Ибрахимовиќ во Барселона за 40 млн. евра!
Самиот Ибрахимовиќ пред неколку дена изјави дека сака да игра за Барселона
„Претседателот на Интер во четвртокот доцна навечер се сретнал со колегата од Барселона Хоан Лапорта за да разговара за трансферот на Златан Ибрахимовиќ“, пишува весникот од Барселона „Спорт“ и додава: „Работата беше завршена кратко по полноќ. Шведскиот напаѓач доаѓа во Барса за 40 милиони евра отштета, плус Самуел Ето и Александар Хлеб. Камерунецот доаѓа слободен, а Белорусинот останува на една година како зајмен фудбалер.
Сите тројца фудбалери вклучени во размената имаат 28. години, родени се 1981. Интересно, дури и Бразилецот Максвел кој пред неколку дена се пресели од Интер во Барселона е роден истата година.
Лапорта се' уште се наоѓа во Милано заедно со директорот Бегиристајн. Постојано разговара со тренерот Гвардиола, кој даде зелено светло, а и очигледно ништо против нема ниту Жозе Мурињо.
Самиот Ибрахимовиќ пред неколку дена изјави дека сака да игра за Барселона, а дека тоа е вистина говори фактот што Швеѓанецот се согласил на помала плата. До оваа сезона и трансферот на Роналдо во Реал М. Ибрахимовиќ заработуваше најмногу - 12 милиони евра по сезона. Италијанските весници, пак, пишуваат дека Ето побарал од Интер 13 милиони по сезона за петгодишен договор, што на крајот би излегло 65 милиони за пет години. Не е познато дали Морати се согласил.
Шеикот од манЧестер Сити делеше Часовници од 195.000 евра
Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, им приреди неверојатен пречек на фудбалерите на стартот на подготовките во Абу Даби и богато ги награди. Секој од фудбалерите доби на подарок часовник вреден 195.400 евра!
Фудбалерите беа сместени во хотел со пет ѕвездички во кој буквално имаат кралски третман. Летните засилувања Герет Бери, Тевез, Роке Санта Круз беа шокирани, а давајќи им ги часовниците шеикот практично им кажа што може да очекуваат доколку наредната сезона бидат прваци во Премиерлигата (последен пат Сити беше шампион во далечната 1968 година). Тренерот Марк Хјуз изјави дека во скоро време на подготовките го очекува и Емануел Адебајор од Арсенал.
ФраЈбург се засилува со братот на Кака
Новиот Бундеслигаш Фрајбург сака да го ангажира братот на Кака, Дигао, кој од 2005 година е член на Милан, но речиси нема ни играно, бидејќи претходните сезони ги мина како позајмен играч во Стандард и Римини.
Ван дер Варт на Чекор до враЌање во Хамбургер
Рафаел ван дер Варт кој е на трансфер листата на Реал Мадрид е многу блиску до враќање во својот бивш клуб Хамбургер. Имено, челниците на бундеслигашот се согласија да му платат на Реал М 15 милиони евра, што е за милион повеќе од износот кој мадриѓаните мораа да го издвојат за холандскиот репрезентативец.
МанЧестер Ј. не оди за Џакарта поради бомбашките напади
Неугодни и потресни сцени ги дочекаа фудбалерите на Манчестер јунајтед по нивното доаѓање во Азија. Бомбашкиот напад во хотелот во кој требаше да се сместат „бебињата“ за време на престојот во Индонезија ги натера челниците на клубот да откажат дел од планираната турнеја. „Бомбите во Џакарта ни ги нарушија плановите. Едната од нив беше активирана во хотелот каде што требаше ние да бидеме сместени. Го известивме Фудбалскиот сојуз на Индонезија дека ќе прескокнеме дел од турнејата“, стои во официјалното соопштение на клубот.
Инаку, откажаните натпревари 3евари беа распродадени во целост, па сега ќе мора да се најде начин да се задоволат азиските фанови. „Со спонзорите договараме поинаков начин на одигрување на турнирите, но засега ништо не се знае. Длабоко сме разочарани од ситуацијата“, се додава во соопштението на Јунајтед.
|