудува определбата на УВ да се вклучи во оваа измислена приказна! Се работи за обид за саморекламирање на поранешниот јавен обвинител, со пресметани, но, провидни цели! Ајде, и да прифатиме дека П. Гошев, како лидер на СКМ-ПДП, можел и да биде ставен на листата за отсрел, но, кој е тој и каков фактор бил во тоа време В. Попоски и тоај да се најде на истата листа со Перо? Апсурд со опашка!
Од: nar
Датум: 28.06.2011 09:09:16
spomenatite licnosti vo publika i utrinski se tolku marginalizirani sto navistina ne treba da trosime vreme nitu bilo kakov komentar. Posebno toa se odnesuva na bivsiot javen obvinitel koj se cini ima mnogu bujna fantazija.Trajanov e vo pravo koga tvrdi deka takvi zakanai kon tie licnosti ne bile registrirani od nadleznite sluzbi vo mvr. mnogu mi e simptomaticen izborot na urednikot na publika ovie licnosti da gi stavi na naslovna strana.
Од: Moris
Датум: 28.06.2011 09:09:54
Spored mene ako imalo takvoi nesto mora da ima napismeno vo arhivite na MVR i SDB na Makedonija. Tie se odgovorni za zastita na funkcionerite, a Vlado moze da imal zakani nekakvi od onie kadri koi ne gi zema vo Agencijata i onie kadri koi sakaa vo toa vreme da ja sprecat sorabotkata so p[rijatelskite USA sluzbi na primer no i so drugite. ne mi e jasna urednickata zosto prevzema prikazni od drugi vesnici plasirani od Stavre Dzikov kako edinstven izvor koja duri i prozvanite ne ja potvrduvaat.
Од: patriot
Датум: 28.06.2011 10:03:34
Site Patista vodat kon RIM, i po TITO.. TITO, i po Jordan mijalkov Sasko Mijalkov......... Site patista vodat na Sasko Mijalkov kon Atentatot na Gligorov kako licna osveta, Site patista vodat kon Sasko Mijalkov vo vrska Atentat na Vancio Cifliganec, Multigrup i slicni balkan i Ostevropski bandi vo vrska so Mijalkov. Aloo novinarcinja, koj od vas ke go najde Aslan Nuisi vo nekoj Makeodnski Zatvor jas ke g ocastam. Covekot ispari go nema vo nieden zatvor, a ne zaboravajte deka celi 4 godini vo centar na Praga Aslan Nuisi i Sask oMijalkov zaednicki kako ortaci drzeja Picerija............... Gospod neka vi je na pomos
Од: Istocna Makedonija
Датум: 28.06.2011 11:15:38
Mozebi ima nesto vistina,no zosto sega senzacionaliz mi.Da,atentat(ubistvo-obid za ubistvo na javna licnost) ne znaci i (ako imalo)vakvo kon sekoja javna licnost. Slucajot so Gligorov(kaj nas),a vo svetskata istoirja atentatot na Kenedi.obidite nad De Gol,Tito,Cercil i.t.n. Publicitet,senzacionalizam i stavawe vo centar na vnimanie!!!!!!!!!!!.
Од: kajmakan
Датум: 28.06.2011 12:25:05
Dovolno go poznavam gospodinot Dzikov za da kazam deka takvo nesto od nego moze da se ocekuva bidejki toj e covek koj veruva vo sopstvenite lagi.Za zal golem broj slicni kako nego stignuvaat visoko vo svoite karieri.Zosto dodeka bese drzaven javen obvinitel ne otvori istraga i da go dokaze toa
Од: od nekoj
Датум: 28.06.2011 12:30:13
Pa sea sigurno latas ke kaze deka Branko e kriv za toa!

Најди! во Утрински
Политика
Згаснуваат „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Нерасветлени трагедии на политичари
Да нема отпуштања од „Утрински“

"""