Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

По 14 години, професорите на протест

Идејата е да ја предупредат власта да прекине со неодржливите законски измени и со посегањето
по автономијата

Билјана Јовановска


На професорите од Скопскиот универзитет зачестените упади во универзитетската автономија им го прелеаја трпението и в четврток во 13.30 ќе одржат мирен собир. Зад иницијативата за протестот кој ќе се случи пред споменикот на патроните Св. Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус, стојат непартиски кадри од речиси сите факултети. Ова е само показател дека на универзитетските професори им е веќе преку глава од посегањето по уставно загарантираната автономија, бидејќи последниот протест на кој излезе Скопскиот универзитет се случи во дамнешната 1997 година.

Овојпат тие сакаат да го изразат своето несогласување пред се, од актуелните измени во Законот за високо образование. Ова е прво сериозно предупредување дека нема да толерираат никакви чепкања во автономијата, односно дека не се согласуваат со повеќето предлог измени, но и со начинот на кој се донесуваат. Нема да дозволат, како што се наве��ува и во јавниот повик, да се урива достоинството на нивната професија и ќе сторат се за да спречат да се маргинализира и вулгаризира улогата на високото образование. Решени се да потврдат дека се вистински бастион на демократијата, која нема да допуштат да се сруши, па ќе манифестираат единство, достоинство и решителност во одбрана на академските вредности градени цели 60 години.

„Нема да чекаме никој да ни ја врати одземената академска слобода! Ние самите ќе си ја вратиме“, пишува во повикот.

Иницијаторите на протестот во 11 точки потсетуваат како се уриваше универзитетската автономија. Се навраќаат на одлуките на актуелната Влада со кои се формираа факултети без согласност на УКИМ, како и на најавата на растурање на најстариот универзитет во пет помали кампуси, на вработувањата на млади кадри чиј број се сведе под дозволениот минимум, поради што Универзитетот не може да си обезбеди минимален подмладок за настава и наука. Професорите не ги заборавија ниту лажните ветувања за лаборатории во кои треба да создаваме наука, при што од нив се бараат резултати во научно-истражувачката дејност, без да им се обезбедат технички и материјални услови за тоа. Не помал проблем им е и непочитувањето на заклучоците на Ректорската управа и Универзитетскиот сенат, односно игнорирањето на легитимно избраните универзитетски органи и тела. Воедно, потсетуваат дека законските измени се правеа за време на летните и зимските распусти, за да се избегнат консултациите со официјални претставници од Универзитетот и за да се игнорира ставот на академската јавност. Болна точка е и неформирањето на независен Совет за финансирање на високото образование и узурпирањето на неговата улога од страна на Владата и Министерството за образование и наука, спротивно на законот и Уставот.

Во причините заради кои ќе излезат на протест е и наметнувањето на скапи, лоши и нестручни преводи на странска литература, неупотребливи во наставата, од една и нефинансирањето на домашните учебници и ракописи, од друга страна. Воедно, потсетуваат дека им пречи фактот дека со години не се објавуваат конкурси за финансирање на научно-истражувачки проекти, а сега, кога ги објавија, селекцијата зависи само од дискреционата оценка на одредени носители на функции.

Им пречи и предлагањето казнени мерки за наставниот кадар несоодветни за академските средини и непознати во другите држави, а истовремено непредлагање на соодветен систем за наградување. Универзитетските професори отворено укажуваат дека им е неприфатливо наметнувањето на бројни дисперзирани студии со кои се девалвира квалитетот на високото образование, како и одолговлекувањето на акредитацијата на докторските студии повеќе од две години.

Неофицијално дознаваме дека иницијативата за кревање на гласот тлеела подолго време и постоеле опции несогласувањето со политиката во високото образование наметната од власта да ја манифестираат со прекин на наставата или со собир во спортската сала „Борис Трајковски“, за на крајот да се определат за кампусот.

„Утрински весник“ вчера се обиде телефонски да стапи во контакт со министерот Никола Тодоров за да го слушнеме неговиот став за протестот, но залудно. Проф. Владимир Петрушевски од Природно-математичкиот факултет, пак, ни изјави дека иницијативата на универзитетската јавност е очекувана и легитимна. „Ако министерот за образование постојано не игнорира, не сака со нас да разговара и не тера да молчиме, не гледам ништо лошо ако и ние професорите излеземе на протест и ако одмолчиме, онака, за наша душа.“

Дали ова е само вовед во посериозни бранувања на професорите, засега никој не коментира.


