Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Без дијалог, тешко ќе се поднови Уставот

Партиите се согласија да се отвори „главниот закон“, што не мора да значи и дека ќе се прогласат уставни измени

Не може да се менува Уставот без претходен дијалог меѓу партиите во парламентот. Една партија не може сама да интервенира во Уставот, па макар и да има мнозинство во Собранието. Со вакви предупредувања вчера настапи опозицијата, во почетокот на собраниската расправа за пристапување кон уставни промени, со цел, како што предлага Владата, да се овозможи екстрадиција на лица со двојно државјанство и на македонски државјани што се товарат за кривични дела.

Иако парламентарните партии постигнаа консензус да се „отвори“ Уставот, неизвесно е дали целата постапка ќе се изведе до крај, ако се има предвид дека е потребно двотретинско мнозинство за да се прогласат промени на највисокиот нормативен акт. Од друга страна, пак, широка е лепезата барања за други корекции што се очекува да се налепат на основниот предлог - за промена на членот 4 став 2.

Министерот за правда, Михајло Маневски образложи дека со предложената измена ќе се ��возможи лица кои сториле кривични дела од областа на тероризмот и организираниот криминал да не можат повеќе да го злоупотребуваат двојното државјанство. „Со тоа ќе се оневозможи некој кој сторил казнено дело во една држава да ја избегне одговорноста или санкцијата, со тоа што ќе се повлече во друга држава каде што има државјанство. Не станува збор за ограничувања на човековите права. Напротив, на ваков начин граѓаните се штитат од криминал“, рече Маневски.

Андреј Жерновски посочи дека ЛДП го поддржува владиниот предлог. Сепак, тој побара да се забрани некој со двојно државјанство да биде избран или именуван на јавна функција, како пратеник, министер или шеф на државата. Освен тоа, ЛДП предлага намалување на бројот на членови во парламентот на 90, наспроти, како што рече Жерновски, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе го зголемиле бројот на пратеници на 123 - со трите мандати за дијаспората, а сега се надмудруваат за 10 места за помалите заедници.

Владо Бучковски од СДСМ побара измена на Уставот со која министерот за правда веќе не би бил член на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. „Признавам дека не ми паднало на ум дека може да дојде монструм како Маневски и да го узурпира судството“, рече Бучковски, кому пратеници од власта му приговараат дека како премиер го предложил решението министерот за правда да биде член на советите кои ги избираат судиите и обвинителите.

Координаторката на СДСМ, Цветанка Иванова, најави дека ќе го поддржат предлогот на Владата, но бараат да се прифатат и нивните предлози, како тој за незастарување на кривичните дела поврзани со приватизацијата.

Пратениците од Нова демократија апелираа до владејачката ДУИ да издејствува Бадентерово мнозинство во Уставниот суд, СС и Советот на обвинители, како и при донесување на буџетот. Тахир Хани од ДУИ одговори дека неговата партија ја поддржува постапката за измена на Уставот, но дека тоа не значи дека нема да бараат да се направат и други корекции. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 318 пати.

Испрати коментар

Од: Миле
Датум: 25.01.2011 15:57:19
Бучковски не треба да го напаѓа сегашниот министер за правда за узурпација и партизација на судството, бидејќи на сите ни е познато дека судството беше узурпирано и потполно партизирано од страна на СДСМ во периодот од 1994 до 1998 год. кога СДСМ имаше повеќе од 90 пратеници, а врз основа на фалсификуваните парламентарни избори во 1994 година. Во тој период, за жал на граѓаните на РМ, беа донесени и сите закони за да се легализира криминалната приватизација.

Најди! во Утрински
На прво место
По 14 години, професорите на протест
ЗНМ го осуди етикетирањето на „Утрински“ од МНР