Дрва за бадниковиот оган
По повод претстојното традиционално палење на бадниковиот оган, општината Аеродром обезбеди дрва за поддршка на манифестацијата, па ги повикува своите жители преку претседателите на заедниците на сопственици да поднесат барања за дрва во најблиската урбана заедница. Барања ќе можат да се достават и во просториите на општината, поточно во соба број 5, во работните денови од 9 до 16 часот, но најдоцна до петок, 24 декември. Формуларите ќе бидат достапни преку интернет-страницата на општината, www.aerodrom.gov.mk. (Б.Ш.) |