Број 3039  сабота, 18 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шутот за три ја донесе првата победа над Австрија

Кошаркарската репрезентација до 20 години успешно стартуваше на ЕП, но мора да поработи на колективната игра

Наум Котевски

Посакуваа победа македонските репрезентативци до 20 години на стартот од ЕП во „Борис Трајковски“ како неопходно ослободување од оковите на притисокот и успеаја да дојдат до неа - ја совладаа Австрија со 78:70.

Во овој прв натпревар на површина излегоа сите добри и лоши страни на тимот за кои селекторот Емил Рајковиќ зборуваше пред мечот:„Дефицитарни сме на местото плеј и центар, а имаме добар шут за три“, кажа во таа прилика Рајковиќ.

И не требаше многу време да ни стане јасно дека е во право. Без класичен разигрувач, но со бековите кои знаат да погодат од линијата за три, Македонија полека ја градеше предноста. Предводени од најефикасниот Симоновски (18 коша) младите надежи постигнаа шест тројки само во првите 10 минути (пет беа на Симоновски), па по првата четвртина имаа опиплива предност од 22:14. До полувремето додадоа уште два поена. Во третата четвртина имаше пад во реализацијата - постигнавме само 12 коша, но добро функционираше одбраната поради што Австријците постигнаа само девет. Во нападот беше лошо. Инертна игра со малку блокови и отварања. На неа посочи и Петрушев, кога по еден очаен напад во втората четвртина беше изваден од игра. Го обвини Рајковиќ дека многу го мачи баскетот, како што топлината во салата ги мачеше гледачите (очигледно климата не влегла во дилот меѓу КФМ и претпријатието „Борис Трајковски), а овој со право му врати: „Што да правам ништо не се случува“.

Такви периоди во играта против Бугарија и Унгарија не треба да има. Како што не треба да биде примарен индивидуализмот во еден ваков колективен спорт, иако станува збор за млади кошаркари кои ја користат секоја шанса да се докажат. Подиректно: „Симоновски дај му ја на Апцев кога овој е сам во рекет, не шутирај за три!“.

Тоа индивидуално практицирање баскет за малку ќе донесеше сензационален пресврт. Оние 64:47 во 35. минута се претворија во 65:56, за малку потоа да станата загрижувачки 68:65. Сепак, забививањето на Апцев по една контра навести убав крај.

Македонија - Австрија 78:70



(22:14, 20:18, 12:9, 29:24)

Сала: „Борис Трајковски“, гледачи: 1.000, судии: Тауринмо (Италија), Јанач (Чешка), Додс (Шкотска)

Македонија: Тодоров, Диковски 2, Симоновски 19, Петрушев 8, Апцев 10, Манев, Димчевски 18, Брчков 10, Крстевски, Петров, Талевски, Нанчевски 11.

Австрија: Сеилем 6, Шаф 4, Грејмајстер, Јаниш 5, Ленегер 18, Махалбашиќ 13, Оберман 3, Шарц 11, Ваис, Чебиц 4, Хасенбургер, Хојбергер 6.

Резултати



Група А: Португалија - Грузија 78:75, Шведска - Луксембург 91:59

Група Б: Финска - Полска 65:67, Норвешка - В.Британија 71:59

Група Ц: Чешка - Романија 79:74, Холандија - Швајцарија 91:56

Група Д: Унгарија - Бугарија 81:75, Австрија - Македонија 70:78

Викендов на програмата: Сабота: Полска - Норвешка (14,15 часот), Бугарија - Австрија (14,15), В.Британија - Финска (16,30), Швајцарија - Чешка (16,30), Грузија - Луксембург (18,45), Романија - Холандија (18,45), Португалија - Словачка (21), Македонија - Унгарија (21)

Недела: Шведска - Португалија (17,45), Словачка - Грузија (20)


Статијата е прочитана 280 пати.

Испрати коментар

Од: Пинг
Датум: 18.07.2009 08:42:50
Го праќам истиот коментар од вчерашниот број, поради тоа што во него немаше вест од натпреварувањето: Мојот револт е насочен кон преносот на МТВ. Ужас, не верувам дека сем кај нас на ваков начин се пренесува кошаркарски натпревар, посебно кога се работи за национален состав, уште повеќе на национален канал. Нема имиња на селекциите, нема резултат, нема време од играта, ниту време за напад. Не сум бил во Сомалија и Афганистан, ама не верувам дека во ваков случај вака би се изрезириле. Ееееееј, дибеци тешки, ако не ве бива што се фаќате на орото. Претплата? И тоа наназад за 2008 год, ќе имате за земање, па макар и до Стразбур да одиме. Ниту ве гледам веќе, ниту ве вртам. Поздрав до сите Ваши и наши, а Вие драги коментатори, СЕКАКО ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА.
Од: Cepelin
Датум: 18.07.2009 12:15:43
Klimata ne rabotela???Pravo kaj "Mile Krater".Toj i negovata ekipa se "tata-mata" za Makedonija.Ako ne mi veruvate prasajte go drugar mu Nevzat (bese nadzor vo izgradbata na Swedmilk), ta toj se ke Vi kaze.Kade sto tie stapnale treva ne raste so godini....No zatoa firmata "Krater" ke gradi benziski pumpi, restorani so ezerca,crkvi itn.Ta treba da se "zaraboti" za se toa neli???A kosarkata ne se igra vo neaklimatizirani sali.Bravo za deckite i uste podobro vo idnina.

Најди! во Утрински
Спорт
Лино Червар наредната недела потпишува со Металург
Охридски пливачки маратон во полн сјај
Славен Белупо го „распара“ крпениот состав на Милано
Ако го мине Крусејдерс, Работнички на мегдан со Одензе
В недела финале на Државното првенство
Ибрахимовиќ во Барселона за 40 млн. евра!
Тур де Франс без Липхајмер