#
Статијата е прочитана 2594 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 25.01.2011 12:29:05
Ајјјјјјјјјјјјјјј-Големите Ќе излезеле на ПРОТЕСТИ.Што не се договоривте со Тутунарите.Заеднички да излезевте??????.Или ви е СРАМ да се дружете со земјоделци?.Нели НАРОДОТ рекол заедно сме посилни.Додека има делби на и вие ќе завршете Скршени.
Од: ivo
Датум: 25.01.2011 12:58:00
Nedolicno e profesorite da protestiraat! Valjda imaat po 500 denari da zakupat edna sala , da napravat edna otvorena tribina za da gi iskazat svoite strucni mislenja. Ako Univerzitetot im ovozmozi sala za diskusija uste podobro, ke ustedat po 500 denari! Osobeno ke ustedat ako za problemite treba da se diskutira so denovi i denovi!Ako odat na Protest, se izednacuvaat so site onie grupi i grupacii nezadovolni koi bas i neznaat koj e izvorot na problemite , nitu pak znaat akademski, strucno i elokventno da kazat sto sakaat ili predlagaat! Od profesorite se ocekuva nesto pokvalitetno!
Од: DE
Датум: 25.01.2011 13:13:49
Ova e navistina sramota! Koi se tie akademski vrednosti i slobodi sto ke gi branat? Osumte casa rabotno vreme vo tekot na nedelata? Izbor vo zvanje redoven profesor bez nitu eden objaven trud? Ke barale poveke sredstva za finansiranje na domasni ucebnici, bidejki prevodite na stranskite ucebnici ne bile dobri! Pa koj gi pravi tie prevodi ako ne samite tie. Ako ne se vo sostojba eden prevod da napravat, kako sakaat ucebnici da pisuvaat. Vo celata situacija, ako nekoj treba da se buni, toa se ucitelite i nastavnicite vo osnovnite i srednite ucilista. Gi imaat potpolno istite kvalifikacii kako i univerzitetskite profesori, isto kako i niv ne se zanimavaat so nauka, no imaat tri pati poveke casovi nedelno, a primaat poniska plata.
Од: sokol
Датум: 25.01.2011 14:22:53
Ne postoi vlast ili vlastodrzec koi se vo sudir so visokata i mislecka intelegencija,a da trgnale vo progres.Denes nas nie potreben progres .Mozeme napred samo so koristenje na sopstvenata intelegencija a ne so kupena.
Од: BMRO ΔΠΜΝΕ - партија на големите Дупки
Датум: 25.01.2011 14:28:45
Ах,тие „СДСМ-вљубеници“: тутунари,лозари,млекари,професори,лекари...!Светскиот заговор се остварува!Листата на противниците и „непријателите на државата“ усмерени кон „нашите“миленици,секојдневно се проширува!„Членството и бројноста на СДСМ,неочекувано расте“!Но,дури и портокаловите розеви очила почнаа да се затемнуваат!Тик-так,тик-так...Часовникот одбројува!Време е! Време е за плачење!
Од: sime
Датум: 25.01.2011 14:53:15
Muhic "stolbot na akademskite gragjani ne smee vlasta da go ruusi"pametno receno.
Од: Трпе
Датум: 25.01.2011 15:05:07
Редно беше интелектуалците да го кренат гласот против владата која работи без компас.Но секогаш котекот го јаде пониското магаре.Од незадоволство на универзитетските професори ке страдат студентите.Професорите на факултетите ке се бранат дека им доагат неписмени студенти од средното образование,Од средното ке кажат дека неписмени ученици доагат од основното образование кое е и вистина.Но вистината е во тоа што младите се борат само за документ а не знаење,кога гледат дека и неписмен може да се биде бизнисмен или пак функционер.Еден будала што ке растури ,ни 1000 паметни нема да може да го поправат.Првин владата треба да објасни која им беше целта со дисперзираните факултети.Кога е познато дека нема резултати со квантитет,треба да има квалитет.
Од: darmar
Датум: 25.01.2011 15:10:55
