Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Македонско изненадување за групите за пречек во САД

Наместо американски војници, во Њу Хемпшир пречекаа македонски мировници

ПОРТСМУТ, Њу Хемпшир - Извици „здраво“ (на македонски) одекнуваа во понеделникот на терминалот на меѓународниот аеродром Пис во Портсмут, кога групите за пречек се собраа да го прослават нивниот 300-ти лет и тогаш поздравија 100 припадници на македонската армија, наместо војници од САД на кои вообичаено им посакуваат добредојде. Групите за пречек вообичаено не знаат кој воен огранок го поздравуваат или го испраќаат на аеродромот, но сметаат на единиците од САД.

Сепак, на нивниот последен собир над 200 припадници беа изненадени бидејќи војниците кои пристигнаа на аеродромот, всушност, беа припадници на армијата на Република Македонија. Македонските војници пристигнаа на аеродромот како дел од мисијата, според која, тие соработуваат со Националната гарда од Вермонт, на заедничка обука од која потоа ќе бидат испратени единици во Авганистан, истакна мајор Марк Теслер, офицер кој помогна во водењето на групата во име на Бирото на националната гарда во Вашингтон.

Теслер беше единствениот американски војник во авионот што пристигна на аеродромот Пис за 300-тиот лет на групите за пречек, но знаеше дека поздравот значи „здраво“ на македонски, па целата група ги извикуваше зборовите на добредојде додека војниците влегуваа во терминалот.

Понеделникот беше посебен ден за доброволните групи за пречек, бидејќи тие го одбележуваа тристотиот лет со кој или ги пречекуваа војниците од прекуокеанските мисии или ги испраќаа од аеродромот. Групите се собираат на терминалот на аеродромот секогаш кога авион со војници или пристигнува или заминува во мисија, така што нивните доброволци издвојуваат време за да можат војниците да се почувствуваат поддржани и почитувани поради нивната служба.

Водачот на групите за пречек, Ед Џонсон, рече дека групите се собрале за над 100 лета во последните десет месеци, при што доброволците понекогаш се собираат доцна во ноќта или во раните утрински часови за да ги поздрават војниците со песна, ракоплескање, прегратка, освежување, молитва и другарување.

Околу 200 припадници на групите за пречек во понеделникот стоеја во ходникот на терминалот кога Џонсон побара да се подготват за „специјално“ добредојде на американските војници. Неколку моменти подоцна претставници на аеродромот ја информираа групата дека војниците не потекнуваат од САД, туку дека доаѓаат од Република Македонија.

Според вообичаената форма на работа, целата група се погрижи македонските војници да бидат пречекани со големо добредојде, бидејќи ќе бидат на обука со американските сили. Кога македонските војници излегоа од терминалот, наидоа на развеселени лица, ракувања и беа изненадени од херојскиот пречек што го добија во земја во која не престојувале никогаш претходно. Некои од странските војници зборуваа англиски и разговараа со групите за пречек, а потоа им беа предадени подароци. (Фостерс)


#
Статијата е прочитана 3253 пати.

Испрати коментар

Од: mitko vika kuku lele
Датум: 04.11.2009 00:49:48
Mene nisto ne mi e jasno vo ovoj tekst. Koj kogo precekuval? Zosto?Zosto vo Vermont?
Од: Dragan
Датум: 04.11.2009 06:57:13
Kolku dirlivo e toa a sto barame nie tamu?
Од: девичанецот
Датум: 04.11.2009 08:20:17
Колку интересно!! Чудесно нели? Да испраќаш свои чеда, со оружје во туѓа земја. Освен смрт, што може друго да ги чека? Навистина трагично, и така треба да реагираме, а не со еуфорија, без потреба.
Од: branka
Датум: 04.11.2009 09:08:05
stvarno nisto ne razbiram, koj kade bil i sto se slucuva.
Од: Kasa popara
Датум: 04.11.2009 10:36:14
Navistina Mitko i mene nisto ne mi e jasno sto sakal da kaze ovaj tekstopisec. Napravil od tekstot " "kasa-popara" pa nisto ne razbravme. Namesto jasno da kaze deka grupa na nasi vojnici od specijalnite edinici zaminula na zaednicka vezba so Gardata na drzavata Vermont, i posle taa vezba odreden del od niv ce bide upaten vo misija vo Avganistan, toj natrupal nesto "gas prekuglava", taka da nikoj ziv ne moze da razbere nisto.Kakvi se novinari imame?!
Од: Ohrid
Датум: 04.11.2009 11:46:12
Bravo ! Toa ti e izraz na podrska na sojuznicite! A za drugive kometari : 1. kade citavte ili tolku e nivoto na obrazovanie. 2.Nikoj so sila ne prakja nikade se se palteni i se vo raboten odnos! Pozdrav utrinski prekrasen tekst!
Од: Адам од Говрлево
Датум: 04.11.2009 13:50:23
Ние секогаш беспрекорно одработуваме за другите, а за нас и нашата земја не не бива да одработиме ништо асолно. Та нели и во Турско бевме добри јаничарич и Крале Марко нели загина некаде во Романија штитејќи ги интересите на Отоманската империја. Со ваква замаеност не знам дали ќе си ја сочуваме државата во која се создадени активни елементи за нејзино расшрафување. Оти, многу тенџериња тропаат во неа, а македонското тенџере најмногу молчи...

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
„Големиот брат“ влегува без покана
Формулата на Алити
20 години од падот на берлинскиот Ѕид (9)
Радикализирање или мане��ар на ДУИ
Државата на рапорт
Државата ќе продава илјадници квадрати земја
Седумгодишно дете претепано до смрт
Што да се прави? – се прашуваат во МАНУ
Потрага по скриени случаи на новиот грип
Македонскиот Ворен Бафет
Владата пак се задолжи со 40 милиони евра
Карикатура