|
|
|
|
|
|
Граѓаните нестоплени, а сметките се' пожешки
Со декемвриските сметки за парно што ќе дојдат во јануари ќе се изврши финансиско порамнување
Снежана Калабакова
„’Топлификација‘ и за ноември ни испрати сметки со високи износи иако пушташе парно само наутро и навечер и штедеше, оправдувајќи се со надворешните температури. Секогаш прави се' за да ни земе повеќе и да ни скуси од она што ни следува за парите што ги даваме“, се жалат дел од скопјани и реагираат дека радијаторите им се млаки дури и сега на овие зимски температури.
Студенти, пак, од домот „Гоце Делчев“ се жалат дека парното им се исклучува многу рано, а радијаторите им се целосно оладени веќе во 21 часот, па се принудени навечер да учат завиткани со ќебиња.
Граѓаните се револтирани затоа што не добиваат квалитетна услуга. Но, снабдувачите со топлинска енергија смируваат и велат дека авансните сметки ќе биле „испеглани“. Тврдат дека се' што платиле повеќе потрошувачите, ќе им биде вратено. Имено, со фактурата за декември, што ќе стаса во јануари 2011 година, ќе се извршело порамнување меѓу платениот авансен износ за период август - ноември и финансиското задолжение по мерач, а согласно со потрошената топлинска енергија за период октомври - декември 2010 година.
Објаснуваат дека со крајните пресметки, можни се две ситуации. Во првата, потрошувачите да ја доплатат разликата доколку мерачот во потстаница покаже дека е потрошено повеќе отколку што платиле со авансните сметки. Во вториот случај може на граѓаните да им бидат вратени пари ако натплатиле. Овде, доколку потрошувачот се согласи, наместо да му бидат вратени пари, може сумата што ја натплатил да му биде земена предвид со авансната фактура за јануари. Овие потрошувачи за тоа ќе добијат и писмено известување.
„На големината на финансиското задолжение по основа на потрошената топлинска енергија доминантно влијаат климата и термотехничките карактеристики на објектот. Проблемите со недоволното загревање, во најчест случај може да бидат резултат на техничката и функционална исправност на внатрешната инсталација вклучително и испуштањето воздух и на техничката и функционална исправност на мерно регулационата опрема во топлинската станица, со која се регулира договорениот квалитет на испорака на топлинска енергија на ниво на објект“, објаснува Ѓорги Ниневски, директор на „Снабдување - исток“.
Оние корисници што се незадоволни и се жалат дека греењето им е слабо, надлежните ги советуваат тоа да го пријават на телефонскиот број 3 076-200. Евентуално, можат да поднесат и писмено барање до снабдувачот за проверка на квалитетот на греење. Ако измерената температура кај корисникот е под 20 Целзиусови, снабдувачите тврдат дека за него ќе донесат решение за процентуално ослободување за тековната грејна сезона.
Ефтим Поцев, директор на „Снабдување - центар“ вели дека овластен претставник на зградата може да пријави дека објектот е недоволно загреан и да побара мерење. За евентуалната недоволна загреаност треба да се констатираат причините.
Одговорните потврдуваат дека имаат ситуации кога дефинираниот температурен дијаграм не ја обезбедува потребната температура на загреаност на ниво на објект. Во тој случај се врши мерење на внатрешната температура во одделни станови и врз основа на тоа се прави корекција на температурниот дијаграм во потстаница. Но, според нив, има и примери на прегреани објекти. И во тој случај овластен преставник на заедницата на станари треба писмено да ја пријави рекламацијата.
|
#
|
Статијата е прочитана 1010 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kosta |
Датум: 16.12.2010 12:30:59 |
|
Do koga ovaa mizerija u Makedonia
Pa stoka se uci pobrzo od nas
U usta ve ebam sugava |
|
|
|
|
|
|
Од: igor |
Датум: 16.12.2010 13:12:14 |
|
Samo vistinska konkurencija(a ne firmi sestri) i kalorimetri e spasot. Izgleda deka Regulatornata Komisija raboti za distributerite iako ja plakjaat gragjanite |
|
|
|
|
|
|
Од: Korisnik |
Датум: 16.12.2010 19:01:44 |
|
Bla, bla, bla... Se i sesto e pricina za slaboto greenje, samo ne se krivi od Toplifikacija. Dosta ne lazat, neka pocnat da rabotat kako sto treba. Cela zgrada smrznuvame, sedime pod kebinja i so grealki. Vaka nikogas ne bilo. Me interesira kolkav toa profit sakaat da ostvarat na grbot na gragjanite? |
|
|
|
|
|
|
Од: Kriminalci |
Датум: 16.12.2010 21:59:34 |
|
Ovie od Toplifikacija se odnesuvaat kako vistinski kriminalci. Duri sega dostavuvaat Izvestie za ,,utuzeni dolgovi,, za neplateni smetki od pred 10 godini, i se zakanuvaat so izvrsiteli!!! Poznato e deka neplatenite smetki zastaruvaat po tri godini, taka sto retko koj moze da cuva dokaz (platena smetka) po 10 godini! Medjutoa, vo izvrsitelite ja najdoa ,,Baba Roga,, taka sto ludjeto se plasat i povtorno plakaat zastareni (i plateni) smetki! |
|
|
|
|
|
|
|
|