Luge ne ostavajte vakvi niski komentari (da ne recam prosti). Demokratsko pravo na sekoj graganin e da iskoci na mirni protesti. E sega dokolku vie gi dozivuvate profesorite kako nadpriroden fenomen togas i jas se slozuvam deka ne treba da iskocat na protesti. Nego ironijata e kaj ministerot i nasata vlada koja po koj znae koj pat vadi krajno losi potezi od djeb. Profesori kakvi i da ste (a ne ste sjajni) imate moja poddrska.
Од: Timov
Датум: 25.01.2011 15:55:22
Poddrska za profesorite. Ako se urne avtonomijata na Univerzitot ke se urne i drzavata. Ovaa vlast na Gruevski, vprocem kako i onaa na Georgievski sekogas rabotat na unistuvanje na visokoto obrazovanie. Stanuva zbor za frustracija od fakultetskite denovi ili za biznis interesi na VMRO DPMNE?
Од: seljak (graganin)
Датум: 25.01.2011 15:58:49
Nema da cekame nikoj da ni ja vrati odzemenata akademska sloboda - da mozeme da pisuvame ocenki kako sakame ( onaka od oko) , bez nikakvi povratni informacii za uspesnosta na moite studenti, I da ne morame da pisuvame tamu nekoi glupavi naucni trudovi koi bi mozele da se iskoristat prakticno. Sakame sloboda da pisuvame samo trudovi koi za nisto ne moze da se upotrebat. (demek naucni). I pritoa nemoj nekoj slucajno da me prasal ka sme gi potrosile parite sto ovie seljaci(gragani) ni gi davaat. Nie sme tuka zatoa sto na ova opstestvo mu treba elita. I zatoa ni plakate. I da znaete deka I malku vi naplakame. Eeej vo svet znaete li kolku plakaat za elita.
Од: valentina
Датум: 25.01.2011 16:06:11
Do koga za vakvi temi ke komentiraat isfrustrirani citateli koi se vodat od izrekata: da mu umri kozata na komsijata
Од: Hari
Датум: 25.01.2011 16:10:13
Redno bese profesorite od UKIM da kazat ne na diktaturata vo drzavata.Dokolku padne UKIM, A1 i USTAVEN Mekedonija odi vo vistinska DIKTATURA. Se gledame vo cetvrtok. Vo vrska so takanarecenite reformi, toa e klasicno unistuvanje na Univerzitetot.
Од: pece
Датум: 25.01.2011 17:45:58
A kade ke protestiraat Bitolcani? Ili taka loso se sednati vo skutot na vlasta sto ne mozat da mrdnat
Од: Професорка
Датум: 25.01.2011 19:43:11
Само напред, но ова личи на многу скромен протест во однос на штетата која му е направена на нашето високо образование. Не направија патувачки циркус, премрзнати да се возиме по цели денови во скапани автобуси за да предаваме низ сите села на МК и тоа за мизерни плати. Тоа го нема во цел свет. Да си го вратиме достоинството назад и да им го вратиме достоинството на студентите. Се разбира со реални а не со набилдувани оцени кои нема да им вредат ништо. Бидејќи вакви просеци нема ни во Зимбабве.
Од: andrej
Датум: 26.01.2011 01:07:20
luge ne tuku se protivete edni na drugi,ocigledno deka ne cini....ne samo profesori...tuku sekoj ne zadovolen graganin mora da si go iskazi svoeto pravo...NE DA GLEDAME SITEL I DA GLEDAME KAKO CUTI DRZAVATA ... pozolteja spomenicite ke pozoltime i nie ..Fala pozdrav
Од: Виктор
Датум: 26.01.2011 03:09:21
Пред да коментирате дека е недолично професори да протестираат, погледнете дека најголемите протести насекаде, најчесто се студентски со поддршка на професорите.
Од: Златко
Датум: 26.01.2011 09:51:26
Го оправдувам и поддржувам протестот на професорите од УКИМ. Мислам дека е малку задоцнет, бидејќи и досега имаше потреба од пожестоки реакции на универзитетките професори на постепеното уривање на автономијата на УКИМ. Во секој случај добро е дека решија да го дигнат гласот. Нели молчењето не е секогаш злато?

Најди! во Утрински
На прво место
Без дијалог, тешко ќе се поднови Уставот
ЗНМ го осуди етикетирањето на „Утрински“ од МНР